ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ

Како да ги уредите фотографиите со пејзажи пред да ги отпечатите

Неколку прецизни прилагодувања можат да ви помогнат да извлечете максимум од која било слика со пејзаж што сакате да ја отпечатите. Еве што треба да знаете.
Слика од мочурлив пејзаж со две верзии од неа, на левата страна е необработената верзија, а на десната страна е обработената црно-бела верзија.

Фотографиите со пејзажи се идеални за креативно печатење. Без разлика дали сакате да ги пренесете живописните бои на зајдисонцето врз сјајна хартија или сакате да отпечатите црно-бели материјали од типот фина уметност, ако самите го правите процесот, тогаш значи дека и сами ќе ги контролирате сите негови чекори.

Ако печатите во големи формати, тогаш ќе можете да ги видите сите детали што сте ги доловиле во вашите пејзажи, а печатачите за формати со големина A3+ како што е PIXMA iP8750 од Canon ќе ви овозможат многу лесно да го правите тоа во домот. Благодарение на технологијата за глава за печатење FINE што нуди резолуција до 9600 dpi и напредниот систем на мастила во 6 бои (вклучувајќи и сиво мастило) што печати фотографии со извонредни бои и црно-бели фотографии, PIXMA iP8750 од Canon може да создава различни видови на уметнички дела што може да се закачат на ѕид.

Фотографирањето во RAW-формат ќе ви овозможи максимално да ги искористите можностите на вашиот печатач, нудејќи ви флексибилност за прилагодување на вашите пејзажи откако ќе ги снимите - без да им го намали квалитетот. Со софтверите за обработка на RAW-формати, како што се Digital Photo Professional од Canon (DPP) или Adobe® Lightroom®, може да ја прилагодувате експозицијата, боите и острината на вашите фотографии според избраниот медиум за печатење.

Баланс на белата боја

Слика од Digital Photo Professional на Canon што прикажува ноќна градска сцена во две верзии, на левата страна е необработената верзија, а на десната страна е обработената верзија преклопена со сина боја.

Користењето на однапред поставениот параметар „вештачка светлина“ за баланс на белата боја во DPP на Canon, или рачното поставување на ниска температура на бои, додава ладна сина боја врз сликите снимени под природна светлина.

Една од најважните алатки за добивање прецизни бои во отпечатените пејзажи е контролата за баланс на белата боја. Таа ви овозможува да отстраните секакви нијанси на бои предизвикани од различни видови на осветлување или намерно да додадете некоја нијанса на боја за да го измените амбиентот или атмосферата на сцената. Балансот на белата боја може да го поставите во фотоапаратот, но фотографирањето во RAW-формат ви нуди повеќе опции и можност да ја прилагодувате оваа поставка кога ќе ги обработувате вашите слики.

Во софтверот за RAW-формати имате избор од повеќе однапред поставени параметри за балансот на белата боја, како дневна светлина, облачно и сенка. Исто така, може да ги користите лизгачите за температура на боите за да го прилагодите балансот на белата боја или да ја изберете алатката Eyedropper и да кликнете на која било бела или сива површина на сликата.

Стил на слика

Слика од Digital Photo Professional на Canon што прикажува две верзии од пејзаж на поле, на левата страна е необработената верзија, а на верзијата на десната страна е додаден стилот на слика „носталгија“.

Тука може да преземете дополнителни стилови на слики што ќе ги користите во DPP или во вашиот фотоапарат EOS - вклучувајќи есенски лисја, самрак и носталгија.

Друга предност што го нуди фотографирањето во RAW-формат е можноста за експериментирање со поставките за различни стилови на слика кога ги обработувате вашите датотеки во DPP.

Стилот за слика „пејзаж“ е опцијата што ви треба, бидејќи е дизајнирана да го нагласи живописното сино небо и живописните зелени лисја во класичните пејзажи. Меѓутоа, некои пејзажи ќе изгледаат подобро со друг стил на слика како што се еднобојно, ситни детали или портрет.

Можно е и дополнително да го прилагодувате контрастот, острината и другите параметри според сцената. Со софтверот Picture Style Editor од Canon може да создадете и сопствени однапред поставени параметри.

