Ако сакате да видите некоја дестинација за одмор во ново светло, тогаш поставете го вашиот будилник, вели креаторката на содржини за патувања Diana Millos. „Изгрејсонцето ми е омилено време за истражување и фотографирање“, објаснува таа. „Обично нема никој наоколу и светлината е прилично мека. Тој период од денот е помагичен“.
Diana фотографирала изгрејсонце низ целиот свет со нејзиниот EOS 80D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 90D од Canon) и EOS 7D Mark II од Canon. Нејзините слики привлекле повеќе од 135.000 следбеници на Instagram и таа посетила различни локации - од далечни дестинации како Индија, Мексико и Виетнам, до градски патувања во Романија, Грузија и Италија.
Меѓутоа, на неодамнешното градско патување во нејзината родна Шпанија, Diana имала нов придружник на патувањето: EOS R10 од Canon. EOS R10 е еден од двата фотоапарати без огледало со сензор APS-C и систем EOS R, покрај EOS R7, започнувајќи нова етапа во работењето на Canon. Импресивната резолуција од 24,2 MP, компактниот дизајн – со тежина од само 429 g – и креативните функции за фотографирање и снимање на EOS R10, го прават идеален за истражувачите кои сакаат да ги раскажат своите приказни на уникатни и иновативни начини.
Diana го користеше EOS R10 за да фотографира сцени од Севиља на 48-часовно патување до главниот град на Андалузија. Фотографирањето архитектура е една од нејзините специјалности и таа посетила некои од историските знаменитости на градот, вклучувајќи ги Плаза де Еспања, Хиралда (камбанаријата на катедралата во Севиља) и Метропол Парасол - една од најголемите дрвени структури во светот.