A girl playing in a park holds a yellow frisbee in front of her, framing her face. Taken on a Canon EOS M50 by Katja Gaskell.

СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Снимајте подобри портрети: 5 забавни предизвици за семејно фотографирање

За блогерката за патувања Katja Gaskell не постои ништо подобро од патување со своето семејство и фотографирање на нивните специјални моменти низ целиот свет. Katja, нејзиниот маж и нивните три деца неодамна се вратија во Обединетото Кралство по 12 години живеење во Австралија, Индија и Мексико. Во тој период таа ги документирала нивните авантури во нејзиниот блог за патување Globetotting на интернет - користејќи паметен телефон од £400-£550 - и ги споделувала фотографиите со нејзините 16,4 илјади следбеници на Instagram.

Нејзините деца растеле на четири различни континенти - Alfie (сега на возраст од 11 години) се родил во Сиднеј, Tess (9 години) во Делхи и Sam (4 години) во Мексико. „Сакам семејни патувања и верувам дека патувањето е најдобро образование“ - вели таа. Фотографирањето е голем дел од нивниот живот. „Многу сакам да снимам слики и за работа и за документирање на семејниот живот и патувања.

„Фотографирам со телефонот од моментот кога почнав да работам во Globetotting“ - вели Katja. „Но, сакам да го подобрам начинот на кој фотографирам и сфатив дека камерата во телефонот има одредени ограничувања.“

Потребни ѝ се можности за зумирање што не се достапни кај камерите во просечните телефони, како и датотеки со повисок квалитет за да може да ги зумира деталите и да ги печати своите семејни фотографии во различни големини. „Секоја година правам годишен фотоалбум, но понекогаш не можам да ги искористам фотографиите што сум ги снимила со телефонот, бидејќи квалитетот им е многу слаб.“

Откако се врати во Лондон, Katja пробува нови начини за фотографирање на нејзиното семејство. Таа почна да го користи практичниот EOS M50 од Canon со објективот EF-M 15-45mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon и објективот EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon и да ги истражува функциите за рачна контрола, како што се длабочината на полето и брзината на блендата.

„Најдобрата карактеристика на EOS M50 од Canon е тоа што е пренослив“ - вели таа. „Треба само да го закачите преку рамо и може да одите секаде. И покрај тоа што е мал, може да го користите со различни објективи во различни ситуации. На тој начин можете многу лесно да ги фотографирате децата кога сте на семејно патување.“

Слични написи
A baby plays with an abacus.

ФОТОГРАФИРАЊЕ БЕБИЊА

12 совети за фотографирање бебиња што може да ги примените веднаш

Зачувајте ги драгоцените моменти и доловете го развојот на вашето бебе применувајќи ги нашите совети за позабавно фотографирање на бебињата со одлични резултати.

A mother picks her son up to hug, both of them wearing sunglasses. Photo by Christian Anderl.

СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Како да снимате природни и креативни семејни фотографии

Професионалниот фотограф на портрети Christian Anderl споделува како може да го користите вашиот фотоапарат од Canon за да снимате неочекувани фотографии од семејна забава.

За да ѝ помогне да фотографира покреативно со EOS M50 од Canon, австрискиот фотограф за портрети и амбасадорот на Canon Christian Anderl ѝ зададе неколку предизвици за фотографирање на Katja во кои треба да користи техники што ќе го подобрат изгледот и креативноста на нејзините фотографии.

1. Користете мала длабочина на поле

A portrait of a girl smiling, the background blurred. Taken on a Canon EOS M50 by Katja Gaskell.

Со проширување на решетката, Katja може да се обиде да снима портрети со мала длабочина на поле каде што субјектот ќе биде остро фокусиран, а сè останато ќе биде дефокусирано. „Сними портрет одблиску со најширока можна решетка [најмалиот f-број], а потоа експериментирај со постепено стеснување на решетката“ - ја предизвика Christian. „Фокусирај ги очите, а ако едното око е поблиску до тебе - ако субјектот не те гледа директно - тогаш фокусирај го окото што е најблиску до тебе.“ Иако камерите кај некои паметни телефони можат да симулираат мала длабочина на поле кога луѓето се субјекти во вашите фотографии, а одредени апликации ви овозможуваат да додавате слични ефекти на сликите откако ќе ги снимите, тоа не е вистинско прилагодување на длабочината на полето. Christian вели: „Ќе се уверите колку повеќе опции нудат фотоапаратите ако вложите малку време.“

Katja го користеше објективот EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon за да снима портрети од своите деца во паркот, градината и нивниот дом. Таа фотографираше во режим со приоритет за решетка (Av) и ги искористи најмалата и најголемата вредност на решетката за да експериментира со можностите што ги нудат тие поставки. „Најдобрата карактеристика на овој објектив е решетката од f/1,4, што значи дека може да добиете многу мала длабочина на полето“ - вели таа. „Навистина би можела да го користам овој објектив за време на моите патувања и да ги фотографирам децата во преден план со каква било заднина зад нив што ќе биде малку заматена. Исто така, содржините на мојата сметка на Instagram ќе станат поинтересни. „Многу сум задоволна од резултатите - никогаш не сум можела да добијам вакви резултати со мојот телефон без да употребам филтер. Ми се допаѓа ефектот кога очите се во фокус, а заднината е помека, како и начинот на кој ги истакнува луѓето.“

2. Фотографирајте ги децата како се забавуваат со вода

Three pictures show a young boy playing with a cup of water. Taken on a Canon EOS M50 by Katja Gaskell.

