Од дигитално во аналогно: печатење налепници за скејтборд и минифотографии во скејт-парк

Како носењето на печатачот Canon Zoemini 2 со џебна големина во скејт-парк ѝ овозможи на скејтерката Helena Long да ги зачува спомените, да сподели специјални моменти со пријателите и да го персонализира својот скејтборд.
Приказ низ објектив со ефект на „рибино око“ на скејтерката Helena Long додека изведува трик во скејт-парк, со персонализирани налепници отпечатени со преносливиот печатач Canon Zoemini 2 што се видливи на долната страна од нејзиниот скејтборд. © Rafal Wojnowski

Има посебна енергија околу скејт-парковите. Тие обично се украсени со неверојатно креативни графити, а скејтбордите имаат разнобојни дизајни и налепници. Скејтерите сакаат да ги украсуваат своите штици со уникатни, персонализирани графики. „Културата има толку многу преклопувања со музиката, модата, дизајнот и сите видови креативни умови“, вели професионалната скејтерка Helena Long. А, што би се вклопило поприродно во овој креативен свет од Canon Zoemini 2? Тоа е безжичен пренослив печатач што може да го ставите во џеб и да го понесете во скејт-паркот, а потоа да отпечатите минифотографии со самолеплива задна страна што се отпорни на вода и гребење и се подготвени за моментална употреба.

Токму тоа го направи и Helena.

„Секогаш сум фотографирала и сум водела споменари и дневници, документирајќи ги моите патувања“, вели таа. „Исто така и налепници. Секој скејтер обожава налепници. Затоа многу уживав правејќи свои налепници и печатејќи ги“.

Скејтерката Helena Long седи на својот скејтборд покрај ѕид во скејт-парк под дрво, подготвувајќи се да го употреби преносливиот печатач Canon Zoemini 2 за да отпечати налепници и фотографии.

Helena Long се занимава со професионален скејтбординг од 2018 година. Таа учествува во видеа за нејзините спонзори, патува на настани и собири за скејтбординг и помага во проекти како изградба на паркови на места каде што нема такви услови. Изразувајќи ја креативноста што ја препознава во скејтерската култура, таа свири и во бенд и студирала илустрација на факултет. © Rafal Wojnowski

Скејтерката Helena Long го става преносливиот печатач Canon Zoemini 2 во џебот од фармерките, држејќи скејтборд во другата рака.

Печатачот Canon Zoemini 2 работи на батерија (со брзо полнење преку USB-C), лесен е и го собира во џеб, така што можете лесно да го носите насекаде и да создавате налепници, дневник или инстант отпечатени материјали целосно офлајн – дури и на клупа во скејт-парк – без да ви треба биро, лаптоп или штекер. © Rafal Wojnowski

Canon Zoemini 2: создавање спомени, споделување со пријателите

За Helena, можноста за печатење фотографии на лице место не беше само начин да се овековечи одреден трик, туку и доловување на возбудата од постигнувањето на пријателите. Таа се обиде да избере слики на кои може да се препознае личноста, но и да се види за кој трик станува збор - барем ако имате некакво познавање од скејтбординг.

Освен сликите од движења, Helena отпечати исто толку слики од луѓе, локации и настани што се случиле. Таа им подарува отпечатени фотографии на пријателите како спомен од некој посебен ден – и признава дека обично печати копија и за себе, за да може и таа да го овековечи тој момент.

Изборот на вистинската композиција не e секогаш лесен. „Сакате да доловите сѐ – личноста, по можност нејзиното лице, а потоа и нејзиниот скејтборд“, вели таа. „Не сакате да отсечете ниедна нога, рака или движење. Има уметност во тоа“.

Скејтерката Helena Long држи паметен телефон со апликацијата Canon Mini Print на екранот, уредувајќи фотографија од скејтбординг и додавајќи ефекти на неа.

„Поминав низ фаза кога користев фотоапарати со инстант печатење“, вели Helena, „но хартијата брзо се трошеше, беа доста бавни и фотографиите не изгледаа како што се надевав. Со апликацијата Canon Mini Print, навистина е добро тоа што може да ја уредите сликата пред да ја отпечатите, да ја отсечете, да додадете текст, рамки и ефекти со филтри, така што ќе бидете сигурни дека ќе го добиете тоа што го сакате“. © Rafal Wojnowski

Скејтерката Helena Long држи пренослив печатач Canon Zoemini 2, додека друго лице ја држи минифотографијата од скејтбординг што ја отпечатил печатачот.

