XF705
Професионални функции
Одликувајќи се со голем LCD-екран на допир со висока резолуција од 1,23 милиони точки и голема осветленост, XF705 овозможува прецизно фокусирање, а екранот со променлив агол е незаменлива алатка за лесно прегледување во повеќе положби.
Новата отстранлива подлога за рамо и подобро позиционираниот држач под агол, како и преклопникот за зумирање, ја подобруваат стабилноста и го намалуваат заморот при долги снимања.
Гамата со широк динамички опсег ги компресира осветлените површини за да понуди широк динамички опсег. Тоа овозможува прекрасни тонови на кожата и беспрекорни градации на тоновите.
Дигитален звук со 4 канали
XF705 поддржува 2x AES/EBU, аналогни XLR-интерфејси и 4-канален звук за да ви обезбеди професионални опции за звук.
Внатрешниот ND-филтер користи вртлив механизам што му овозможува на корисникот да избере три густини (ND 1/4, ND 1/16, ND 1/64), а можно е и прилагодување на длабочината на полето со помош на прстенот за ирисот, без притоа да се промени експозицијата.
Контролирајте ја камерата безжично преку паметен телефон или таблет-уред со Browser Remote или изборниот жичен далечински управувач RC-V100 од Canon за брза контрола на сите функции на камерата од голема далечина.
XF705 нуди инфрацрвен режим (избор од зелена/бела боја) што овозможува снимање видеозаписи во услови со слаба или без амбиентална светлина.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДОТ
Зошто не аплицирате за членство во CPS? Уживајте во професионални услуги и поддршка за вашата опрема од Canon.
Следете нè на нашата страница Pro Twitter за да бидете во тек со најновите објавувања за професионални вести, приказни, ажурирања и случувања.
Кликнете тука за да добивате инспиративни приказни и возбудливи вести од Canon Europe Pro.