Компактни дигитални | PowerShot V10

Canon PowerShot V10

(Црна)

Привлекувајте внимание и добивајте нови претплатници со наменската камера за снимање 4K-видеоблогови од Canon. Лесен сè-во-едно уред што може да го носите во џеб. Лесно.

Изберете боја

Дизајнирана за снимање видеоблогови

Истакнете се на интернет, но бидете дискретни кога снимате. Опремена со сè што е потребно - екран што се закосува, големи стерео микрофони, па дури и држач - за да почнете да снимате за неколку секунди.

АЖУРИРАЈТЕ СЕ НА НАЈНОВИОТ ФИРМВЕР ЗА ПОЛЕСНО СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Преземете го најновиот фирмвер за PowerShot V10 и уживајте во корисни подобрувања, вклучувајќи и продолжено време на снимање во 4К30p, благодарение на подобреното термално управување. Сега е и полесно да се префрлите меѓу снимање видео и фотографии со поедноставени чекори.

Препознатлив квалитет

PowerShot V10 доби признание за својот уникатен дизајн од iF Design Award 2024 и Red Dot Design Award 2024, поточно за неговите паметни функции, почнувајќи од неговиот LCD-екран на допир што може да се заврти напред, па сè до вградениот држач и висококвалитетниот микрофон, кои им овозможуваат на корисниците да ги создадат содржините што ги замислуваат.

Совршен за носење во џеб

Снимете ги сите интересни видеоблогови што ви се потребни на едноставен и практичен начин. Ставете го во џеб кога ќе завршите со снимањето.

Опфатете повеќе во кадарот

Импресионирајте ги вашите претплатници со интересни 4K UHD-содржини и опфатете повеќе во кадарот со вградениот широкоаголен објектив.

Приказ на објективот на PowerShot V10

Стандарден приказ на објектив за автопортрети 1

Извонреден звук

Доловете ја атмосферата. Снимете ги јасно сите зборови што ќе ги изговорите со помош на големите вградени стерео микрофони. Филтерот за ветер ќе се погрижи да бидете слушнати, дури и во лоши временски услови2.

Доловете повеќе со помалку светлина

Снимајте сигурно дури и кога се стемнува со големиот сензор од Canon што апсорбира уште повеќе светлина. Снимете дури и фотографија што ќе ја искористите како мала сликичка за вашето видео на YouTube.

Видеозаписи без тресење

Снимајте јасни и стабилни видеозаписи - дури и кога одите - со подобрената стабилизација на слика3.

Сигурно поврзување

Поставете го уредот со помош на интуитивен волшебник што овозможува автоматско поврзување преку Bluetooth. Снимајте преку Wi-Fi-мрежа во рамките на нејзиниот опсег. Користете го уредот како веб-камера со можност за едноставно приклучување и репродукција, што ќе ви помогне да ја зголемите интеракцијата со гледачите.

Проследувајте во живо без напор

Добивајте повеќе претплатници во реално време - дури и безжично кога сте во движење, користејќи интернет од вашиот телефон4 - со проследување во живо5 на YouTube и Facebook6 преку апликацијата Canon Camera Connect на вашиот паметен телефон.

Извлечете максимум од PowerShot V10

Дознајте ги сите информации за PowerShot V10 во видеозаписот со водич во чекори што е достапен на YouTube-каналот на Canon Europe.

Спецификации

  • Компактен и лесен со тежина од 211 g

    Држете го во рака, чувајте го во џеб

  • Квалитетно снимање во 4K UHD-резолуција

    Извонредни содржини со филмски квалитет

  • Широкоаголен објектив за видео

    Доловете повеќе во кадарот без да ја истегнувате раката

  • Моќни стерео микрофони

    Јасен и прекрасен звук од сите насоки

  • Вграден држач

    Снимајте стабилно од повеќе положби9

  • Поврзување

    Wi-Fi и Bluetooth за директно поврзување со вашиот телефон и многу повеќе

  • 14 ефекти со филтри во боја

    Разубавете ја атмосферата и усовршете го вашиот стил на снимање видеоблогови

  • Дигитална стабилизација на слика за видео

    За поостри видеозаписи без тресење17

  • Екран што се закосува нагоре

    Екран од 2 инчи за полесно обликување на кадарот и од двете страни на камерата

  • MicroSDXC

    Компатибилност со мемориски картички microSD, microSDHC и microSDXC

  • Следење лица

    Автоматско следење на вашето лице за полесно снимање

  • Wi-Fi

    За побрза и понапредна безжична комуникација

  • Со Bluetooth

    Поврзување со паметни телефони преку Bluetooth

  • Апликација Camera Connect

    За контрола на камерата, далечинско снимање, безжично префрлување датотеки и многу повеќе

  • Автоматски пренос од камерата кон Cloud

    Префрлувајте ги лесно вашите видеоблогови во Google Drive или на YouTube преку image.canon

  • Режим за видео со рамномерност на кожа

    Изгледајте најдобро додека снимате со ефектите за рамномерност на кожа4

  • UVC/UAC

    Користете ја камерата како веб-камера12

  • Проследување во живо

    Проследувајте во живо на Facebook и YouTube преку апликацијата Canon Camera Connect11

  • Автоматски филтер за неутрална густина

    За оптимална светлина во сончеви услови

  • Далечинско снимање

    Снимајте преку Wi-Fi-мрежа во рамките на нејзиниот опсег, користејќи го вашиот паметен телефон

Нов фирмвер за усогласување со најновиот стандард за сајбер безбедност на ЕУ

Достапно е ново ажурирање на фирмверот со кое вашиот производ ќе се усогласи со стандардот EU EN 18031 од директивата за радиоопрема која важи за производи со Wi-Fi. Ова изборно ажурирање на фирмверот нуди дополнителни безбедносни функции, во зависност од моделот, вклучувајќи PIN-код при вклучување, пауза за пристап по 10 неуспешни обиди, ажурирања на фирмверот без паметен телефон и RTMPS како замена за RTMP.