Helena уживаше да им подарува отпечатени фотографии на пријателите на лице место, украсени со графика додадена преку апликацијата Canon Mini Print. Таа се сеќава и на еден посебен момент. „Во скејт-паркот имаше едно младо девојче со тротинет и таа многу го сака кучето на еден локалец кој секогаш наминува таму. Па, го сликав кучето и ја отпечатив налепницата, а таа си ја залепи на рачките од тротинетот. Сè се случува за момент. Тоа е еден миг на радост“. © Rafal Wojnowski

Како да уредувате фотографии и да печатите во движење

Секако, со Canon Zoemini 2 и апликацијата Canon Mini Print, не мора однапред да доловите совршена снимка за да добиете прекрасна отпечатена фотографија.

„Користењето е поедноставно од кога било“, објаснува Helena. „Инсталирајте ја апликацијата на телефонот и таа се поврзува со печатачот преку Bluetooth“. Може да ги уредувате сликите, да ги отсекувате и да додавате брановидни линии, печати и смешни цртежи, како и рамки, филтри и ефекти пред да ги отпечатите. Исто така е забавно да гледате како апликацијата го прикажува напредокот на печатењето додека физички излегува фотографијата.

„Печатењето трае помалку од една минута, а налепниците може да ги користите веднаш и да ги залепите каде сакате. Јас ги залепив на мојот скејтборд, велосипед, тефтер и на задната страна од футролата на телефонот“.

Печатачот Canon Zoemini 2 работи на батерија, па може да се користи секаде и не се потребни картриџи за мастило – користи хартија ZINK1 за печатење без мастило и може да печати минифотографии со големина од 2x3 инчи или однапред исечени кружни налепници од 1,3 инчи, двете со самолеплива задна страна. Отпечатените материјали се потполно суви веднаш штом ќе излезат од печатачот и се отпорни на вода и отпечатоци од прсти.

„На почетокот се плашев да не ги размачкам отпечатените материјали, особено ако рацете ми се валкани од возење скејтборд“, признава Helena. „Но, сè беше во ред. И можете веднаш да цртате врз нив“.

Скејтерката Helena Long става персонализирана налепница, отпечатена со преносливиот печатач Canon Zoemini 2, на долната страна од нејзиниот скејтборд.

Благодарение на самолепливата задна страна, отпечатените материјали се подготвени за моментална употреба, без потреба од лепило или селотејп. Поради тоа се идеални за дневници или споменари, но и како инстант персонализирани налепници со совршена големина за скејтборд. © Rafal Wojnowski

Скејтерката Helena Long црта на страница од споменар на која има залепено фотографија од скејтбординг отпечатена со преносливиот печатач Canon Zoemini 2, поставен во нејзина близина.

Наместо мастило, Canon Zoemini 2 користи специјална хартија со вградени микрокристали што реагираат при загревање. Како резултат на тоа, отпечатените фотографии се потполно суви, отпорни на размачкување и отпорни на вода. Тоа значи дека може да пишувате и да цртате директно врз нив, како и да додавате текст, ефекти и секакви графички елементи во апликацијата - вашите креативни можности се речиси неограничени. © Rafal Wojnowski

Идеи за изработка на модели, колажи и споменари со инстант печатач

Helena откри дека материјалите што ги отпечати со Canon Zoemini 2 се совршени за креативно водење дневници и споменари. Таа користеше фломастери или маркери во боја за да нацрта шаблони на страницата пред да ги залепи отпечатените материјали, а потоа црташе врз нив. Пенкалата, па дури и боите, нема да ја пробијат ниту да ја уништат фотографијата.

Со нејзиното искуство во илустрација, Helena гледа голем потенцијал за користење на отпечатените материјали. Може да ставите две слики на еден отпечатен материјал, како колаж. Таа уживаше да ја користи оваа опција за да спои работи што се случиле истиот ден или биле поврзани една со друга, како знаменитост или споменик што потсетува на местото што го посетила, заедно со нешто што се случило таму. „Така споив неколку спомени од еден посебен ден“.

Освен однапред исечената кружна хартија, „има и различни форми кои потоа може да ги исечете – си размислував дека би можела да ги искористам за честитки и слични работи“. Апликацијата е навистина лесна за користење и има голем број опции за создавање различни работи.

„Всушност, викендов имав роденден, па си направив персонализирана налепница и ја залепив од внатрешната страна на честитката“. Лесно е да ги персонализирате за пријатели бидејќи може да напишете пораки како „Среќен роденден“ на неа, па така може да биде и честитка сама по себе.

„Можете да печатите и етикети за да означите сè. Мојот партнер се пресели во нов стан и мораше да го стави своето име на поштенското сандаче, па направив персонализирана налепница со неговото име. Мислам дека тоа е најинтересната мала етикета за поштенско сандаче“.

