A woman lifts a Canon EOS 250D to take a photo of her daughter.

СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Како да снимате совршени семејни фотографии со едно кликнување со помош на EOS 250D од Canon

Фотографиите од вашето семејство се временски капсули што ќе ги гледате додека сте живи, па затоа е логично да бидат живописни и остри како во моментот кога сте ги снимиле.

Растењето на децата, забавата со домашните миленичиња или екскурзии во самрак - за да добиете семејни фотографии што ќе бидат вредни за паметење ви треба фотоапарат со мали димензии и моќни функции. Независно дали станува збор за 4K-видео, функции за снимање при слаба осветленост, голем избор на стапки на слика или автоматски фокус (AF) со Dual Pixel CMOS, модерната технологија за обработка на слика ќе ви овозможи да ги доловите сите моменти каде и да сте и да создавате прекрасни спомени со едно кликнување.

Овде може да видите како едно семејство ги разгледува карактеристиките на најлесниот DSLR во светот со вртлив екран* и ги користи функциите на EOS 250D од Canon со импресивни резултати.

Пронајдете повозбудливи перспективи

При фотографирањето семејни портрети, најважна е композицијата. Пронаоѓањето на најдобриот агол е важно за да можете да ги прикажете вашите субјекти на најдобар начин, а екранот на допир со променлив агол на EOS 250D од Canon ви нуди флексибилност за да пронајдете необични перспективи. Тој може да се заврти целосно, што значи дека може да го поставите под агол за да фотографирате од секоја гледна точка. На тој начин може да бидете креативни со вашите композиции, на пример, да фотографирате деца од ниво на нивните очи или, пак, може да го завртите обратно и да се опфатите во сликата.

Екранот на допир ви овозможува да работите брзо со допирање на зоната во кадарот што сакате да биде во фокус, но и да ги прилагодувате другите подесувања за да не пропуштите ниту еден момент.

Слични написи
A girl holds a frisbee in front of her like a picture frame around her face.

СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Снимајте подобри портрети: забавни предизвици за семејно фотографирање

Блогерката за семејно фотографирање Katja Gaskell го замени нејзиниот паметен телефон со EOS M50 од Canon и беше изненадена од резултатите - пробајте ги овие техники и останете воодушевени.

A mother picks her son up to hug, both of them wearing sunglasses.

СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Како да снимате природни и креативни семејни фотографии

Професионалниот фотограф на портрети Christian Anderl споделува како може да го користите вашиот фотоапарат од Canon за да снимате неочекувани фотографии од семејна забава.

A man squats to photograph a woman standing on one leg, both silhouetted against a sunset.

КАМЕРА

EOS M50: откријте ги креативните можности

Преминете зад објективот за да дознаете што сè може да направи компактниот фотоапарат без огледало EOS M50 4K од Canon. Овие пет револуционери се меѓу првите кои ќе ги откријат неговите можности - дали сте вие следните?

Ако сакате да се фокусирате на обликувањето на кадарот и композицијата, тогаш оставете го фотоапаратот да ги контролира другите параметри. Кога ќе го поставите EOS 250D од Canon во автоматски режим, тој ќе ја измери светлината и ќе ги одреди најдобрите подесувања за експозиција за вашата слика. Ќе избере најдобра комбинација од брзина на блендата, решетката и ISO за да создаде слика со совршени тонови.

Изберете сопствен стил со функцијата за креативна помош

Кога сте во движење, автоматскиот режим може да биде практична алатка за снимање на краткотрајните моменти. Но, ако сакате да имате поголема контрола врз креативниот процес, корисничкиот интерфејс со совети на Canon ќе ви помогне при истражувањето на опциите за фотографирање на фотоапаратот - пронајдете совети и информации за начинот на кој функционираат подесувањата.

Фотоапаратот EOS 250D од Canon има дополнителна функција: креативна помош. Таа ќе ви помогне да ги подобрите вашите слики уште повеќе и да ги прилагодите според вашиот стил. За да ви овозможи да снимате подобри фотографии, функцијата за креативна помош ви нуди многубројни ефекти, филтри и алатки за прилагодување на боите што може да ги применувате на сликите пред или по фотографирањето. Применете го филтерот црно-бело за да добиете семејни портрети со безвременски и класичен изглед. Или, пак, за да ја доловите возбудата за време на семејниот одмор, применете филтер со силни и живописни бои.

Кога снимате портрети на отворено и во услови со силна сончева светлина, лицата врз кои паѓа сенка може да изгледаат премногу темни. Фотоапаратот EOS 250D од Canon е опремен со вграден блиц на исфрлување што може да го користите како „дополнително светло“. На тој начин ќе добиете доволно светлина за да го осветлите лицето на вашиот субјект без да ја менувате целосната експозиција.

Ако сакате да користите повисока класа на осветлување при фотографирањето, EOS 250D од Canon располага со приклучок за галантерија на кој може да приклучите некој од блицовите Speedlite од Canon за да добиете посилно и попрецизно осветлување.

Бидете креативни во секакви услови

Вечери, забави, Бадникова вечера… многу семејни пригоди се случуваат во услови со недоволна осветленост! Користењето блиц често пати предизвикува избледени сцени и не е практично кога користите блиц и подесувања за долга експозиција. Решението е во употребата на параметрите за ISO што ги нуди модерната технологија со одлични бои и острина низ целиот опсег на вредности.

EOS 250D од Canon нуди неверојатни резултати при слаба осветленост, со опсег на ISO-вредности од 100-25.600, со можност за проширување до ISO 51.200. Ова не важи само за фотографиите - EOS 250D од Canon ви овозможува да снимате и видеоснимки во услови со недоволна осветленост, нудејќи максимална ISO-вредност до 12.800 при снимање видеоснимки со резолуција од 1080p (Full HD) или максимална ISO-вредност до 6.400 за 4K-резолуција.

Обликувајте го кадарот, бидете креативни и доловете го моментот независно од амбиенталната светлина!

Потоа, кога следи споделувањето на вашата слика, опциите за поврзување се неопходни за ова модерно време. EOS 250D од Canon ви овозможува да ги пренесете вашите слики директно во паметен телефон веднаш откако ќе ги снимите. Користете ја апликацијата Canon Camera Connect за да се поврзете со фотоапаратот, а потоа префрлете ги сликите за да ги споделите вашите спомени со пријателите и семејството.

Дали сакате да дознаете повеќе за како да снимате одлични слики со вашиот EOS 250D од Canon? Апликацијата Canon Photo Companion ќе ви понуди информации, идеи и инспирација.


Напишано од Jeff Meyer


*EOS 250D (црна/сребрена боја) е најлесниот дигитален фотоапарат во светот со вграден објектив, сензор со APS-C-големина и LCD-екран што се врти. Вклучувајќи батерија и мемориска картичка, согласно CIPA-стандардите. Почнувајќи од 9 април 2019 год. (истражено од страна на компанијата Canon).

Слични производи

Слични написи



Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники