КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА КОЛАЖИ

Сади, фотографирај, сади: 100 дена во градина

Откријте како креаторката на TikTok-содржини, воедно и љубител на растенија, го употреби Canon Zoemini 2 и 100 мини отпечатени фотографии за да го документира растот на нејзината градина.
Отпечатен материјал излегува од пренослив печатач Canon Zoemini 2 што е поставен врз дневник, опколен со налепници, отпечатени материјали, канцелариски материјали и пакет фотохартија со 100 листови Canon ZINK™ со големина од 5 x 7,6 cm.

Документирањето на напредокот на бавча или дива и живописна градина со цвеќиња е имагинативен начин да се сетите да се грижите за своите растенија и да го следите растот на вашата градина и начинот на кој истата оживува.

Креаторката на TikTok-содржини Chloe Mckechnie, која живее во Торки, Обединето Кралство, привлече голем број онлајн следбеници поради корисните и инспиративни новости за градината, објави за спасување на растенија и видеозаписи со објаснувања. За да го евидентира својот напредок и да обезбеди корисен ресурс за во иднина, Chloe реши да документира 100 дена од своето градинарство со Canon Zoemini 2 со џебна големина и пакет со 100 листови од фотохартијата со самолеплива задна страна Canon ZINK™ со големина од 5 x 7,6 cm. Таа веќе одржуваше дневник за градинарство, но сега може да додаде мини отпечатени материјали покрај рачно напишаните белешки за методите за растење и планови со објаснувања во чекори.

Палетата Canon Zoemini и пакувањето со самолеплива хартија е идеално за проекти за трансформација како што е овој - без оглед на тоа дали евидентирате 100 дена од проекти за домот што ги изработувате самите или проекти за украсување, 100 драгоцени денови со вашето новороденче или првите 100 дена со ново милениче.

„Проект од 100 дена е многу возбудлив и забавен начин за креаторите да видат колку далеку стигнале, а јас бев многу возбудена да ги истражам сите начини на кои можев да го искористам мојот печатач Canon Zoemini 2 во моите градинарски проекти“, вели Chloe.

Овде, таа ја споделува приказната зад нејзината 100-дневна градинарска авантура.

Избор на тоа што да се документира

Млада жена што држи растение стои во шупа за садење, а на ѕидот зад неа има закачено ашов, канта за полевање и урна.

„Се чувствувам среќна и смирена кога сум во мојата градина“, вели Chloe. „Најомилено место ми е - дури и кога врне и сум покриена со кал“.

Млада жена се грижи за редови садници на полица во шупата за садење.

Chloe вели дека секојдневното фотографирање нов раст ја инспирираше да експериментира со различни растенија. „Ме мотивираше да засадам нови зеленчуци и цвеќиња и да го следам нивниот напредок“, објаснува таа.

Chloe започна со градинарство пред неколку години, кога се всели во стан со нејзиниот партнер, а преуредувањето на надворешниот простор ја мотивираше нејзината страст за градинарството. „Прво само исчистив, бидејќи градината беше прекриена со обраснати растенија и плевел“, објаснува таа. „Мојата страст за тоа расте секоја година. Го обожавам градинарството и просторот којшто сме го создале - тука сум среќна“.

Chloe реши да фотографира секојдневна врвна точка што ќе ја стави во дневникот, како и две страници месечно со детали за растенијата кои најмногу успеале во тој период. „Исто така, направив свои страници за упатства“, објаснува таа. „Најдобриот начин да научите за градинарството е од своето минато, поради што правењето на овие страници беше многу забавно.

„Оваа година, прв пат се обидов да садам свој зеленчук“, додава таа. „Во минатото, засадив спанаќ и моркови, а оваа година, засадив грашок, компир, домати и чили. Ја сликав градината со зеленчук и цвеќиња за да ја покажам трансформацијата од пролет до лето“, вели таа.

Покрај омилената боранија, Chloe засади лалиња, качунки и лукови. „Најмногу уживав во документирањето на боранијата, бидејќи растеше многу брзо и лесно е да се започне од семето“, вели таа. „Исто така, ме предизвика како градинар, бидејќи морав да поставам носачи околу кои стеблата можеа да се искачуваат“.

Додајте карактер во вашите фотографии

Раце држат паметен телефон на кој се прикажани опции за дизајн во апликацијата Canon Mini Print.

Апликацијата Canon Mini Print за Canon Zoemini 2 и Canon Zoemini S2 нуди многу опции, вклучувајќи ја и можноста да изберете претходно дизајнирани распореди, колажи и ознаки.

