Портрети
Користете краток фокус и извонредна острина за да внесете нови детали и димензии во портретите благодарение на извонредниот оптички дизајн, напредното обложување на објективот и технологијата на приклучокот за објективи RF.
Доловете ги сите детали и духот на субјектот со објектив што нуди извонредни перформанси и сигурност, како и специјален слој на оптиката што овозможува потполно нова димензија на ефектите на дефокусирање.
Дефинирајте ја и подобрете ја вашата креативна замисла со овој специјален објектив за портрети од серија L што нуди неверојатна острина, AF со високи перформанси, легендарен квалитет на изработка и нов DS-слој за најдобри и рамномерни ефекти на дефокусирање.
F1,2
МАКСИМАЛНА РЕШЕТКА
DS
СЛОЈ НА ОБЈЕКТИВОТ
ОД СЕРИЈАТА L
ПЕРФОРМАНСИ
UD
ЕЛЕМЕНТ
USM
МОТОР
ASC
СФЕРИЧЕН ВОЗДУШЕН СЛОЈ
Користете краток фокус и извонредна острина за да внесете нови детали и димензии во портретите благодарение на извонредниот оптички дизајн, напредното обложување на објективот и технологијата на приклучокот за објективи RF.
Фотографирајте дискретно и со целосна контрола на параметрите кога сте на улиците благодарение на брзото фокусирање со моторот USM со врвни перформанси што го заклучува фокусот врз објектите за да не пропуштите ниту еден момент.
Продолжете да фотографирате откако ќе зајде сонцето благодарение на брзата и широка максимална решетка f/1,2 која ги доловува сите детали со извонредна острина низ целата површина.
Овој објектив со фокусна должина од 85 mm е идеален за прекрасни портрети и создава елегантни и детални резултати со пријатна перспектива без изобличување.
Објективот нуди најдобри ефекти на дефокусирање благодарение на уникатниот DS-слој од Canon, како и отвор на бленда од F1,2 со 9 сечила, па затоа е најдобар избор за снимање креативни слики.
Во овој објектив е вградена специјална BR-оптика (Blue Spectrum Refractive) што ги елиминира аберациите на боите, а асферичниот елемент и ASC-слојот спречуваат појава на одблесоци и отсјај.
Благодарение на големата брзина и RF-приклучокот, RF 85mm F1.2L USM брзо ги фокусира предметите, а контролниот прстен на објективот овозможува дополнителна контрола на поставките.
Системот EOS R ги наследува сите придобивки од системот EOS како и од својата палета објективи, нуди целосна компатибилност со постоечките објективи EF и EF-S преку адаптери, како и со палетата на блицови и дополнителна опрема Speedlite.
DS-слој
Функцијата за рамномерни ефекти на дефокусирање овозможува извонредни ефекти на дефокусирање
BR-оптика
За врвна контрола врз аберациите
Асферични и UD елементи
За исклучително остри слики
USM мотор
За рамномерно, брзо и речиси бесшумно ракување
ASC (сферичен воздушен слој)
Спречува одблесоци и отсјај
Контролен прстен на објективот
За дополнителна контрола врз ISO, решетката и блендата
1 За да го користите овој објектив со EOS R или EOS RP, потребна е компатибилна верзија на фирмверот. Преземете го најновиот фирмвер за фотоапарати од веб-сајтот на Canon и инсталирајте го во вашиот фотоапарат.
2 Карактеристиките за пропуштање светлина во периферниот дел на објективот се намалуваат поради DS-слојот, па затоа светлината на објективот при максимален отвор на блендата е приближно 1⅓ чекори помала од f/1,2. Со ажурирање на фотоапаратот со најновиот фирмвер, контролата на експозицијата во режимот AE ќе се врши правилно.
Сè што ви е потребно за најдобро снимање на креативни портрети
RF 85mm F1.2L USM DS
Сенило за објектив ET-89
Капаче за објектив E-82II
Капаче за заштита од прав за објективи RF
Мека футрола LP1424
Дознајте какви перформанси нудат RF 85mm F1.2L USM и RF 85mm F1.2L DS USM во различни ситуации за фотографирање кога се во рацете на професионалците од Canon.
Погледнете ги сите написиНАПИС
Félicia Sisco, свадбен фотограф и амбасадор на Canon, говори за фотографирање свадбени портрети со објективот RF 85mm F1.2L USM.
НАПИС
Свадбениот фотограф Félicia Sisco го тестира првиот објектов за портрети од Canon обложен со слој за рамномерно дефокусирање.
Телефото објективите ви овозможуваат да фотографирате спорт, диви животни или настани од далечина, без да ги попречувате случувањата. Разгледајте ги телефото објективите од Canon и ослободете ја вашата креативност.
Регистрирајте го вашиот производ и добијте пристап до сите поволности
ПРИЈАВЕТЕ СЕПодигнете ги вашите вештини на повисоко ниво со приспособени совети и инспирација
Редовни ажурирања на фирмверот за врвни перформанси на вашата опрема
Новости за производи
Покани за настани во ваша близина
Понуди како ексклузивни попусти