Печатење спомени во моментот на создавањето: изберете го најдобриот пренослив печатач за фотографии за вас

Canon прави палета на компактни печатачи за фотографии што лесно можете да ги користите во домот или во движење. Дознајте кој најмногу соодветствува на вашите потреби.
Розов Canon SELPHY CP1500, црн Canon SELPHY QX20 и син Canon Zoemini 2 раширени на површина, опколени со отпечатени материјали, налепници и дополнителна опрема.

Преносливите печатачи се забавен начин за задржување и споделување сеќавања и многу повеќе. Почнувајќи од печатење налепници за персонализација на вашите уреди до правење колажи, документирање на вашиот живот или правење разгледници што можете да ги испратите низ целиот свет, преносливите печатачи за фотографии од Canon може да се искористат за секакви креативни задачи.

Нудат различни големини, димензии на хартија, функции и технологии што соодветствуваат на вашите потреби за печатење, врз основа на тоа што сакате да печатите и што сакате да правите со крајниот резултат.

Да погледнеме споредба на моделите и да видиме што нудат тие во однос на преносливост, тип на хартија, големина на печатење и многу повеќе, за да го најдете вашиот совршен партнер за печатење.

Canon Zoemini 2

Рака држи розово-златен Canon Zoemini 2, друга рака тргнува лист самолеплива хартија од него, со две кружни налепници со отпечатени фотографии на нив.

Двата модели Canon Zoemini 2 и Canon Zoemini S2 ви овозможуваат да печатите кружни налепници, со опцијата за кружна фотохартија Canon ZINK™ ZP.

Апликацијата Canon Mini Print прикажана на мобилен телефон, на која се гледа маж како позира пред фотоапаратот со додадени дигитални налепници.

Со апликацијата Canon Mini Print може да додадете рамки, филтри и цртежи на вашите слики пред да ги печатите.

Доволно мал за да се стави во џеб и тежи помалку од многу паметни телефони, моделот од втората генерација на Canon Zoemini, Canon Zoemini 2, е совршен за печатење во движење. Ако се среќавате со пријатели, можете да претворите дигитални фотографии во физички отпечатени материјали за само неколку секунди, подарувајќи ги како спомени од специјална прилика. Неговата тежина е минимална и брзо се полни, па затоа е идеален за фестивали, вечерни излегувања и многу повеќе – за секоја прилика кога сакате веднаш да го овековечите моментот и да уживате во вашата отпечатена фотографија.

Апликацијата Canon Mini Print ви нуди целосна креативна контрола и ви овозможува да го постигнете изгледот што го сакате, со опции за додавање цртежи и текст, како и за создавање колажи од повеќе фотографии. Апликацијата ви овозможува и пристап до фотографиите што ги снимате со вашиот паметен телефон или таблет, како и поврзување со фотографиите на вашите сметки на Facebook, Instagram, Google Photos, Dropbox или iCloud.

Независно каде се наоѓате, можете максимално да ги искористите листовите хартија од 50 x 76 mm со самолеплива задна страна, што се идеални за лепење на вашите омилени фотографии на сѐ, од фрижидерот па сè до шише за пијалаци. Отпечатените фотографии се отпорни на размачкување, кинење и на вода. Нема неред ниту непотребни компликации, благодарение на технологијата за печатење ZINK™ (Zero Ink) на Canon, а пакувањето е сведено на минимум. Уште една одлична опција на компактниот печатач Canon Zoemini 2 е тоа што може да создавате кружни налепници, како и стандардни правоаголни отпечатени материјали, што е идеално за обележување предмети во домот и за училишните проекти на децата.

Палета на Canon SELPHY

Два печатачи Canon SELPHY CP1500 стојат покрај два печатачи Canon SELPHY Square QX10 на светла розова заднина.

Палетата компактни печатачи Canon SELPHY работат беспрекорно со вашите паметни уреди и отвора нов свет на креативни можности.

За извонреден квалитет на отпечатени фотографии и архивска долговечност од околу 100 години, печатачите Canon SELPHY користат технологија за печатење со сублимација на бои наместо ZINK. Поради тоа, користат различна специјална фотохартија и, иако нема течно мастило, функционираат со лента заснована врз касета. Печатачите Canon SELPHY нудат и опција за автоматска оптимизација на слика за вашите фотографии, што открива и коригира несовршености на сликите, прилагодувајќи ја осветленоста и боите на лицата и истовремено намалувајќи го непосакуваниот шум.