Што содржи кутијата

  • Камера во црна/сребрена боја

  • Кабел за интерфејс
  • Ременче за на зглоб

  • Текстилна футрола

  • Капаче за објектив

  • Мини заштита од ветер

  • Комплет со упатство за користење

ЧПП за Canon PowerShot V10

Следуваат неколку популарни прашања од потрошувачите.
  • Дизајнирана за видеоблогери, PowerShot V10 е сѐ-во-едно камера за снимање видеоблогови во 4K што лесно ја собира во џеб. Нејзиниот поголем сензор обезбедува видео со повисок квалитет, а вградените стерео микрофони со филтер за ветер доловуваат прецизен звук, со што се создава идеална надградба од паметен телефон, на пример.

  • Лесното користење е во сржта на наградуваниот дизајн, со вертикално куќиште за лесно ракување - само притиснете „Record“ и подготвени сте. Бидејќи сѐ е уредно вградено - стерео микрофони, моќни функции, екран што се закосува за предно и задно снимање, па дури и држач со повеќе положби - нема потреба да носите ништо друго. А штом завршите со снимањето, може веднаш да ја ставите во џеб.

  • PowerShot V10 има фиксен објектив од 19 mm за да ве сними вас и движењата околу вас: идеално за снимање видеоблогови.

  • Доловете ја јасно атмосферата и сите зборови што ќе ги изговорите со големите вградени стерео микрофони, независно каде снимате. Филтерот за ветер ќе се погрижи да бидете слушнати, дури и во лоши временски услови. Електронскиот филтер за ветер е вклучен како зададена поставка, за да го намали изобличувањето на звукот на отворени сцени со ветровити услови. За дополнително зголемување на квалитетот на звукот во вакви ситуации, ви препорачуваме да ги користите испорачаните заштити од ветер.

  • Да, а со новото ажурирање на фирмверот, сега е уште полесно да се префрлувате меѓу снимање видео и фотографии.

  • PowerShot V10 има вградена батерија на полнење.

  • PowerShot V10 има вграден стерео микрофон, како и влез за надворешен микрофон од 3,5 mm (влезна импеданса од 2,2 kΩ, стандардна влезна јачина –63 dBV, максимална влезна јачина –23 dBV).

  • Иако PowerShot V10 е идеална за снимање видеоблогови во затворени простории и надвор, не изложувајте ја на дожд и многу студени температури бидејќи не е водоотпорна.

  • PowerShot V10 користи микро SD-картичка што е широко достапна. Изберете од која било од овие: SD/SDHC/SDXC и UHS-I. За најдобро доживување при снимањето видеозаписи е потребна картичка microSDXC со класа на брзина V30 или повисока.

  • Canon ја промовираше PowerShot V10 на 11 мај 2023 година.

Слични производи

    PowerShot G7 X Mark III [Црна]

    Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници.
  • EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • EOS M50 Mark II

    Создадете висококвалитетна содржина за вашата публика и внесете го својот креативен стил во сликите, видеоснимките или проследувањето во живо.
  1. Видеозапис снимен од исто растојание со фокусна должина од 24 mm користејќи друг фотоапарат од Canon заради илустративна намена.
  2. Електронскиот филтер за ветер е вклучен како зададена поставка, за да го намали изобличувањето на звукот на отворени сцени со ветровити услови. За дополнително зголемување на квалитетот на звукот во вакви ситуации, ви препорачуваме да ги користите испорачаните заштити од ветер.
  3. Користењето дигитална стабилизација на слика за видео резултира со видеозаписи со отсечена слика. Не може да се комбинира со автоматска нивелација, дигитален зум или режим за рамномерност на кожа.
  4. Таквиот пристап може да опфати трошоци од трети страни, како трошоци за операторот за интернет услуги, трошоци за телекомуникации или други трошоци за трети страни. Квалитетот на проследување зависи од брзината на вчитување на интернет, услугата за мобилни податоци, достапноста, покриеноста.
  5. За најдобри резултати се препорачува стабилна Wi-Fi-врска со голема брзина на вчитување, на место каде што нема многу безжична комуникација на фреквенција од 2,4 GHz.
  6. Ве молиме имајте предвид дека платформата за проследување во живо може да ја промени, запре или прекине својата услуга во кое било време, без претходно известување. Ве молиме погледнете ги најновите предуслови на платформите за проследување во живо. Canon не застапува ниту дава гаранции за какви било производи или услуги од трети страни, вклучувајќи го и проследувањето во живо.
  7. Не се опфатени материјали што се користат за ознаките, слоевите и лепилата.
  8. Материјалите што се користат за слоевите и лепилата не се опфатени. Во зависност од времето на производство, природните неткаени материјали може да бидат недостапни.
  9. Вградениот држач овозможува позиционирање под агол од -30° до -10° за да снимате од висока перспектива и позиционирање под агол од 10° до 30° за да снимате од ниска перспектива.