Christian ѝ предложи на Katja да го тестира режимот за континуирано фотографирање со голема брзина што го нуди EOS M50 од Canon, така што ќе ги фотографира нејзините деца како се забавуваат со вода. „Користи голема брзина на блендата, пронајди добар интензитет на светлина и користи го режимот за континуирано фотографирање со голема брзина што го нуди фотоапаратот за да снимиш колку што е можно повеќе фотографии“ - предложи Christian. Тоа значи дека подоцна ќе можеш да ги избереш сликите каде што положбата и движењето на водата се најинтересни и изгледаат најдобро. „Обиди се да се позиционираш кон сонцето, за да ги осветлиш капките вода одзади со неговата светлина. И темна заднина може да ја истакне водата. Обиди се да ги доловиш боите на виножитото во рефлексијата на водата.“

Користејќи го режимот за приоритет на решетка (Tv), Katja откри како рачното поставување на брзината на блендата кај EOS M50 од Canon може да го замрзне движењето. Таа го користеше објективот EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon за да го фотографира нејзиниот најмал син Sam кој ставаше и истураше вода од чаша. Извлекувајќи максимум од брзината од 10 слики во секунда и решетката f/1,4 на фотоапаратот, Katja долови слика со која го замрзна млазот вода.

„Експериментирав со голема брзина на блендата“ - вели Katja. „Ми беше забавно додека се обидував да го доловам движењето на водата. Фокусирањето различни предмети е многу едноставно, па затоа наместо рачно да фокусирам одредени површини, можам да видам какви ефекти ќе добијам ако ја променам само брзината на блендата.“

3. Доловете ја смеата

A brother and sister play in a huge tree, laughing. Taken on a Canon EOS M50 by Katja Gaskell.

„Фотоапаратите нудат режим за брзо континуирано фотографирање, па затоа ќе можете да ги доловите моментите кога вашите деца се смеат или движат“ - вели Christian. „Обидете се да снимите колку што е можно повеќе остри лица со насмевки! Кога фотографирате деца нема многу време за реакција, па затоа направете сцена и фотографирајте пет минути додека не им стане здодевно.“

Katja и нејзините деца појдоа во локалниот парк едно попладне за да може да ги фотографира додека се забавуваат. „Според мене, најдобриот начин за да се справите со децата е да не ги оставате да чекаат долго и да им дадете слатки на крајот“ - вели таа. „Ги доловив како играат на лулашките, како трчаат наоколу и како се качуваат на дрва. Сликите се полни со смеа и забава, а снимив и неколку слики со мала длабочина на поле.“

4. Фотографирајте забавни движења

A young boy swings on a swing, laughing. Taken on a Canon EOS M50 by Katja Gaskell.

Децата ретко седат на едно место, а семејните фотографии ќе бидат живописни ако ја доловите нивната динамичност. „Мора да бидете свесни за движењата околу вас - дали се брзи или бавни“ - вели Christian.

За да ги фотографира своите деца како скокаат, танцуваат и играат на лулашките, Katja го избра објективот EF-M 15-45mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon. „Користев објектив со зум и голема брзина на блендата за да не пропуштам ниту еден момент. Објективот може да се користи во различни ситуации и ви ги нуди сите можности за да ги доловите децата во движење.“

Katja користеше брзина од 1/640 сек., f/3,5 и ISO 100 за да ја сними оваа слика. „Ова е одлично бидејќи можам да доловам моменти што досега не сум можела, како Sam на лулашката. Моите фотографии изгледаат многу поинтересно, бидејќи се многу покреативни.“

5. Направете снимка со забрзани движења

Одличен начин за да внесете нови елементи во фотографирањето е да се обидете да снимите краток видеозапис со забрзани движења од вашето семејство. Најдобар начин е да пронајдете динамички активности за семејството наместо бавни субјекти, за да добиете динамички и забавни видеозаписи - вели Christian. „Сите кои за прв пат ќе се обидат да фотографираат забрзани движења грешат со фотографирањето на облаците и снимање слики со интервал од 10 секунди. Облаците се движат многу бавно, па затоа и добиениот видеозапис со забрзани движења ќе изгледа многу бавен. Најважно е да го доловите чувството на движење околу вас и да откриете кој е најдобриот пристап доколку има деца кои се движат наоколу.“

Katja се увери дека снимањето забрзани движења со EOS M50 од Canon е едноставно и забавно. „Многу е лесно, треба само да ја изберете поставката за забрзани движења, да им овозможите на децата да се забавуваат и да го притиснете копчето за снимање“ - вели таа. „Ова е забавна функција за која на почетокот не мислев дека ќе ја користам често, но сега кога ја совладав, дефинитивно ќе ја користам повеќе за Globetotting.“

A boy looks into a yellow bowl on the table in front of him. Taken on a Canon EOS M50 by Katja Gaskell.

EOS M50 од Canon ја инспирираше Katja да биде поамбициозна во фотографирањето. Исто така, обликувањето на кадарот ѝ откри потполно нов начин на размислување за начинот на кој го фотографира своето семејство. „Досега го користев пристапот насочи и фотографирај“ - вели таа. „Ќе си речев „стоп“ и ќе снимев многу слики, па можеби некоја од нив ќе беше соодветна. Забавно е да бидете покреативни во размислувањето за тоа каква слика сакате да создадете, наместо да снимате фотографии набрзина како што правев досега.

„Транзицијата од мојот телефон до EOS M50 беше изненадувачки лесна. Тој е многу едноставен за користење, поставките овозможуваат максимална контрола и нуди можност за подобрување на начинот на кој фотографирате, така што ќе можете навистина да ги тестирате вашите фотографски вештини. Добивате многу повеќе можности за различни начини на фотографирање.“

Напишано од Lucy Fulford

Слични написи



Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники

Слични производи