A Canon EOS 850D camera.

EOS 850D ОД CANON

Преземете го следниот чекор: подобрете го вашето фотографирање со новиот EOS 850D од Canon

Откријте DSLR-фотоапарат што ќе ви овозможи нови нивоа на креативност: EOS 850D од Canon. Без разлика дали сакате да снимате висококвалитетни фотографии при патувања или прекрасни портрети кои го прикажуваат вистинскиот идентитет на субјектот, EOS 850D од Canon ќе го поддржи вашиот развој како фотограф.

Опремен со функции од светска класа вклучувајќи Dual Pixel CMOS AF, поврзување со паметни уреди и можност за снимање 4K-видео, со пристапна цена за луѓе на кои фотографирањето им е хоби, EOS 850D од Canon ќе ви овозможи да го подигнете вашето фотографирање на повисоко ниво.

Неверојатен автоматски фокус

Автоматскиот фокус на EOS 850D е извонреден и ви овозможува да снимате прекрасни и детални слики како што е овој портрет на маж во традиционална маорска носија кој го изведува танцот Хака во Нов Зеланд.
Во диви средини со лоши услови потребен ви е фотоапарат кој е практичен за носење - со само 515 g, лесниот EOS 850D нема да ви го отежнува движењето.

Без разлика дали сакате да снимате прекрасни пејзажи, детални слики одблиску или фотографии од динамични движења, EOS 850D од Canon е идеален фотоапарат за таа намена. APS-C-сензорот со 24,1 MP ви овозможува да уживате во извонредна јасност, детали и перформанси - дури и при слаба осветленост. Автоматскиот фокус на фотоапаратот е исто така брз и сигурен: EOS 850D нуди Dual Pixel CMOS AF, 45 AF-точки од вкрстен тип како и iTR AF за прецизно фокусирање и следење, што значи дека ќе можете лесно да ги снимите саканите фотографии во секое време.

Лесно куќиште

Слични написи
A landscape shot of a tree on the side of a hill, in front of a purple sky.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Најдобри совети за пејзажи

Дознајте техники за фотографирање што ќе ви помогнат да снимате подобри пејзажи.

A woman in a summer dress and sunhat holds the Canon EOS R10 up to her face to look through the viewfinder, as she stands in front of detailed Spanish architecture.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

Обиколка на Севиља со EOS R10

Блогерката Diana Millos открива зошто овој креативен фотоапарат е совршен придружник за патување.

Photographer Tom Bing takes a picture of a dirt bike rider.

БРЗИНА НА БЛЕНДАТА

Совладајте ја брзината на блендата

Овие 5 основни совети ќе ви помогнат да ја усовршите брзината на блендата за да фотографирате субјекти во движење и да го подобрите начинот на кој фотографирате движења.

EOS 850D од Canon може да фотографира до седум слики во секунда, така што е совршен за снимање слики со движења.

Без разлика дали снимате спомени при незаборавно патување или фотографирате динамични движења во рурална средина, ќе ви биде потребен лесен фотоапарат што нема да ви го отежнува движењето. EOS 850D од Canon е изработен од издржлива алуминиумска легура и обвивка од поликарбонат и тежи само 515 g. Исто така е брз и има можност за снимање до седум слики во секунда, што е идеално за фотографирање диви животни, спортови или снимање слики со движења за да ги импресионирате вашите пријатели.

Соодветно поставените задни контроли и горното вртливо копче на EOS 850D од Canon овозможуваат лесно користење, додека оптичкиот визир директно ве поврзува со вашите субјекти.

4K-видео со пристапна цена

Импресионирајте ги вашите пријатели со неверојатните пејзажи кои ги посетувате на патувањата - фотоапаратот EOS 850D можете да го поврзете со паметен уред преку Bluetooth или Wi-Fi.

Сè повеќе и повеќе фотографи ги усовршуваат своите вештини со снимање видеозаписи и фотографии. Една од најимпресивните функции на EOS 850D од Canon е можноста за снимање богати 4K-видеоматеријали. Без разлика дали снимате одмори, создавате видеозапис за работа или аматерски се занимавате со видеографија, EOS 850D од Canon може да прави сè. Можеби сте видеоблогер кој сака да ја надгради својата опрема? Кога фотографирате со прегледување во живо, екранот на допир со променлив агол нуди AF на очи кој ги пронаоѓа и следи очите на вашиот субјект, дури и кога се движат. Процесорот DIGIC 8 овозможува перформанси со брз одзив, а дигиталната стабилизација на слика со 5 оски за видео го намалува тресењето на фотоапаратот кога снимате. EOS 850D од Canon снима видеоматеријали со професионална завршна обработка, но има пристапна цена.

Поврзете се

Фотоапаратот EOS 850D од Canon можете да го поврзете со вашиот паметен уред преку Bluetooth® и Wi-Fi, што ви овозможува да ги споделувате вашите фотографии на друштвените медиуми или да ги извезувате директно на компјутер. Оваа опција за поврзување ви овозможува да го користите паметниот уред за да фотографирате далечински со помош на апликацијата Canon Camera Connect.

Ако сакате да дознаете повеќе за фотоапаратот, од учење на основите на ракување до развивање на нови техники за фотографирање, користете ја апликацијата Canon Photo Companion. Кога сакате да печатите, испратете ги сликите директно до компактните печатачи за фотографии од Canon и печатачите PIXMA со помош на безжична технологија.

Фотоапаратот EOS 850D од Canon нуди надградба со разновидни опции и ви дава креативна контрола. Подигнете го вашето фотографирање на повисоко ниво со напреден DSLR кој ќе ви овозможи да постигнувате извонредни резултати во секое време.

Напишано од Will Salmon

Слични производи

Слични написи

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите приказни