Без разлика дали се работи за организирање гардеробери, комоди за храна, креативни изработки или за изработка на стилски прекривки за маса, брендирани деловни налепници или рачно изработени картички за посвета, рачно изработените етикети не само што се неверојатно корисни, туку и ви овозможуваат да ја изразите вашата креативност.
Прашавме двајца изработувачи и онлајн креатори како внесуваат стил и убавина во организирањето преку етикетите. Caroline Prudhon го води блогот за изработување Linea's Papers (@lineaspapers), а Laetitia Lazerges (@Vert_Cerise) е „направете сами“ блогерка, професионален изработувач и автор на 19 книги за самостојно изработување.
„Многу сакам да организирам сѐ, од документите до орманите, бидејќи тоа ми го олеснува животот и ми заштедува време,“ вели Laetitia, која го започнала својот блог во 2007 година. „Етикетирањето е најдобар начин да се комбинираат организацијата и креативноста.“
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Печатење рачно изработени етикети
Каде да почнете да лепите и како тоа може да ви помогне да го организирате вашиот живот
Мирот што го нудат просторите ослободени од пречки и организираните предмети овозможуваат ентериерите да се претворат во среќни места во кои може да го разбистриме умот и да го подобриме нашето расположение. „Да се има организиран дом овозможува огромен душевен мир,“ вели Laetitia. „Не губите време барајќи изгубени предмети и не мора да помните каде се наоѓаат работите.“
Caroline, која е вешт изработувач на предмети уште од детството, е сопственик на мала компанија и работилница во Франција. Таа реши да додаде етикети на фиоките во нејзината канцеларија за да внесе карактер на своето работно место. „Сакам да биде организирано и функционално, но и убаво и инспиративно,“ објаснува таа. „Навистина сметам дека чистиот простор го разбиструва умот. Организирањето и чистењето на просторот ќе ви помогне појасно да ги гледате работите и да се чувствувате попродуктивно. Лично, секогаш сум под стрес и паничам поради моите секојдневни задачи кога домот ми е неуреден, но веднаш штом подредам сѐ на своето место, пред мене како да започнува нов ден.“
Организирајте го вашиот живот со рачно изработени етикети
Caroline сака прво да ги испланира основите на она што се обидува да го организира пред да почне да ги прави рачно изработените етикети. „Може да биде многу тешко да започнете со организирањето,“ објаснува таа. „Затоа, одлучете кои работи се важни, кои работи мора да бидат при рака и кои работи може да се складираат заедно. Така ќе знаете точно кои и колку етикети ќе ви требаат и може да уживате во процесот на нивно изработување без да се нервирате што и каде треба да се постави.
„Ќе ви бидат потребни издржливи етикети што ќе може да одолеат на сонцето, водата и времето,“ продолжува таа. „Нешто што нема да ви е страв да го допрете со валкани раце и што нема да мора често да го заменувате.“
Laetitia се согласува дека треба да си поставите одредени прашања пред да започнете со дизајнирањето. „Каков вид етикети ви требаат? Која би била совршената големина? Големината, формата и видот на садот ќе го одредат дизајнот на етикетите,“ вели таа.
Како да ги дизајнирате вашите рачно изработени етикети и налепници
„Општо земено, не ни се потребни многу етикети, така што не треба да потрошиме премногу време во нивната изработка,“ вели Caroline.
Може да дизајнирате ваши рачно изработени етикети или да побарате готови шаблони за преземање и печатење во апликацијата Creative Park од Canon, која нуди бесплатни ресурси за изработка на хартиени модели за печатачи од Canon. Апликацијата е полна со проекти за модели од хартија што може да се прилагодуваат и персонализираат со текст и ваши слики, како што се налепниците со порака или дизајните во јапонски стил - пребарајте „Налепници“ за да видите дел од достапните опции.