Нивоа и кривини

Слика од софтверот Digital Photo Professional од Canon што прикажува две верзии од пејзаж на поле исполнето со вода, на левата страна е необработената верзија преклопена со црвена боја што прикажува чисти бели тонови, а верзијата на десната страна има прилагоден контраст.

За да избегнете грешки во експозицијата, активирајте ја опцијата за предупредување за светли тонови и отсекување сенки во DPP. На тој начин, врз сликата ќе се прикаже боја што ќе ви посочи кои површини ќе имаат чиста црна боја (означени со сина боја), а кои ќе имаат чиста бела боја (прикажани во црвена боја).

Фотографиите со пејзажи често можат да се подобрат преку прилагодување на контрастот за да се нагласат повеќе детали во темните и светлите површини. Алатките за нивоа и кривини ви нудат контрола врз начинот на кој ќе изгледаат сенките, средните тонови и светлите тонови во сликите што ќе ги отпечатите.

Овие алатки се различни во зависност од софтверот за обработка на RAW. За менување на нивоата во DPP, користете ја функцијата за прилагодување на гамата. Тука има три вертикални линии што може да ги искористите за да ги промените црните точки, средните тонови и белите точки во вашата слика. Во Adobe® Lightroom® може да постигнете слични резултати со помош на лизгачите за прилагодување на црната боја, сенките, светлите тонови и белата боја.

Прилагодувањето на кривата за бои ви овозможува да ја зголемите или намалите светлината во специфични точки низ целиот динамички опсег, за да добиете уште попрецизна контрола. Воглавно, кривата на тонови во форма на S ќе го зголеми контрастот за да добиете посилни бои во отпечатените материјали. За да го постигнете овој ефект, кликнете во центарот на дијагоналната линија за да ја поставите средната точка, а потоа повлечете ја левата страна на графиконот за да ги затемните сенките. Десната страна автоматски ќе се помести нагоре, а со тоа ќе се осветлат светлите тонови.

Внимавајте на хистограмот кога правите вакви прилагодувања. Ако левиот или десниот раб се отсечат, тогаш ќе изгубите детали во таквите површини во конечните отпечатени материјали.

Намалување и зголемување на експозицијата

Слика од Adobe® Lightroom® што прикажува пејзаж од крајбрежје со маска за избирање што означува каде се врши намалување на експозицијата.

Маска за избирање може да активирате кога ја користите алатката Adjustment Brush во Adobe® Lightroom®, што ќе ви овозможи да видите каде се намалува или зголемува експозицијата и други прилагодувања.

Освен со промени што влијаат врз целата слика, подинамични отпечатени материјали може да добиете и со прилагодување специфични површини.

Техниката „dodging and burning“ (намалување и зголемување на експозицијата) лесно може да се примени кај дигиталните слики со помош на софтвер за уредување, како што е прикажано погоре. Овие термини се однесуваат на осветлување и затемнување специфични површини на сликата со цел да ги нагласите.

Во софтверот DPP може да ја користите картичката „Adjust Specific Areas“ во „Tool Palette“ за прецизно прилагодување на светлината, контрастот, нијансите и заситувањето на специфични делови од вашиот пејзаж.

Спојување експозиции

Слика од Adobe® Lightroom® што прикажува две слики од воден пејзаж. На верзијата од десната страна е применет филтер за дигитална поларизација.

Во Adobe® Lightroom® може да примените филтер за дигитална поларизација за да затемните светло небо. Или, пак, може да споите две експозиции со помош на уредувач за фотографии како што е Adobe® Photoshop®.

Понекогаш динамичкиот опсег на сцената може да биде преголем за вашиот фотоапарат да долови детали и во небото и во пејзажот.

Исто така, може да создадете две верзии од сликата снимена во една RAW-датотека: една верзија со правилна експозиција на небото, а друга со правилна експозиција на пејзажот. Потоа, сликата со правилна експозиција на небото може да се нанесе врз сликата со правилна експозиција во преден план со помош на Adobe® Photoshop® или друг софтвер по ваш избор.

