Според Thea Celine Grønstad, која е позната како @theacceline на нејзините канали на социјалните медиуми, водењето дневник е многу повеќе од хоби. „Тоа стана голем дел од мојата дневна рутина“ - вели таа.
Thea е студентка од Норвешка која студира во Манчестер во Обединетото Кралство. Таа сака да патува, а рачно изработениот дневник почна да го води кога отпатува во Јапонија пред неколку години, каде што културата оценува како се презентираат дури и секојдневните нешта. Таа започна скромно, откако доби прекрасен билет за патување со воз, кој не знаеше каде да го стави.
Принципот за водење рачно изработен дневник е едноставен, објаснува Thea: „не изоставувате ништо. Ако се возите со воз, го чувате билетот. Ако летате некаде, ја чувате авионската карта. Ако одите во музеј, ќе земете мапа од музејот или нешто слично“. За разлика од другите, таа сака да внесе малку организација во процесот. „Ако одам во нов град, ставам сè на една страница со името на градот, а потоа може да се навратам на таа страница како совршен спомен“.
На почетокот, водењето дневник за неа беше главно од патувањата - таа со радост собираше нови предмети од новите места, но сега е дел од нејзиниот секојдневен живот. „Кога се движам низ Манчестер, може да земам било што. Ако одам во музеј, во ресторан или на вечера со моите пријатели, ставам сè во дневникот“ - вели таа.
Тука Thea говори за нејзината пракса за водење дневник, и како тоа внесува мир и спокој во нејзиниот динамичен живот. Таа споделува како со водењето на дневникот создава спомени кои може да ги допре и теми на кои може да се присети. На крајот, таа открива како преносливиот печатач Canon Zoemini 2 и апликацијата Canon Mini Print ја прошириле нејзината креативност и ѝ помогнале да ги долови нејзините искуства и чувства во долготрајна форма.
Претворање на моментите во спомени: водење визуелен дневник со пренослив печатач од Canon
Thea одвојува време за релаксација и креативност во нејзиниот живот. © Adam Pester
Фотографиите се неопходен дел за водење на дневникот на Thea, кој го стилизира со апликацијата Canon Mini Print и го печати со преносливиот печатач Canon Zoemini 2. © Adam Pester
Водење дневник и свесност
Дел од привлечноста на водењето дневник е дека со него создавате долготрајни спомени: „Ми се допаѓа тоа што може да ги чувате спомените пред вас, односно физички на хартија“. На Thea ѝ се допаѓа физичкиот квалитет, допирното чувство и впечатокот кој го остава хартијата - „Ми се допаѓа чувството на различните текстури и користењето различни пенкала“. Меѓутоа, процесот е многу поважен за Thea отколку крајниот резултат.
„Мозокот ми се исклучува и не размислувам многу, само работам. Мислам дека тоа е многу важно во денешниот свет, кога сите сме залепени за нашите телефони и постојано сме на социјалните медиуми.
„Водењето дневник е вообичаено дел од мојата ноќна рутина - сакам да одвојам барем еден или два часа без да гледам во екранот и само да размислувам за случувањата во денот. Тоа ми помага да останам присутна во моментот и да не го користам телефонот. На тој начин се ослободува мојата креативност, а тоа е прекрасен начин за завршување на денот. Делува и терапевтски на динамичниот живот“.
Во рачно изработените дневници може да ставите речиси сè што го доловува споменот од некој краткотраен момент, или сè што изгледа добро. © Adam Pester
Печатете со Canon Zoemini 2 врз однапред отсечени округли налепници, за да внесете повеќе бои и различни форми во вашиот дневник. © Adam Pester
Доловување на моментот
Thea открива дека водела дневник уште од рана возраст, но резултатите никогаш не ѝ се допаѓале многу, бидејќи сакала сè да биде совршено. Пресвртот се случил кога сфатила дека поентата не е во естетиката на крајниот резултат.
„Нема правила, туку само она што чувствувате дека е добро во моментот. Не е важно само да доловите што е убаво и што изгледа добро, туку да го доловите моментот и какви чувства буди тој момент - на тој начин моментот ќе стане реален. Досадно ми е да пишувам, па затоа некогаш само додавам фотографија за тоа како сум се чувствувала или што сум правела, но главно, сликите говорат сами по себе.
„Потоа може да се присетам како сум се чувствувала - добро е да се навратите и да се присетите дури и на лошите денови. Тоа ќе ви помогне да останете во допир со сите ваши страни, дури и ако се промените. Резултатот раскажува приказна сам по себе - ако страницата е живописна, најверојатно денот бил добар, но ако е сина или монотона, можеби денот не бил толку добар. Без да размислувам, визуелното ме потсеќа како сум се чувствувала“.
„Имам торбичка во која ставам сè што сметам дека е неопходно, а компактниот Canon Zoemini 2 совршено го собира во неа!“ Печатачот работи на батерија и безжично се поврзува со вашиот паметен телефон, што значи дека не треба да носите никакви кабли. © Adam Pester
Canon Zoemini 2 печати со технологијата ZINK™ за печатење без мастило, што значи дека не се користат големи картриџи за мастило, а хартијата која е сместена во самиот печатач е самолеплива, за да може веднаш да ја подготвите и залепите во дневникот. © Adam Pester
Водење дневник со фотографии
Фотографиите станаа неопходна компонента од дневниците на Thea, но не биле отсекогаш. „Никогаш немав печатач при рака“ - објаснува таа. „Меѓутоа, отсекогаш сум ги сакала кабините за фотографирање. Обожувам да ставам фотографии во моите дневници - тие ви овозможуваат да се присетите како сте изгледале тогаш или да оживеете некој спомен од сцената. Секогаш додаваат дополнителна вредност и може полесно да се навратите и да се присетите какво било времето. Ако бил некој значаен ден, фотографиите предизвикуваат многу емоции.