За да ги создаде отпечатените материјали, хартијата минува низ печатачот четири пати, со додавање последователни слоеви на цијан, магента и жолта боја, по што следи заштитен сјаен слој. За разлика од инк-џет печатачите, различни бои може да се преклопуваат, наместо да бараат капките мастило да бидат поставени една до друга, што овозможува задржување на ситните детали.

Canon SELPHY QX20

Печатач Canon SELPHY QX20 лета од мала торбичка, опколен од дополнителна опрема.

Целосно преносливиот Canon SELPHY QX20 е идеален за преносливо печатење за време на венчавки, забави и други настани.

Пар дланки ги вметнуваат картриџите за мастило во страничниот дел на печатач Canon SELPHY QX20.

Canon SELPHY QX20 има вградливи касети за хартија и мастило со сублимација на бои, така што нема испакнати делови. Може да произведе најмногу 20 отпечатени материјали со целосно наполнета батерија.

Целосно преносливиот Canon SELPHY QX20 има вградена батерија на полнење, како и внатрешни касети за хартијата и лента за сублимација на бои. Поради тоа е идеален за носење насекаде и за произведување висококвалитетни отпечатени фотографии со големина од 72x85mm и 54x85mm каде и да сакате преку Wi-Fi, а двете големини на хартија вклучуваат простор за запишување ваш текст.

А, кога станува збор за фотохартијата ZINK од Canon, задната страна на листовите за Canon SELPHY QX20 се лупи, откривајќи самолеплива површина за да можете да ги залепите отпечатените материјали на која било површина, поради што се идеални за правење колажи. Со вградениот Wi-Fi, можете брзо и лесно да печатите безжично од паметен уред од секоја локација, без потреба од тоа да бидете во пристапна точка за Wi-Fi. Апликацијата Canon SELPHY Photo Layout ви овозможува да примените голем бој опции за распоредување, печати, прекривни слоеви и рабови - вклучувајќи и печатење без рабови на Canon SELPHY QX20 за хартии XC-20L / XC-60L и XS-20L.

Canon SELPHY CP1500

Печатач Canon SELPHY CP1500 со семејна фотографија во фахот за печатење. Покрај него има неколку отпечатени фотографии, пакет хартија за печатење и рака што држи паметен телефон, прикажувајќи ја апликацијата SELPHY Photo Layout.

Canon SELPHY CP1500 го поедноставува процесот на поврзувањето со вашите паметни уреди и компатибилни фотоапарати преку Wi-Fi Direct, со можноста за приказ на QR-код на вградениот LCD-екран во боја, што може да се скенира со паметен уред за брзо поврзување.

Со големини на печатење до 100 x 148 mm, Canon SELPHY CP1500 е сѐ уште компактен и лесен за носење наоколу. Создавајте отпечатени материјали со големина на поштенска картичка брзо и без напор, заедно со задна страна на која може да се пишува, која содржи полиња за адреси, а притоа, двапати побрзо печати материјали со големина на кредитна картичка.

Исто како и Canon SELPHY QX20, се одликува со Wi-Fi Direct за безжично печатење од паметни уреди, но, додава приклучок USB-C за лесно поврзување компјутери, фотоапарати и USB-мемориски уреди, како и отвор за SD/SDHC/SDXC за печатење директно од мемориски картички. Исто така, се одликува со LCD-екран во боја со големина од 8,9 cm за полесно користење. Да повториме, печатењето со сублимација на бои гарантира отпечатени материјали со квалитет како од лабораторија со долговечност до 100 години 1 .

SELPHY CP1500 може да печати материјали во различни големини, вклучувајќи и поштенски картички, кредитни картички и листови од мини налепници, постигнато со различни касети за хартија. На пример, за да отпечатите фотографии и ознаки со големина на кредитна картичка (54 x 86 mm), ќе ви биде потребна касетата за хартија PCC-CP400.

