ПЕЧАТЕЊЕ

Споредба помеѓу инк-џет и ласерски печатачи: што ви одговара повеќе?

Откријте ги разликите помеѓу инк-џет и ласерските печатачи од Canon и дознајте каков вид на печатач ќе одговара најмногу за вашите потреби и за вашиот буџет.
На левата страна има инк-џет печатач MegaTank од Canon на дрвена маса, а на десната страна има повеќефункционален ласерски печатач i-SENSYS од Canon.

Кој печатач е совршен? Одговорот е различен за различни луѓе. Сите имаме потреба од повремено печатење документи, но многумина од нас би сакале и да бидат креативни и да изработуваат модели од хартија или да печатат фотографии, домашни задачи на децата и студентски проекти. Многумина од нас работат од дома или во мала канцеларија, или можеби работат таму повремено, па затоа ни треба производ за печатење црно-бели деловни документи или деловни документи во боја со професионален изглед.

Кој тип на печатач е правилен избор за вас најмногу зависи од задачите за печатење што најчесто ги извршувате. Изборот ќе се разликува во зависност од тоа дали печатите деловни документи со многу текст, фотографии или комбинација од двете; дали печатите врз обична хартија, сјајна фотохартија или врз хартија за фина уметност; дали претежно печатите црно-бели документи или документи во боја; и дали печатите по еден лист или печатите големи количини. Други фактори што можеби треба да ги земете предвид се брзината на печатење, големината на печатачот, најголемите димензии во кои може да печати и вкупните трошоци за печатење, вклучувајќи ги и мастилата/тонерот и хартијата.

Canon произведува голема палета на инк-џет и ласерски печатачи што одговараат за сите потреби и буџети. Да ги разгледаме најголемите разлики помеѓу двата типа и некои од врвните модели од секоја палета за да ви помогнеме во изборот на совршениот печатач.

Печатач PIXMA од Canon печати разнобојна фотографија од домати, се гледа рака која посегнува по нив и ги зема.

3-во-1 инк-џет печатачот PIXMA G640 од Canon, што е совршен за ентузијасти за фотографии, користи шест мастила базирани на боја за да обезбеди поголем опсег на тонови и поголема палета на бои, а располага и со скенер со висока резолуција. Одликувајќи се со резервоари за мастило MegaTank што се дополнуваат наместо со картриџи, еден комплет мастила му е доволен за да отпечати 3.800 фотографии од 4x6 инчи, а може да печати и фотографии без рабови со големина до A4. Ако печатите документи, тогаш има доволно мастило за 3.700 црно-бели A4-страници или 8.000 A4-страници во боја.

Инк-џет и ласерски печатачи: како функционираат

Најголемата разлика помеѓу инк-џет и ласерските печатачи е дека функционираат врз основа на мокри и суви процеси, соодветно. Инк-џет печатачите нанесуваат течно мастило врз хартијата, а ласерските печатачи користат сув тонер што се спојува со хартијата со помош на валјак за висока температура.

Но тоа не е сè. Инк-џет печатачите користат главно мастила базирани на боја, но некои од нив користат мастила базирани на пигмент, што имаат различна реакција со различни видови на хартија - нивната апсорпција претежно е помала, па затоа отпечатените материјали може да изгледаат поостро, но ќе немаат толку живописни бои. Освен тоа, во зависност од моделот, инк-џет печатачите од Canon користат од три до десет различни мастила во боја. Теоретски, колку повеќе мастила во боја, толку е поголема палетата на бои што може да ја создаде печатачот, но во пракса разликите може да бидат незабележливи и од нив корист може да имаат само фотографи кои сакаат да печатат фотографии со максимална прецизност на боите.

Споредба на долготрајноста на мастилата

Воглавно, мастилата базирани на пигмент што се користат кај инк-џет печатачите се поцврсти и поотпорни на размачкување врз обична хартија отколку мастилата базирани на боја, а создаваат и поцрн и поостар текст. Затоа се идеални за печатење документи. Мастилата базирани на боја, пак, се подобри за печатење фотографии врз сјајна хартија. Помалите молекули на мастилата базирани на боја можат целосно да се апсорбираат под горниот заштитен слој на сјајната хартија, создавајќи појасна сјајна завршна обработка. Некои инк-џет печатачи од палетата PIXMA на Canon нудат комбинација од мастила со црн пигмент за печатење текст и мастила во цијан, магента, жолта и црна боја за печатење висококвалитетни фотографии, а деловните печатачи од палетата MAXIFY на Canon се опремени само со мастила базирани на пигмент за да ви овозможат да печатите остри документи со голема издржливост.

