A long jetty, viewed from water level at dusk, stretches into the sea.

ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

Подобрете ја композицијата на вашите фотографии

Една од прекрасните работи во фотографирањето е опсегот што го нуди за креативна слобода и емотивно изразување. Затоа дискутирањето за правилата за обликување на кадарот може да звучи ограничувачки. Но, имајте предвид дека некои едноставни правила за обликување на кадарот може да ви помогнат да снимите попривлечни фотографии.

Тука ќе дискутираме како обликувањето на кадарот може да ви помогне да ги наредите предметите во вашите слики - и како применувањето на правилата може да ви помогне да ги контролирате.

1. Направете пауза пред да го притиснете копчето за блендата

Кога ќе отпатувате на одмор или викенд, ќе сакате да снимите одлични фотографии во кои ќе ги прикажете местата што ги посетувате на најдобар начин. Затоа, наместо само да фотографирате брзо, направете мала пауза пред да го притиснете копчето за блендата и размислете што опфаќате во кадарот преку визирот или LCD-екранот.

Доволно е да размислите само една секунда и малку да го разгледате кадарот за да ги воочите деловите од сликата што не се потребни. Тие делови од кадарот може да ги отстраните со мало поместување на фотоапаратот или промена на зумот за да добиете повпечатлива и попривлечна слика.

2. Користете прозорец за полесно обликување на кадарот

На следниот одмор или посета на некој град, земете ги предвид прозорците на зградите околу вас. Тие се одличен помошник за обликување на кадарот и можат да ви помогнат да доловите уникатна перспектива. Предизвикот е во тоа како ќе се позиционирате за максимален израз на рефлектирањето на сцената во прозорецот и како да ги опфатите елементите што се рефлектираат.

3. Направете повеќе интересни слоеви

Обликувајте сцена што ќе има три важни субјекти: еден во преден план, еден во средина и еден во заднина. Трите предмети ќе овозможат насочување на погледот низ сликата.

Кога снимате пејзажи и градски сцени додека патувате, обидете се да опфатите силни композициски линии што ќе го водат гледачот низ сликата од предниот дел кон заднината. Тука спаѓаат патеки, реки, пруги или ознаки на патот. Треба да го позиционирате фотоапаратот на соодветно прегледно место за да ги опфатите сите природни линии во фотографијата, а тоа може да ве примора да се искачите или спуштите некаде за да добиете максимален ефект.

Слични написи
The Chicago skyline during golden hour, with water in front of the buildings. The entire scene is tinged with the orange glow of the horizon.

УРБАНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Совети за урбана композиција

Водичот на Paula Stopka за снимање прекрасни фотографии од згради и градски пејзажи.

How to create stunning bokeh

ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

Како да создадете прекрасно заматување

Следете ги овие совети и трикови за да добиете прекрасно заматување на вашите заднини.

4. Обидете се да ги фотографирате субјектите во различни положби

Фотоапаратите вообичаено имаат ознака или AF-кадар во центарот на сликата, но фотографирањето на субјектите во средина на сликата е ефикасно само за одреден вид на слики.

За едноставни субјекти како разнобојно цвеќе во море од темно зелени лисја, централната композиција е одлична. Централниот дел од фотографијата треба да биде доволно истакнат за да го задржи вниманието на гледачот, па затоа во оваа група спаѓаат и портрети во кои е осветлено само лицето на субјектот, а заднината е многу потемна.

5. Обликувате ја сцената природно

Обидете се да ја обликувате сликата со природен кадар. Кога фотографирате, земете ги предвид рабовите на сликата и како тие го обликуваат кадарот околу главниот субјект. Добра идеја е да користите каса од врата или прозорец за да го обликувате кадарот, бидејќи потемниот раб ќе помогне во насочување на вниманието кон посветлите елементи низ целиот кадар. Може да искористите влез од некој хотел или апартман за да го обликувате кадарот на фотографиите од некој град, на пример. Најдобро е прозорецот или вратата да бидат отворени за да се избегне рефлектирање од стаклото.

6. Обидете се со поинаква перспектива

Фотографиите премногу често се снимаат на ниво на очите на луѓето. Може да добиете покреативни гледни точки со спуштање или подигнување на фотоапаратот.

Кога децата снимаат фотографии, резултатите им прикажуваат на родителите поинаков поглед на светот - зградите, дрвјата, растенијата и возрасните изгледаат многу поголеми поради пониската положба на фотоапаратот. Ако вашиот фотоапарат има LCD-екран со променлив агол или може да се поврзе со вашиот паметен телефон преку Wi-Fi, тогаш ставете го фотоапаратот на подот за да ги обликувате вашите слики.

