EOS R
Совршен спој на ракување и одличен дизајн
EOS R
EOS R е најновиот член на познатото семејство EOS и е потполно компатибилен со системот развиен со континуирано усовршување во период од три децении. Благодарение на неговиот иновативен дизајн, EOS R може лесно да се користи со други објективи EF, EF-S, Speedlite блицеви и дополнителна опрема преку адаптер.
Објективите RF се специјално дизајнирани да го надополнат EOS R и да постават нови стандарди во моќта за обработка. Тајната на нивниот успех е одново дизајнираниот приклучок за објективи што го поставува објективот на оптимално растојание од сензорот. Овој генијален дизајн отвора нови можности за создавање палета на објективи EOS R од серијата L кои нудат одлични оптички перформанси и максимални детали на сликата.
Освен објективите RF, може ја користите и целата палета на објективи EF или EF-S од Canon на EOS R без да се намали квалитетот на сликата или перформансите преку широк избор на адаптери1. Овие адаптери воспоставуваат целосна комуникација помеѓу куќиштето и објективот, но нудат поголема контрола што ви овозможува да продолжите да ги користите вашите објективи и да разгледувате други во системот на објективи од Canon.
1погледнете ги спецификациите
Уште една придобивка од тоа да се биде дел од семејството EOS е компатибилноста на EOS R со постојната дополнителна опрема од Canon, вклучувајќи ја и целата тековна палета на Speedlite блицеви и специјални производи како што е серијата Macro Ring Lite. Ова ви овозможува уште покреативни опции за фотографија во услови со слаба осветленост или креативна фотографија, додека уживате во технолошките придобивки од EOS R.
Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите.
Приклучокот за објективи на системот EOS R нуди поголеми креативни можности за да го доловите секој момент.
Иновативниот систем EOS R нуди извонредно брзо фокусирање со неверојатен оптички квалитет.
Поврзете го вашиот систем EOS R со поширокиот свет на објективите EF и EF-S.
Откријте ги RF објективите и адаптерите за да ги користите вашите EF/EF-S објективи со EOS R.