Изострување

Слика од Adobe® Lightroom® што прикажува слика од крајбрежни карпи. Алатката Output Sharpening се користи за избирање на видот на хартијата.

Ако извезете слика од Adobe® Lightroom®, може да го изберете видот на хартијата и нивото на острина во алатката Output Sharpening.

Последната фаза на уредување е изострувањето на вашиот пејзаж што потоа ќе го отпечатите. Треба да примените повисоко ниво на острина за фотографиите што ќе ги печатите отколку за фотографиите што ги споделувате на интернет - тоа се должи на растојанието на кое се гледаат фотографиите и преклопувањето на точките при печатење, што може да допринесат за намалување на острината. За малите отпечатени фотографии често е потребно поголемо изострување од големите отпечатени фотографии бидејќи може да изгледаат помеки кога ќе им го намалите размерот. Има разлика и во медиумите врз кои печатите, при што за сјајните отпечатени материјали треба помало изострување отколку за мат хартијата и медиумите за фина уметност.

Печатете пробни материјали

Слика од Adobe® Lightroom® што прикажува повеќе верзии од слика со далновод во поле со репки и сите верзии имаат различни поставки за бои и контраст.

Користете ја функцијата за софтверска проверка на печатењето што ја нуди вашиот софтвер за да можете подобро да предвидите како ќе изгледаат боите и контрастот по печатењето, а потоа отпечатете неколку верзии од сликата за да видите која ќе ви се допадне најмногу.

Отпечатените фотографии секогаш ќе изгледаат малку поразлични од сликите што ги гледате на мониторот, па затоа не е лоша идеја да отпечатите мали пробни фотографии за да се уверите дека промените што сте ги направиле сè е во ред. Во идеален случај, проверете ги на самата локација каде што ќе ги изложите, бидејќи осветлувањето и бојата на ѕидот ќе влијаат врз перцепцијата на сликите.

Како што се зголемува вашата самодоверба за печатење во домот, така ќе расте и вашата амбиција. Купувањето понапреден печатач како PIXMA PRO-200 од Canon со 8 бои ќе ви понуди уште повеќе креативни опции, вклучувајќи и печатење панорамски фотографии со пејзажи. PIXMA PRO-200 од Canon е компатибилен и со софтверот Professional Print & Layout од Canon што може да го симулира изгледот на различни хартии и мастила на вашиот екран.

Напишано од Marcus Hawkins

* Adobe® и Lightroom® се или регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Adobe во Соединетите Американски Држави и/или во други земји.

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    PIXMA iP8750

    Уживајте во печатење фотографии со неверојатно висок квалитет и поврзување преку Wi-Fi.
  • Слика од Pixma Pro-200 од Canon од предната страна

    Професионални печатачи за фотографии

    PIXMA PRO-200

    Фокусиран на печатење фотографии со живописни бои, разновидни опции и практично користење, PIXMA PRO-200 е идеален избор за ентузијастите за фотографирање и надежните фотографи.
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101

    Мат фотохартијата овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршна обработка. Исто така, може да се користи за покреативна намена, како на пр., за честитки, изложби и модели од хартија.

Слични статии

  • ПЕЧАТЕЊЕ

    Уредување на вашите фотографии за печатење

    Извлечете максимум од печатењето на вашите фотографии благодарение на нашиот детален водич за уредување на фотографиите за печатење и за најдобрите поставки за печатење што може да ги користите.

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Спојување фотографии со различен фокус за почетници

    Фотографот Matt Doogue објаснува како алатките за спојување фотографии со различен фокус на Canon може да ви помогнат да доловите макро снимки и пејзажи со сеопфатна острина.

  • УРЕДУВАЊЕ ФОТОГРАФИИ / ОБРАБОТКА ПО СНИМАЊЕТО

    Уредување RAW-слики со DPP

    Дознајте како да ги уредувате и подобрувате вашите RAW-фотографии со помош на софтверот DPP од Canon.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗАБРЗАНИ ВИДЕОСНИМКИ

    Како да снимате временски подредени фотографии

    Дознајте како забрзано да го снимите преодот од ден во ноќ и да создавате извонредни временски подредени фотографии што го доловуваат одминувањето на времето.