„Снимам многу фотографии со телефонот, кои станаа голем дел од сите наши животи, но, неминовно собираат прав во нашите телефони. Печатењето го претвора споменот во физички предмет кој може да го допрете“.
Откако набави Canon Zoemini 2, Thea може да печати секогаш кога ќе посака. Тоа е алатката која ја користи за веднаш да ги префрли фотографиите од телефонот во нејзиниот дневник, без да го наруши својот процес на работа.
Печатачот е компактен, работи на батерија и се поврзува безжично со вашиот паметен телефон, што значи дека може да го користите секаде. „Може да го носам во торба додека патувам, а понекогаш го дополнувам дневникот во движење, без разлика каде се наоѓам, на пример, кога сум во кафе-бар за да се сретнам со пријателите“. Печатењето е лесно и моментално - Canon Zoemini 2 печати без мастило, што значи дека никогаш не мора да го дополнувате, а отпечатените материјали не се размачкуваат, водоотпорни се и подготвени за употреба и споделување во моментот кога ќе излезат од печатачот. Може да ги лепите без лепило откако ќе ја одлепите нивната задна страна, што значи дека може да додавате слики во дневникот во речиси секоја ситуација.
„Многу ми се допаѓа разновидната примена на Canon Zoemini 2 - тој е многу мал и прави сè што сакате!“
Со Canon Zoemini 2 и апликацијата Canon Mini Print, Thea може веднаш да отпечати фотографии кои ќе бидат стилски приспособени за да одговараат на расположението на моментот кој сака да го зачува. © Adam Pester
Креативниот процес не е нешто што може да се планира или режира, открива Thea, а балансот помеѓу текстот и сликите се создава природно. © Adam Pester
Креативно водење дневник
Thea обожува да ја користи апликацијата Canon Mini Print за да ги стилизира своите слики и да ги збогатува со креативни елементи. „Апликацијата нуди голем број одлични функции. Ми се допаѓаат налепниците кои може да се додаваат во сликите, како што е малото срце. Има многу забавни шаблони за распоредување и филтери - сликата може да ја преобразите за ноќта на вештерките или да направите да изгледа како да била снимена во кабина за фотографирање. Тоа ми е омилената опција - ја користам многу. Многу ми се допаѓа опцијата за колаж, бидејќи може да ја користите за да направите уште помали слики кои потоа ќе ги отсечете, а сликите може да бидат мали колку што сакате.
„Најчесто го менувам стилот само на една фотографија за да одговара на страницата, а потоа додавам една стандардна фотографија од нешто што ќе ми се допадне. Сакам да експериментирам и комбинирам различни забавни функции, како рамки, филтери и слободно цртање - колку повеќе различни текстури и ефекти има на една страница, толку повеќе уживам кога ја гледам“.
Thea го споделува својот ентузијазам за водење дневници со Sisterhood of the Travelling Journal, неформална заедница од посветени членови за водење дневници од патувања, кои заедно создаваат по еден нов дневник секој месец. Секој член може да додаде колку што сака елементи во него, во свој стил, пред да го предаде на друг член. „Убаво е да имаш заедница со која може да го споделиш водењето дневници“ - коментира Thea. „Девојките многу ме инспирираат. Многу е лесно да се придржуваш до тоа што го сакаш, но забавно е да излезеш од својата зона на удобност и да го правиш истото што го прават и другите девојки!“
Апликацијата Canon Mini Print ѝ овозможи на Thea да користи филтри, да додава форми како срца, па дури и да црта слободно, за да ги стилизира сите слики. © Adam Pester
За Thea, водењето дневник претставува нешто интимно, реално и долготрајно, кое може да го погледне во иднина и одново да ги доживее драгоцените спомени. © Adam Pester
Создавање свој визуелен дневник
Каков совет би им дала Thea на луѓето кои допрва почнуваат со водење дневници? „Важно е да запаметите дека не постојат правила. Забавно е да го правите тоа што сметате дека е правилно“.
Таа препорачува да користите фотографии. „Ако се навраќате на нешто, тогаш додавањето фотографии може да создаде дополнително чувство на забава. Ако пишувате за тоа што сакате да постигнете во животот, со додавање фотографии може да го манифестирате на некој начин. Може да изберете свој пристап и да додавате слики по ваша желба - направете табли за расположение или додајте фотографии од домашни миленичиња, пријатели и членови од семејството за да се присетувате на нив.
„Најважен е самиот процес. Размислувајте, ослободете ја креативноста и не дозволувајте естетиката да ви пречи“.
Thea чувствува дека Canon Zoemini 2 ѝ нуди слобода при водењето на дневниците. „Нуди многу опции, пренослив е и ви овозможува да се навраќате на работите и веднаш да ги искористите истите, независно каде се наоѓате. Не ве ограничува ниту вас ниту вашите можности.
„Многу е забавно да го користите овој печатач. Ве прави покреативни, бидејќи немате никакви ограничувања“.
Напишано од Alex Summersby
Слични производи
-
Canon Zoemini 2 [Розово златна]
Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија. -
SELPHY QX20 [Темно-сива]
Бидете креативни со неповторливите моменти во животот со прекрасни материјали отпечатени во движење со две големини од вашиот паметен уред -
SELPHY CP1500 [Бела]
Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.