Компактни дигитални
Документирајте ги важните моменти од вашиот живот автоматски. Оваа паметна и компактна камера интелигентно го обликува кадарот и снима фотографии и видеоснимки, овозможувајќи ви да уживате во моментот.
Камерата PowerShot PX е идеална за ситуации кога сакате да снимате драгоцени моменти од животот, но сакате и да бидете дел од нив - таа доловува природни изрази на лицата, ги следи случувањата и автоматски го обликува кадарот околу луѓето на интелигентен и креативен начин. Таа ги документира вашите драгоцени моменти и ви препорачува најдобри фотографии и видеоснимки преку апликацијата за паметни телефони.
Погледнете ги сите спецификацииТЕХНОЛОГИЈА
Препуштете му на PowerShot PX да ги долови важните луѓе и моменти во вашиот живот бидејќи може автоматски да снима фотографии и видеоснимки со помош на објективот што се врти и закосува, а вие може да уживате во моментот.
Кога се снимаат фотографии од семејството, некој недостасува - фотографот. Ако тоа сте вие, тогаш дали постои начин да бидете вклучени?
Уживајте во вашето време со семејството и снимајте многу слики со PowerShot PX автоматски, за да може да уживате во моментите.
PowerShot PX може да се носи насекаде благодарение на можноста за полнење преку USB-C и вградениот Wi-Fi што ве поврзува со вашиот паметен уред. Дали сакате поголема контрола? Треба само да прашате - уредот се активира гласовно. Изговорете „Hello Pixie, take a picture“ и тоа е сè, без да ги користите рацете! Достапни се четири гласовни команди за практични функции како снимање видео и пронаоѓање луѓе кои треба да се снимат.****
АПЛИКАЦИЈА
ФУНКЦИЈА
PowerShot PX може да се користи и како веб-камера, со помош на Wireless Webcam Utility за мини PTZ-камери, поради што е многу практичен и корисен.
*Достапно само за компјутери со Windows 10
Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.
Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.
Објективот со зум од 19-57 mm (еквивалент) што може да се врти хоризонтално за 340˚ и да се закосува за 110˚ ги следи случувањата и снима одлични фотографии и видеоснимки
За содржини со одличен квалитет што ќе ги чувате со години
Се поврзува со домашни Wi-Fi-мрежи и паметни уреди
Едноставно полнење каде и да сте
Приоритизирање одредени лица
За моментите во кои сакате да одлучите кога да се фотографира - идеално за групни фотографии
Wi-Fi и Bluetooth® за лесно поврзување со паметни телефони и таблет-уреди. Нашата апликација ги прикажува сите слики и видеоснимки и ги категоризира
Запознајте се лесно со PowerShot PX. Веројатно веќе имате компатибилен полнач***, па затоа помогнете ни да ја зачуваме животната средина.
PowerShot PX
Кабел за интерфејс
Прирачник за корисници
*Вклучено во неопходната опрема (не е достапен во сите региони): полнач за напојување и полнење и Micro SD-картичка од 16 GB.
Прочитајте приказна за PowerShot PX и како тој помага во снимање многу слики и видеоснимки за да може целото семејство да ужива заедно.
Компактни дигитални