Canon RF 800mm F5.6L IS USM
Исполнете ја сликата со далечни детали благодарение на неверојатниот телефото објектив со фокусна должина од 800 mm. Дизајниран за фотоапаратите од EOS R серијата, објективот е наменет за фотографи на диви животни и спортски настани коишто бараат беспрекорен квалитет во секакви услови.
ПОМЕСТЕТЕ ГИ ГРАНИЦИТЕ, ПОСТАВЕТЕ НОВИ СТАНДАРДИ
Фокусирајте далечни субјекти со леснотија и поставете ги во центарот на вашата фотографија со неверојатниот телефото објектив со извонреден опсег. Неверојатната фокусна должина од 800 mm, стабилизацијата на слика од 4,5 чекори и неверојатната максимална решетка од F5,6 ви овозможуваат лесно и прецизно ракување коешто ќе ве одведе чекор поблиску до саканата фотографија.
Погледнете ги сите спецификацииRF 800mm F5.6L од Canon е најдобар за
Фотографирање диви животни
Спорт
Репортажи
Надзор
Надминете ги границите на перформансите
RF 800mm F5.6L IS USM е создаден за да ве восхити. Од брза решетка со F5,6 и стабилизација на слика* со 4,5 чекори за лесна контрола па сè до флуорит, UD-елементи и Super UD-елементи на објективот со напредни слоеви, објективот поставува нови стандарди за оптичко совршенство.
* Во комбинација со вградена стабилизација на слика.
Управување со сигурност
Ова е најлесниот и најкраткиот објектив со 800 mm од серијата L на Canon којшто е достапен благодарение на напредниот оптички дизајн. Оптимизираната распореденост на тежината влева сигурност, а постојаниот рачен фокус овозможува прецизна контрола на AF.
Издржливост и брзи перформанси за извршување на секоја задача
Серијата L става акцент на практичноста. Лесното куќиште од магнезиумска легура со слој боја за заштита од топлина ја штити оптиката од внатрешноста, а флуорот на надворешните елементи обезбедува заштита од прашина и влага.
Создаден за серијата EOS R
RF 800mm F5.6L IS USM се наоѓа на врвот на палетата објективи од Canon. Механизмот на решетката со чекори на зголемување од 1/8 и минималното фокусно растојание од 2,6 m нудат исклучителна флексибилност на снимање, а системот за стабилизација на сликата ја надополнува вградената стабилизација на сликата за постигнување на уште поголема стабилност.
Снимајте на ваш начин и преземете ја контролата
RF 800mm F5.6L IS USM нуди многубројни прилагодливи опции со два однапред поставени параметри за фокусот и прилагодливо копче за запирање на AF. Целосно е компатибилен со додатоците за продолжување RF, а можете да ја смените дури и насоката на фокусирање за да снимате онака како што сте навикнати.
Спецификации
-
Фокусна должина од 800 mm
-
Максимална решетка од f/5,6
-
Стабилизација1 на слика со 4,5 чекори
-
Дијафрагма со 9 сечила
-
Прилагодливи контроли
-
RF-приклучок
Добијте инспирација, пријавете се веднаш
Што содржи кутијата
Сѐ што ви е потребно за да снимате неверојатни сцени со телефото објектив со извонреден опсег
-
RF 800mm F5.6L IS USM
-
Капаче за објектив E-180E
-
Сенило за објектив ET-155 (WIII)
-
Мека торбичка за објектив LS600
-
Широк ремен за објектив
Дополнителна опрема
Слични производи
-
RF 1200mm F8L IS USM
Телефото објектив со извонреден опсег од RF-серија со фокусна должина од 1200 mm којшто е предвиден за напредно рачно користење и снимање неверојатни фотографии од диви животни, спорт и детали во далечината. -
RF 400mm F2.8L IS USM
Овој извонреден телефото објектив со RF-приклучок е моќен и пренослив со неверојатен квалитет на слика што е идеален за фотографите за диви животни, акција и спорт. -
RF 600mm F4L IS USM
Извонреден телефото објектив со врвен квалитет на слика во пренослив дизајн со високи перформанси за системот RF.
Може да ве интересира и
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.