Laetitia вели дека е забавно да се експериментира со контрастот и различните големини на фонт и тежини за да оставите ваш личен печат врз вашите предмети. „Погрижете се да ги вклучите клучните информации без да ја претрупате етикетата со премногу текст,“ вели таа. „Не плашете се од белиот простор. Играјте со контрастот. Користете различни фонтови - најмногу два или три - со различна големина и дебелина за да привлечете внимание. Забавувајте се и внесете креативност во вашиот дизајн со бои, цртежи и графики.“
Како да ги отпечатите вашите рачно изработени етикети
Откако ќе ги создадете вашите етикети, забавниот дел е да ги отпечатите. Laetitia ја користеше серијата PIXMA TS7450 од Canon и ги отпечати етикетите директно од нејзиниот телефон со апликацијата Canon PRINT, која функционира со повеќето печатачи со Wi-Fi. „Сакам да можам да печатам безжично, а квалитетот на живописните бои е одличен,“ вели таа.
Серијата PIXMA TS7450 од Canon е компатибилна со голем број различни креативни медиуми и Laetitia користеше хартија за печатење Red Label Superior од Canon и фотохартија Plus Glossy II од Canon за нејзините картички за посвета и етикети за козметика, идеални за предмети како што се теглите.
Caroline го користеше преносливиот печатач SELPHY Square QX10 од Canon за нејзиниот проект за етикети, а резултатот беа богати, детални квадратни отпечатени материјали со леплива задна страна. „Го користев SELPHY Square QX10 од Canon и отпечатив четири етикети на лист хартија,“ објаснува таа. „Совршено беше - боите се живописни и богати, мастилото веднаш се суши и беше лесно да се исечат.“
SELPHY CP1300 од Canon е уште еден одличен печатач со Wi-Fi за печатење мини налепници за вашиот дом. Брз и пренослив, тој е идеален за печатење на голема палета на медиуми, од отпечатени материјали со лабораториски квалитет до рачно изработени налепници, а е компатибилен и со апликацијата SELPHY Photo Layout.
Може да создавате рачно изработени етикети и со Zoemini S2 од Canon, 2-во-1 печатач за фотографии со џебна големина, како и со инстант печатачот Zoemini од Canon. Двата се компатибилни со однапред исечената хартија за кружни налепници ZINK 1.3“ од Canon, така што може да дизајнирате, печатите и лепите веднаш. Користете ја апликацијата Canon Mini Print за да им додадете личен печат на вашите етикети отпечатени на Zoemini од Canon.
Создавање рачно изработени етикети за подароци и украсна хартија
Вложувањето време и внимание во завиткувањето на подароците е сигурен начин да ги разведрите лицата на пријателите кога ќе им врачите подарок. Зошто да не додадете и рачно изработена етикета? Creative Park има одлични опции ако сте во потрага по идеи, вклучувајќи и картички за посвета и додатоци за украсна хартија.
„Завиткувањето на подароците е еден од моите омилени делови на подарувањето,“ вели Caroline. „За да го направам одвиткувањето дел од подарокот, обожавам да поставам украсни детали на пакувањето, како на пример убава панделка или ознака со име. Може да ја направите ознаката со етикета и да ја разубавите со фотографија или интересна информација за подарокот,“ додава таа.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
Печатачи за во домот
Серија PIXMA TS7450
Стилски сè-во-еден уред за љубителите на модерна технологија со многубројни креативни опции за печатење, како и технологија ADF за полесно копирање и скенирање врз различни видови хартија. -
Печатачи за во домот
SELPHY SQUARE QX10
Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте. -
Печатачи за во домот
SELPHY CP1500
Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.
Слични статии
-
СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Совети за печатење за враќање на училиште
Најдете креативни начини да се организирате за учебната година со печатач од Canon.
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Печатете листи, планови и цели
Бидете креативни со печатач Canon PIXMA и останете организирани и совесни низ целата година.
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Забавувајте се со печатењето
Пет причини зошто ви е потребен компактен печатач за фотографии.
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Персонализирајте ги вашите уреди
Создавајте приспособени налепници за вашиот телефон и за другите уреди со преносливите печатачи од Canon.