Ако сакате најголема издржливост и отпорност на размачкување при црно-бело печатење и печатење во боја врз обична хартија, ласерските печатачи сè уште се најдобар избор за печатење деловни документи. Исто така, таквите документи може да ги архивирате долги временски периоди во заштитени опкружувања, како библиотеки и канцелариски простории за складирање.

Инк-џет печатачите нудат слични карактеристики за архивско складирање, благодарение на мастилата базирани на пигмент и технологијата ChromaLife 100 на Canon. Ако ги користите со избрани фотохартии од Canon, тогаш комбинацијата од хартијата и мастилата, со помош на оваа технологија, ќе создаде врска што гарантира непроменети бои до 100 години во услови на архивско складирање.1

Слика одблиску од печатач i-SENSYS од Canon и неговиот екран на допир за контрола.

Брзиот повеќефункционален ласерски печатач i-SENSYS MF754Cdw од Canon може да скенира двострани A4-документи со брзина до 100 слики/мин. (слики во минута), снабдени преку ADF за 50 листови. Освен еднострано и автоматско двострано копирање, тој може да скенира директно кон е-пошта, USB-мемориски уред, FTP, услуги на Cloud и факс.

Печатење со голема ефикасност

Ако печатите големи количини, тогаш најдобар избор е печатач за голем обем на работа, како што се ласерските печатачи. Картриџите со тонер што се користат кај ласерските печатачи овозможуваат печатење на многу повеќе страници отколку картриџите со мастило за инк-џет печатачите. Но и покрај тоа, за да ги задоволи различните буџети и потреби за обемно печатење, Canon нуди стандардни опции и опции за печатење големи количини за своите ласерски печатачи. Картриџите за печатење големи количини за печатачите од серијата i-SENSYS MF750 содржат доволно тонер за печатење 7.600 црно-бели страници и 5.500 документи во боја,2 а за серијата i-SENSYS MF650 - максимум 3.100 црно-бели страници и 2.300 документи во боја.

Но, не отфрлајте ги инк-џет печатачите веднаш. Инк-џет печатачите MegaTank од серијата MAXIFY GX на Canon типично печатат до 9.000 црно-бели страници или максимум 21.000 документи во боја во економичен режим пред да биде потребно да ги наполните резервоарите за мастило што се дополнуваат.3 Дополнувањето на резервоарите со мастило од шишиња е брз и лесен процес при кој не се создава неред и кој е многу поефикасен и поевтин отколку да користите картриџи или тонер.

Маж скенира лист хартија со печатач MAXIFY од Canon.

MAXIFY GX7040 од Canon нуди функции за печатење, копирање, скенирање и факс, опции за поврзување преку Wi-Fi, етернет и Cloud Link и има два влезни фахови за хартија со вкупен капацитет до 600 листови. Скенирањето двострани документи во едно поминување се врши преку D-ADF за 50 листови.

Максимално разновидна примена

Инк-џет печатачите може да имаат многу разновидна примена и нудат одлична живописност на бои при печатење фотографии и графика, како и одлични перформанси за печатење документи, особено моделите со мастило со црн пигмент. Исто така, инк-џет печатачите можат да печатат врз различни медиуми, меѓу кои и сјајна, мат и полусјајна фотохартија, медиуми за украси и модели од хартија. Бидејќи ласерските печатачи користат топлина, тие не можат да печатат врз толку многу различни медиуми, а особено не врз обложени фотохартии. Меѓутоа, ако не сте заинтересирани за печатење фотографии, тогаш ласерските печатачи од серијата i-SENSYS MF на Canon се одличен избор за печатење црно бели документи и документи во боја и се многу ефикасни за печатење графика.

Освен тоа, ако ви треба само црно-бело печатење, Canon нуди обемна палета на црно-бели ласерски печатачи, меѓу кои и повеќефункционалните печатачи од серијата i-SENSYS MF450 и брзите и ефикасни печатачи со една функција од серијата i-SENSYS LBP230. Овие модели нудат неверојатно големи брзини на печатење до 38 стр./мин., со стандардна опција за двострано печатење и опции за лесно безжично поврзување. Во палетата на инк-џет печатачи MegaTank, црно-бели модели се печатачот со една функција PIXMA GM2040 и повеќефункционалниот печатач PIXMA GM4040.

