Користењето на PowerShot PX од Canon е исто како да имате сопствен фотограф и видеограф. Независно дали организирате забава или ја користите како веб-камера, компактната PTZ-камера (поместување, закосување, зумирање) ги снима моментите автоматски. Ставете ја на рамна површина или на статив и вклучете ја, а таа штом препознае лице, ќе почне самостојно да снима фотографии и видеоснимки на интелигентен начин. Се напојува преку батерија, а нејзиниот објектив има одличен опсег на поместување, закосување и зумирање.
На тој начин вие можете слободно да уживате во моментите - да не спомнеме дека може и да учествувате во случувањата - без обврска да бидете фотограф или снимател. Исто така, нема потреба да ги разгледувате фотографиите и видеоснимките со часови за да ги изберете тие што ви се допаѓаат најмногу. Сите содржини во мемориската картичка на PowerShot PX се прикажуваат на апликацијата Connect за мини PTZ-камери инсталирана во вашиот паметен телефон, за да можете рачно да ги изберете омилените содржини и да ги префрлите или споделите на социјалните медиуми. Исто така, камерата е доволно паметна за да ви ги препорача најдобрите слики и видеоснимки, а тоа ви заштедува време и напор.
Погледнете го видеото подолу за да дознаете повеќе информации за поставувањето и користењето на PowerShot PX од Canon.