Апликацијата SELPHY Photo Layout го скратува времето за создавање приспособени фотографии, поштенски картички, мини налепници и обележувачи директно од вашиот мобилен телефон или таблет-уред, благодарение на широката палета на опции за хартија за придружба и картриџи за сублимација на бои што се достапни за SELPHY CP1500. Со овој модел, можете да додадете QR-код на отпечатените материјали, што им овозможува на примателите да скенираат со своите паметни уреди и веднаш да бидат одведени кон онлајн албум, видеозапис или веб-страница.

Спецификации за палетата компактни печатачи од Canon

Големина на печатачот

120 x 84 x 21,5 mm
145,8 x 32,9 x 102,2 mm
182 x 58 x 133 mm

Тежина

177 g
455 g
850 g

Достапни бои

Темносина, бисерно бела, розова-златна
Темно сива, песочно бела, црвена
Црна, бела, розова

Време на печатење

приближно 50 секунди
40 сек.
23 сек. (54 x 85 mm)
41 сек. (100 x 148 mm)

Вид на печатење

ZINK
Сублимација на бои
Сублимација на бои

Резолуција на печатење

313 x 500 dpi
287 x 287 dpi
300 x 300 dpi

Батерија

До 50 min
Вградена батерија на полнење
Изборна дополнителна опрема

Поврзување

Bluetooth 5.0
Wi-Fi
Wi-Fi, USB, SD/SCHC-картичка

LCD-екран

Не е достапно
Не е достапно
8,9 cm

Апликација

Canon Mini Print
SELPHY Photo Layout
SELPHY Photo Layout

Големина на хартија

50 x 76 mm
Однапред исечени кружни налепници со големина од 33 mm
54 x 85 mm
72 x 85 mm
100 x 148 mm
54 x 86 mm
54 x 54 mm
22 x 17,3 mm

Canon SELPHY CP1500, Canon SELPHY QX20 и Canon Zoemini 2 се поставени на сива површина, а под секој печатач има отпечатен материјал.

Без разлика на тоа како сакате да ги изложите вашите фотографии, постои компактен печатач од Canon што соодветствува на вашите потреби.

Избор од хартии за печатење за печатачи Canon SELPHY и Canon Zoemini се распоредени, под нив има отпечатена верзија од секоја хартија.

Canon SELPHY CP1500 нуди четири големини на хартија, вклучувајќи и отпечатени материјали со големина на кредитна картичка, поштенска картичка, квадратни налепници и мини налепници, а Canon SELPHY QX20 има големина на хартија од 72 x 85 mm со површина врз која може да се печати со големина од 68 x 68 mm и XC-20L / XC-60L (54x85 mm). Canon Zoemini 2 печати налепници со големина од 50 x 76 mm, како и однапред исечени кружни налепници со големина од 33 mm.

Премногу е лесно вашите фотографии да се изгубат во огромна колекција на дигитални слики, скриени во нашите телефони и други паметни уреди каде што никогаш повеќе нема да ги видиме. Поради палетата на преносливи печатачи од Canon, создавањето физички отпечатени фотографии, налепници, поштенски картички и многу повеќе е лесно, брзо, ефикасно и забавно, а притоа, им го пружате заслуженото внимание.

Matthew Richards
  1. Доколку се чуваат во албум. Врз основа на забрзано тестирање, земајќи предвид температура од 23° C / 73,4° F и влажност од 50%.

Слични производи

    Canon Zoemini 2 [Розово златна]

    Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија.

    SELPHY QX20 [Темно-сива]

    Бидете креативни со неповторливите моменти во животот со прекрасни материјали отпечатени во движење со две големини од вашиот паметен уред

    SELPHY CP1500 [Бела]

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.

Слични статии

Мојата прва година низ отпечатени фотографии

Фотографот за портрети Jemella Ukaegbu ги споделува своите најдобри совети за снимање и овековечување на првата година на вашето бебе.

Документирање проект

Документирајте 100 дена од личен проект со Canon Zoemini 2 и пакет со 100 листови фотохартија.

Персонализирајте ги вашите нешта

Печатете приспособени налепници за вашите нешта со пренослив печатач од Canon.

Бидете креативни со компактните печатачи за фотографии

Пет начини да се забавувате со печатењето, од персонализирани картички до приспособени фотографии за моментално споделување.