Палетата на инк-џет печатачи MAXIFY GX и палетата на ласерски печатачи i-SENSYS MF од Canon имаат модели со вграден скенер, типично со механизам за автоматско снабдување со документи што овозможува скенирање и фотокопирање документи со многу страници без напор. Некои модели можат дури и да ги скенираат двете страни на двостраните документи во едно поминување, што во пракса го преполовува времето потребно за скенирање. Оваа функција се надополнува со автоматско двострано печатење и фотокопирање, а најдобрите модели како што се повеќефункционалниот инк-џет печатач MAXIFY GX7040 и повеќефункционалниот ласерски печатач i-SENSYS MF754Cdw нудат и независни функции за факс.

Сепак, ако не ви требаат дополнителни функции, печатачите со една функција како што се компактниот ласерски печатач во боја i-SENSYS LBP673Cdw и серијата i-SENSYS LBP630 или, пак, инк-џет печатачот MAXIFY GX5040, нудат интуитивни контроли и големи брзини на печатење по пониска куповна цена.

Ентузијастите за фотографии не треба да се чувствуваат запоставено. Инк-џет печатачот со една функција PIXMA G540 и повеќефункционалниот инк-џет печатач PIXMA G640 од Canon ги нудат сите предности на серијата MegaTank, но користат шест мастила базирани на боја за да отпечатат фотографии со извонреден квалитет.

Печатач MAXIFY од Canon ставен на бела маса, опкружен со различни деловни отпечатени материјали.

MAXIFY GX6040 од Canon нуди идентични брзини на печатење и број на отпечатени страници како GX7040, со доволно голем капацитет на резервоарите за мастило за печатење 9.000 црно-бели страници или максимум 21.000 страници во боја во економичен режим. 4 Оваа опција е поевтина доколку не ви треба вграден факс, двострано скенирање во едно поминување и секундарен влезен фах за хартија.

Врвна продуктивност

Ако треба да печатите многу страници за кратко време, тогаш брзината на печатачот може да направи голема разлика. Исто така, може да биде и изненадувачки важен фактор доколку треба да отпечатите само една страница. Некои ласерски печатачи на пазарот се премногу бавни кога треба да отпечатат една страница откако ќе ги вклучите или активирате од режим на подготвеност. Тоа се должи на уредот за топење на тонерот на кој му треба многу време за да постигне работна температура. Добрите вести тука се тоа што ласерските печатачи од серијата i-SENSYS на Canon имаат време на загревање од само 13 до 14 секунди од моментот кога ќе ги вклучите. Тоа е всушност многу побрзо отколку некои инк-џет печатачи што вршат автоматска проверка на млазниците и циклус на чистење на главите за печатење откако ќе ги вклучите.

Кога се прави споредба на брзината помеѓу ласерските и инк-џет печатачите, ласерските печатачи од серијата i-SENSYS MF750 на Canon нудат време за печатење на првата страница од 7,1 секунди или помалку и за црно-бели страници и за страници во боја. Брзината на последователно печатење достигнува до 33 стр./мин. (страници во минута). Кај инк-џет печатачите MAXIFY GX5040, GX6040 и GX7040, времето за печатење на првата страница е приближно 7 секунди (доколку не се прават никакви циклуси за чистење на главата за печатење), а брзината на последователно печатење достигнува до 24 слики/мин. за црно бели документи или 15,5 слики/мин. за документи во боја. Меѓутоа, брзините на инк-џет печатачите може да се намалат кога се користи многу мастило за последователно печатење, бидејќи печатачот ќе го паузира печатењето на страницата за да овозможи сушење на мастилото на претходниот лист. На овој начин, отпечатените материјали ќе бидат суви на допир кога ќе излезат од печатачот и нема да дојде до размачкување.

Двостраното печатење може да ги намали трошоците за хартија и да го намали штетното влијание врз животната средина и е уште еден фактор што треба да се има предвид во одлуката помеѓу инк-џет и ласерски печатачи. Кај сите инк-џет печатачи течното мастило паѓа врз обичната хартија, па во случај на двострано печатење може да дојде до пробивање на мастилото низ хартијата што ќе го намали квалитетот. Инк-џет печатачите од Canon со мастила базирани на боја ја намалуваат густината на мастилата на втората страна на хартијата за да го намалат ваквиот ефект и да овозможат побрзо сушење, а инк-џет печатачите MAXIFY од Canon имаат и режими за двострано печатење што го минимизираат ефектот. Процесот на сушење при ласерското печатење, пак, обезбедува двострани резултати со врвен квалитет при секое печатење.

Печатач MegaTank од Canon на маса во домашна канцеларија, ставен покрај компјутер и стол, во близина на голем прозорец.