Раце ја користат апликацијата Canon Mini Print за да додадат текст на фотографија од лалиња на паметен телефон.

Апликацијата ви овозможува да бидете креативни со вашите слики со тоа што ќе додадете налепници, рамки и текст.

Chloe ја искористи бесплатната апликација Canon Mini Print за да го поврзе својот паметен телефон со Canon Zoemini 2. Компатибилна со уреди со Android и iOS, апликацијата ѝ овозможи да ја изложи својата креативност и да ги оживее своите фотографии.

Во апликацијата, можете да ги персонализирате вашите фотографии со налепници и рамки, а има и голем избор на распореди, вклучувајќи и опција за ознаки со голем број приспособливи шаблони, како и опции за создавање колажи со повеќе слики.

„Апликацијата е многу едноставна за користење и е многу разновидна“, вели Chloe. „Има многу опции за печатење налепници и ознаки на кои немаше ниту да помислам“.

Документирање на напредокот

Жена пишува во својот дневник за растенијата што ги одгледува, покрај залепени фотографии од истите.

Chloe создаде страници со информации во својот дневник за да го документира првиот обид за одгледување компири, како и отпечатени материјали од различните фази на процесот, што ќе бидат корисна референца за следната година.

Раце лепат ознака „Домат“ на која има илустрација од мал црвен домат на саксија.

Можете да бидете креативни при правењето ознаки - не мора да имаат само текст. Chloe употреби забавен фонт и додаде илустрација од домат за да направи ознаки за своите домати.

Правењето дневници е лесно поради самолепливата задна страна на материјалите отпечатени со целата палета на Canon Zoemini - нема лепило, поради што не мора да се грижите за неред, а има и минимален отпад од пакувањето. Само излупете ја задната страна и залепете ги отпечатените материјали. Отпечатените материјали се отпорни на вода и прав, поради што Chloe го ажурираше својот дневник додека работеше надвор во градината.

Слично како и фотохартијата Canon ZINK (Zero Ink) (без мастило) со големина од 2 x 3 in (50 x 76 mm), што се испорачува во пакети со 20 и 50 листови, како и 100, има опција за користење на однапред исечени кружни налепници со големина од 1,3 in Canon ZINK за да додадете разновидност кон распоредот на дневникот.

Освен отпечатени материјали за нејзиниот дневник, Chloe направи и ознаки за саксиите за растенијата, сечејќи ги отпечатените материјали на повеќе ленти, за да може да ги препознае различните садници во стаклената градина. „Може да е многу тешко да внимавате кога садите многу семиња наеднаш, поради што ознаките многу помогнаа“, објаснува таа. „Отпечатив и некои фотографии со раб што ќе го користам за означување на кеси со пролетни цвеќиња додека се во складиште“.

Chloe мисли дека визуелната референца на градинарската сезона многу ќе ѝ помогне следната година. „Документирањето на процесот на растење на различни зеленчуци, од семе до жетва, многу ќе ми помогне со идните зеленчукови градини“, вели Chloe. „Физички гледам како треба да изгледаат растенијата при секоја фаза. 100-дневниот проект беше прекрасно искуство“, додава таа. „Ја сакам мојата градина и градинарството, но овој проект ме предизвика како никогаш досега“. Можноста да прелистува низ физички дневник, наместо да складира слики на телефон, може да претставува голема емоционална разлика, особено по завршување ваков потфат.

Рака држи отпечатен материјал што прикажува лалиња во цвет над дневник за градинарство. На бирото, до дневникот, стои пакет со 100 листови фотохартија Canon ZINK со големина од 2 x 3 in.

„Уживав во документирањето на пролетните цвеќиња како што процветуваат“, вели Chloe. „Беше возбудливо да видам како се менува мојата градина во текот на 100-те дена - и научив многу“.

Каков проект би документирале вие во текот на 100 дена, или низ 100 слики? Што и да изберете, можете да ги залепите отпечатените материјали на ѕид, да ги закачите на рачно направена жица за фотографии, или да ги ставите во колаж со фотографии изработен по желба. Сѐ што ви треба е Canon Zoemini 2 со џебна големина што е доволно мал за да ви е секогаш достапен кога ви се потребни инстант отпечатени фотографии, како и пакет самолеплива хартија ZINK.

Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    Canon Zoemini 2

    Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија.
  • Камери за инстант слики и фотоапарати со џебен печатач

    Canon Zoemini S2

    Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо.
  • Печатачи за во домот

    SELPHY SQUARE QX10

    Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.

Слични статии