Снимајте слики со препознатлив DSLR квалитет и Full HD видеоснимки со филмски изглед на едноставен начин со EOS 1300D со 18,0 мегапиксели. Споделувајте веднаш преку Wi-Fi и поврзувајте паметни уреди преку NFC*.
* Компатибилни уреди со Android и поддршка за NFC
Снимајте слики со врвни детали благодарение на големиот сензор со 18,0 мегапиксели и APS-C големина
Печатете ги вашите слики во големини до A2 или отсекувајте ги на креативен начин без да го намалите одличниот квалитет.
Снимајте амбиентални слики за паметење при слаба осветленост со големиот опсег на чувствителност ISO од 100 до 6400 (може да се прошири до ISO 12.800) кој ја намалува потребата за користење блиц, за да можете да го снимите природниот амбиент на сите специјални моменти.
Снимајте неверојатни портрети што ќе го истакнат вашиот објект наспроти прекрасно заматената заднина, благодарение на малата длабочина на полето која е карактеристична за фотографирањето со DSLR.
Снимајте извонредни слики со истите детали, бои и контраст што сте ги виделе, благодарение на процесорот DIGIC 4+.
Префрлувајте, складирајте и уживајте во вашите фотографии и видеоснимки со Canon Connect Station CS100 што овозможува лесно споделување на HD телевизор или на социјалните медиуми и онлајн услуги за фотографии.
Експериментирајте со креативните филтри како што се фотоапарат-играчка и минијатурен ефект и додајте различен амбиент и уникатна завршна обработка на вашите фотографии.
Дозволете ѝ на функцијата за автоматско интелигентно откривање на сцени да ја врши тешката работа за да можете да снимате одлични снимки без да се грижите за поставките. Или, пак, кога ќе бидете подготвени, изразете ја вашата креативност со целосна рачна контрола.
Снимете го одлучувачкиот момент со брзиот и прецизен автоматски фокус, како и брзината на фотографирање од 3 fps со максимална резолуција. Идеално за снимање слики со остри спортски движења и динамични случувања.
Обликувајте го кадарот на вашите снимки на едноставен начин преку оптичкиот визир и погледнете ги резултатите на јасниот LCD екран од 7,5cm (3,0”) со резолуција од 920K точки.
Користете го вградениот водич за функции за лесно движење низ менијата на фотоапаратот и учете повеќе за вашиот фотоапарат паралелно со зголемувањето на вашата самодоверба.
Надополнувајте го фотоапаратот паралелно со зголемувањето на вашата страст, со обемната палета на EF објективи и галантеријата за системите EOS.
Безбедно складирање и носење на вашиот DSLR фотоапарат и EF-S објектив со стилскиот и висококвалитетен ранец BP100 од Canon кој е издржлив, удобен и лесен за носење.
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Голем CMOS сензор од тип APS-C со 18 мегапиксели за неверојатни детали
Одлични снимки при слаба осветленост
Ги избира најдобрите поставки автоматски
Изборни AF точки за креативно обликување
Континуирано фотографирање со брзина до 3 слики во секунда
Моќна обработка со DIGIC
Голем осветлен екран за јасно прегледување
Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин
Употребете креативни ефекти на вашите слики
Видеоснимки со 1080p и филмски изглед
Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага
Експериментирајте со EOS системот
Споделете ги вашите слики и контролирајте го вашиот фотоапарат преку Wi-Fi*
*Сите функции или уреди не се поддржани. За повеќе информации погледнете ги целосните спецификации.
NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони
Преминете на фотографирање со DSLR фотоапарати и уживајте во покреативна контрола со фотоапарат кој е едноставен за користење и нуди фотографии и видео снимки со одличен изглед.
Регистрирајте го вашиот производ и добивајте ажурирања и поддршка за сите ваши производи од Canon.