Печатачите MegaTank се достапни и во палетата PIXMA, на пример, 4-во-1 печатачот PIXMA G7040 од Canon кој нуди функции за печатење, копирање, скенирање и факс, како и ADF за 35 листови и опции за поврзување преку Wi-Fi и етернет.

Големината е важна

Обезбедувањето слободен простор за печатач може да биде голем предизвик во домашните канцеларии. Ласерските печатачи се поголеми од повеќето инк-џет печатачи, но серијата i-SENSYS на Canon има извонредно компактни модели земајќи го предвид нивниот тип. На пример, i-SENSYS MF651Cw има димензии од 451x460x360 mm вклучувајќи ги фаховите за хартија и тежи 18,9 kg. За споредба, инк-џет печатачот MAXIFY GX6040 има помали димензии 399x645x327 mm со извлечени фахови и тежи 11,6 kg. PIXMA TR150 од Canon, пак, е неверојатно пренослив инк-џет печатач со димензии од само 322x185x66 mm и тежина од само 2,1 kg, поради што е совршено решение за печатење во движење.

Дали ќе треба повеќе корисници да го користат истиот печатач? Моделите PIXMA и MAXIFY GX спомнати тука се наменети за 1 до 5 корисници. Ласерските печатачи спомнати тука се идеални за тимови што работат во подинамични работни опкружувања.

Кога уредот го користат повеќе корисници, треба да размислите и за безбедноста. Одредени печатачи i-SENSYS од Canon се испорачуваат со опции за безбедно печатење, што им овозможуваат да ги задржат задачите за печатење сè додека не се внесе PIN или лозинка во печатачот. На овој начин, доверливите документи нема да се отпечатат сè додека не дојдете до печатачот, а документите нема да чекаат во излезниот фах каде што може секој да ги земе.

Трошоци за користење

Во изминатите години јавно се изнесува дека вреди да земете предвид не само куповната цена на печатачот туку и трошоците за мастило или тонер во текот на неговиот работен век. Печатачите MegaTank од Canon со резервоари што се дополнуваат создаваат значително помали трошоци по страница и вкупни трошоци за користење, поради што се најевтино решение за печатење за корисниците кои печатат од среден до голем обем, независно од технологијата што ја користат.

Кај ласерските печатачи, сериите i-SENSYS MF од Canon, како што се серијата i-SENSYS MF750 и серијата i-SENSYS MF650, нудат особено евтино печатење, благодарение на достапноста на посебни картриџи со тонер во црна, цијан, магента и жолта боја за голема потрошувачка.

Друг фактор што треба да го земете предвид е енергетската ефикасност. Ако печатите многу или имате повеќе печатачи, потрошувачката на енергија може лесно да се зголеми. Заштедете енергија со користење на режимот за заштеда на енергија на печатачот, кој автоматски се активира ако печатачот не се користи долг период. Ако го оставите инк-џет печатачот вклучен, но во режим на подготвеност, тој ќе троши малку енергија, а функцијата за работа на барање овозможува уредот за топење на тонерот кај ласерските печатачи да биде загреан кога ќе ви треба, со што се намалува енергијата што е потребна за одржување на уредот во подготвена состојба за печатење кога печатачот е вклучен.

Печатач i-SENSYS од Canon ставен на дрвена маса, покрај компјутер и неколку отпечатени материјали.

Во палетата i-SENSYS MF650 од Canon спаѓа моделот i-SENSYS MF651Cw што нуди интуитивен екран на допир во боја од 12,7 cm и голема брзина на печатење до 18 стр./мин. и за црно-бели документи и за документи во боја. Моделот i-SENSYS MF655Cdw со поголема брзина до 21 стр./мин нуди автоматско двострано печатење, а најдобриот модел i-SENSYS MF657Cdw во оваа палета нуди и функции за факс и двострано скенирање во едно поминување.

Лесно користење

Независно дали ќе се одлучите за инк-џет или ласерски печатач, ќе сакате уред што е лесен за користење. Инк-џет печатачите MAXIFY GX6040 и GX7040 нудат многу едноставно печатење, скенирање и фотокопирање со помош на екрани на допир во боја од 6,9 cm што можат да се закосуваат. Опциите за лесно поврзување ви овозможуваат да се поврзете со Cloud преку апликацијата Canon PRINT или екранот на допир на печатачот, а печатачите се компатибилни со Apple AirPrint (iOS), Mopria (Android) и Chrome OS. Исто така, тие се опремени со механизми за автоматско снабдување со документи за 50 листови, а MAXIFY GX7050 може да скенира двострани документи во едно поминување и нуди функции за директно праќање факс.

За споредба, ласерските печатачи од серијата i-SENSYS MF на Canon имаат големи екрани на допир во боја од 12,7 cm што нудат пристап до библиотеката со апликации на i-SENSYS од Canon за зголемување на продуктивноста и полесно користење, а вие ќе можете да ги прилагодите апликациите и интерфејсот според вашите потреби. Корисниците на ласерските печатачи i-SENSYS добиваат и пристап до Apple AirPrint (iOS), Mopria (Android) и Chrome OS, како и апликацијата Canon PRINT Business. Моделите i-SENSYS MF645Cx и MF754Cdw нудат функции за директно праќање факс, што се идеални за домашни и мали канцелариски опкружувања, а серијата i-SENSYS MF750 нуди дополнителна опција за поврзување со Cloud.

Споредба помеѓу инк-џет или ласерски печатачи: избор

Инк-џет печатачите се погодни за печатење фотографии со прецизна репродукција на бои и нудат побогати бои за разлика од ласерските печатачи. Инк-џет печатачите се покомпактни и затоа се одличен избор кога слободниот простор е еден од одлучувачките фактори. Во повеќето случаи, тие имаат помали првични трошоци, а резервоарите за мастило што се дополнуваат од палетата MegaTank на Canon овозможуваат поголема ефикасност и помали работни трошоци за разлика од другите решенија со картриџи или тонер.

Ласерските печатачи i-SENSYS од Canon и инк-џет печатачите MAXIFY од Canon се идеални кога приоритетот за печатење се деловни документи и други материјали со многу текст. Ласерските печатачи i-SENSYS од Canon се евтино решение за обемно печатење и печатење големи количини, со големи брзини на печатење - понекогаш се два пати побрзи од сличните инк-џет модели - и без ризик од размачкување и пробивање на боите низ хартијата при двострано печатење.

Палетата на инк-џет печатачи MAXIFY GX и палетата на ласерски печатачи i-SENSYS од Canon се одличен избор за користење во домот, за домашна канцеларија и мала канцеларија, а нудат многубројни функции, разновидна примена, брзина, сигурност и евтино и лесно користење. За повеќе помош во одлучувањето кој печатач ќе одговара за вашите потреби, искористете ја алатката за избирање печатач од Canon.


Напишано од Matthew Richards и Alex Summersby

  1. Вредностите за долготрајноста се проекции направени врз основа на тестови извршени од Canon во забрзани услови и истите не се гарантираат.
  2. Врз основа на ISO/IEC 19798.
  3. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервно мастило по почетното поставување.
  4. Економичниот режим ја намалува потрошувачката на мастило преку намалување на густината, а како резултатот на тоа може да се отпечатат 50% повеќе страници отколку во стандардниот режим.

Слични производи

  • Печатачи MegaTank

    MAXIFY GX6040

    Со овие печатачи за големи количини MegaTank со резервоари за мастило што се дополнуваат ќе добивате документи со деловен квалитет секојдневно со просечна заштеда од 90% на вкупните трошоци за користење во споредба со 10-те најдобри ласерски и инк-џет печатачи.
  • MAXIFY GX7050

    Печатачи MegaTank

    MAXIFY GX7040

    Со овие печатачи за големи количини MegaTank со резервоари за мастило што се дополнуваат ќе добивате документи со деловен квалитет секојдневно со просечна заштеда од 90% на вкупните трошоци за користење во споредба со 10-те најдобри ласерски и инк-џет печатачи.
  • PIXMA G7045

    Печатачи MegaTank

    PIXMA G7040

    Печатете максимум 18.000 страници и работете континуирано со ADF со 35 листови за висококвалитетни резултати и мали работни трошоци.
  • Повеќефункционални печатачи во боја

    Серија i-SENSYS MF750

    Работете побрзо со брзините на печатење и скенирање до 33 стр./мин. и 100 слики/мин. (A4) што ги нудат повеќефункционалните печатачи во боја i-SENSYS MF750 од Canon.
  • Слични статии

  • СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Печатачи MegaTank и придобивките што ги нудат

    Дознајте шест причини зошто ви треба печатач MegaTank.

  • ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобрите печатачи за студенти

    На секој студент му треба печатач - дознајте кои се најдобрите опции со пристапна цена што одговараат на вашите потреби.

  • ПЕЧАТЕЊЕ

    Печатачи MegaTank за деловно работење

    Како квалитетот и ниските работни трошоци на печатачите MegaTank може да го подобрат деловното работење.

  • СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија

    Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.