Две страници од споменарот на скејтерката Helena Long, со фотографии отпечатени со преносливиот печатач Canon Zoemini 2, како и рачно нацртана графика и мало гранче со цвеќе залепено во еден агол.

„Уживав да лепам слики во мојот споменар“, раскажува Helena. „Додадов емотикони и мали икони на фотографијата пред да ја отпечатам, како сладолед бидејќи беше топол ден. Потоа на страницата додадов цртежи и работи што ги најдов кои одговараат на фотографијата за да ѝ дадат поголема длабочина на приказната. Сè беше спомен од денот што го поминав со пријателот“. © Rafal Wojnowski

Пренослив печатач Canon Zoemini 2 поставен на долната страна од скејтборд украсен со персонализирани фотоналепници отпечатени со печатачот.

„На фотографиите од скејтбординг обично има многу случувања“, забележува Helena, „но отпечатените материјали се навистина јасни - може да ме видите на скејтбордот како го правам трикот и може да ги видите сите детали. Навистина уживам во деталите. Canon Zoemini 2 е многу едноставен за користење и е забавен мал уред што може да го носите во џеб!“ © Rafal Wojnowski

Canon Zoemini 2: пренослив печатач за фотографии што може да го носите секаде

„Многу патувам и секогаш се трудам да носам што е можно помалку багаж“, вели Helena. „Но, во исто време сакам да собирам работи и да донесам сувенири. Ова е толку компактен мал печатач. Го собира дури и во џеб. Големината му е како на пренослив полнач или речиси како мојот телефон, така што многу лесно може да го носам секаде.

„Со нетрпение чекам да го понесам на патувањата за скејтбординг, да им поделам налепници на пријателите и да водам мал дневник со спомени од патувањата, на кои ќе може да се потсетам во иднина“.

Helena гледа посебна вредност во враќањето на дигиталните слики во аналогниот свет. „Во скејтбордингот и во фотографирањето, од голема важност е да имате физички предмет. Мислам дека денес премногу луѓе се постојано онлајн и го губат контактот со физичкиот аспект, како држењето книга, списание или отпечатен материјал во рака, па дури и врамувањето фотографии на ѕид. Сметам дека е навистина важно спомените да бидат отпечатени“.

„Со ваква мала технологија што толку го олеснува целиот процес, се надевам дека и идните генерации сè уште ќе сакаат да собираат и создаваат работи и да водат свој мал споменар. Овие работи се важни за да не биде сè само на екран“.

На локалниот скејт-парк, Helena им покажа на пријателите што прави со Canon Zoemini 2. „Некои од нив што имаат деца рекоа: 'Еј, ќерка ми ќе се воодушеви од ова!' А, јас им реков: 'Знам, сите го сакаме ова!' Дефинитивно би го обожавале сите. Но, мислам дека особено кај скејтбордингот сè уште ја има онаа огромна детска енергија - можеби пораснавме, но сè уште сакаме да си играме. А, ова беше баш забавно!“

Подготвени сте за нов споменар или за персонализирање на скејтбордот? Разгледајте го џебниот печатач Canon Zoemini 2 за кој не е потребно мастило и започнете да ги пренесувате вашите дигитални фотографии во реалниот свет, каде и да одите.



Напишано од Alex Summersby

  1. 1 ZINK, Zero Ink и логото ZINK се заштитни знаци на ZINK Holdings, LLC, регистрирани во САД и во други земји.

Слични производи

    Canon Zoemini 2 [Розово златна]

    Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија.

    SELPHY CP1500 [Бела]

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.

    SELPHY QX20 [Темно-сива]

    Бидете креативни со неповторливите моменти во животот со прекрасни материјали отпечатени во движење со две големини од вашиот паметен уред

    EOS R50 [Црна]

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.

Слични статии

Претворање на моментите во спомени со Canon Zoemini 2

Како водењето рачно изработен дневник внесе мир и спокој во динамичкиот живот на една студентка, и како печатачот Canon Zoemini 2 ја ослободи нејзината креативност.

Печатење слики од прозорци од возови во движење

Како Katie Edwards ги оживеа своите невообичаени фотографии од патувањата со тоа што носи компактен печатач за фотографии од Canon на воз со неа.

Отпечатете си ваши етикети

Рачно изработените отпечатени етикети може да ви помогнат да го организирате вашиот живот, домот и хобијата.

Персонализирајте ги вашите нешта

Печатете приспособени налепници за вашите нешта со пренослив печатач од Canon.