Во градовите со високи згради, обидете се да користите широкоаголен објектив или стандарден објектив и насочете го кон небото. Користете режим за приоритет на решетка (Av) и изберете решетка од приближно f/8 или f/11. Потоа, со фотоапаратот насочен кон небото, обликувајте ја сцената на начин на кој зградите ќе се спојат на врвот. Бидејќи овие слики често имаат голем опсег на сенки и светли површини, можно е да треба да ја прилагодите светлината во вашата фотографија со компензација на експозицијата. Во истото може да ви помогне и вградената функција за HDR.

На сличен начин може да добиете повисока гледна точка од врвот на зградите или ако го држите фотоапаратот над вашата глава.

7. Правило на третини

Визуелно интересните слики вообичаено имаат јасна композиција што нуди доволно простор за главниот субјект. Поставување на главниот субјект малку подалеку од центарот помага во обликувањето на кадарот на многу фотографии.

За да го направите тоа, замислете си дека визирот или LCD-екранот е поделен со четири линии, создавајќи мрежа од 3 x 3 коцки. Позиционирајте го субјектот во десната или левата третина на кадарот наместо директно во средината. На тој начин ќе добиете поинтересна и попривлечна слика отколку да го ставите субјектот во средината.

8. Извлечете максимум од мрежата со линии

Откако ќе го совладате правилото на третини, обидете се да ја користите мрежата со линии за да обликувате подобри фотографии. Голем број фотоапарати EOS имаат опција за приказ на мрежа со линии - или на визирот или на LCD-екранот на задната страна. Вклучете ја мрежата со линии за да можете поефикасно да го обликувате кадарот на сликите. Ако сакате да снимите слика со линија од хоризонтот, тогаш ставете го хоризонтот врз една од линиите што се наоѓа на една третина од горниот или долниот дел на кадарот наместо да го ставите во средина на сликата и да ја поделите на два еднакви дела.

9. Користете мрежа со линии кога снимате видео

Кога снимате видео на отворен простор, со вклучување на мрежата со линии ќе можете да го подобрите кадарот и да го нивелирате хоризонтот.

Видеоснимките во кои хоризонтот е малку искривен се тешки за гледање. Изгледаат како сликата да паѓа или да се лизга на страна. Меѓутоа, може намерно да го закосите фотоапаратот за да добиете поинтересни композиции. Ова намерно закосување се нарекува холандски или германски агол и се користи во многу филмови за да се создаде напнатост или дезориентација кај гледачите, па затоа воздржувајте се од закосувањето кога снимате семејни видеоснимки. Ако закосите некоја слика налево, тогаш обидете се да ја доловите следната со закосување на десната страна.

Ова може да ви помогне да ја пренесете напнатоста и забавата од истражување на некој нов град, но немојте да го вртите фотоапаратот премногу и не заборавајте да користите спротивно закосување во видеоснимките со претежно нормално нивелирање.

10. Користете спирали

Техниката за обликување на кадарот позната под името Golden Ratio (понекогаш нарекувана и како Fibonacci Spiral) е пристап за природно обликување на кадарот што создава нагласени и моќни фотографии. Околу 1200-та година, италијанскиот математичар Fibonacci прв забележал дека постои сооднос што се појавува во природата и е пријатен за гледање. Најчесто се упростува како правило на третини, но вистинскиот сооднос е 1 наспроти 0,618 наспроти 1.

Идејата е да направите композиција што ќе биде понагласена доколку го обликувате кадарот да опфати линија што ќе го води гледачот по спирална патека кон главниот субјект. Теоријата може да важи за различни слики, почнувајќи од пејзажи па сè до портрети и многу повеќе.

11. Користете триаголници

Обликувањето на вашата сцена со примена на триаголници може да ги подобри вашите фотографии. Обидете се да фотографирате линии од улица што исчезнува во далечината, а добиените триаголни делови да бидат опфатени во кадарот.

Дури и кога снимате портрет од субјект кој седи на маса, замолете го да ги намести рацете на начин на кој ќе формира триаголна форма - лактите поставени широко, со дланките да ја потпира главата. Сликата ќе изгледа многу попривлечна.

12. Отсекувајте ги сликите што ќе ги печатите за да добиете најдобар ефект

Кога ги печатите сликите со вашиот печатач PIXMA, имате опција да ги отсечете сликите со помош на софтверот My Image Garden од Canon, за да го подобрите кадарот. Експериментирајте со различни форми на отсекување. За пејзажите може да изберете панорамско отсекување за да добиете широка слика. Дури и со печатење повеќе слики во линија може да добиете панорамски ефект, доколку ги снимите сликите соодветно.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники