СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

11 совети за семејно фотографирање

Дознајте одлични совети за прекрасни семејни портрети од амбасадорката на Canon Helen Bartlett.
Canon Camera
Helen Bartlett спаѓа во групата на најпочитувани фотографи за семејни портрети во Обединетото Кралство. Таа работи само со природна светлина и не користи блиц. Helen снима само црно-бели фотографии за да создаде безвременски семејни фотографии.

Ја замоливме да сподели неколку работи што ги научила во текот на нејзината долга и престижна кариера. Продолжете да читате и откријте како да снимате прекрасни слики од вашето семејство.

1. Држете го фотоапаратот во рака, а не вашиот телефон

„Првиот чекор кон снимање одлични фотографии е секогаш да го имате фотоапаратот при рака. Паметните телефони денес снимаат одлични фотографии, но добар фотоапарат ќе ви понуди многу повеќе контрола врз вашите слики. Друга лоша страна на телефоните е тоа што лесно можат да ви го одвлечат вниманието со е-пораки или работа. Со DSLR-фотоапарат или добар компактен фотоапарат ќе се фокусирате на снимање слики. Многу фотоапарати ќе ви понудат и датотеки со повисок квалитет за работа, што е од огромно значење ако сакате да ги печатите вашите фотографии. Ви препорачувам да го чувате фотоапаратот во вашата торба или на работната маса во кујната за да може секогаш да ви биде при рака кога ќе ви затреба“.
Мало момче си игра меурчиња од сапуница.

2. Фотографирајте специјални пригоди

„Снимањето на процедурите и традициите за Божиќ или Велигден е прекрасно. Како што растат вашите деца, така овие слики исполнети со спомени ќе ги потсетуваат на среќните времиња. Ако времето е убаво за Божиќ, излезете надвор со фотоапаратот и новите играчки на децата. Фотографиите од децата кои ја шутираат новата фудбалска топка или ги возат своите нови велосипеди секогаш ќе успеат да ве насмеат и токму тие моменти нудат совршена можност да го фотографирате вашето семејство на природен начин“.

3. Започнете рано

„Сесиите за фотографирање ги започнувам во 8 часот наутро. Децата најдобро се фотографираат рано наутро, откако добро ќе се одморат и ќе појадуваат. Како минува денот, децата стануваат сè повеќе изморени, се препираат за играчките и веќе може да заборавите на нивната соработка. Затоа обидете се да ги снимате формалните или групните слики рано во денот. Потоа во останатиот дел од денот може да се опуштите и да снимате забавни и природни слики без да се грижите како да го натерате бебето да се насмее на фотоапаратот. Прилагодете се кон распоредот на децата за да имате најдобри прилики за снимање одлични фотографии. Фотографирајте многу слики, фотографирајте секојдневно и до крајот на сезоната ќе можете да направите книга од семејните авантури на кои со задоволство ќе се присетувате“.
Дете кое стои на крајбрежје и посегнува со раката кон мајка си, која влегла во вода до коленици.

Портретите со позирање најдобро се снимаат рано во денот, кога децата не се изморени, но може да ги фотографирате во секое време. Фотографирањето со светлината што ја нуди доцното попладне овозможи да се доловат силуети од мајката и детето, што се рефлектираа на површината на водата. Снимено со EOS-1D X Mark II од Canon и објектив EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon со избрани 24 mm, 1/8000 сек., f/2,8 и ISO1600. © Helen Bartlett

4. Вклучете го целото семејство

„Во многу семејства има една личност која секогаш стои зад фотоапаратот; додека растев тоа беше татко ми. Менувајте се во улогата на фотограф за да можат сите членови од семејството да бидат во фотографиите, бидејќи тие фотографии ќе им бидат важни на вашите деца додека растат. За да снимите портрет од сите членови на семејството треба да го ставите фотоапаратот на статив (или на друго стабилно место како маса или клупа во парк) и да активирате тајмер. Исто така, може да им го дадете фотоапаратот на вашите деца за тие да ве фотографираат. Децата се креативни по природа и можеме да научиме многу од нивните често неочекувани композиции. Вклучувањето на децата во креативниот процес ќе резултира со забавни семејни активности и тие може да предложат идеи што не би ви паднале на ум. Тоа може да предизвика и интерес за фотографирање кај нив, може да прерасне во хоби што би го правеле заедно во текот на нивните детски и тинејџерски години, а може да прерасне и во нивна идна кариера“.
Мало девојче се смее со испружени раце, на долен дел од лизгалка.

Носете го вашиот фотоапарат насекаде за да не пропуштите ниту една прилика - може да се изненадите од придобивките што ги нуди фотографирањето секојдневни активности, како прошетка низ паркот. Снимено со EOS-1D X Mark II од Canon и објектив EF 35mm f/1.4L II USM од Canon со избрани 1/1000 сек., f/3,2 и ISO1000. © Helen Bartlett

5. Фотографирајте го секојдневието

„Поминаа деновите кога фотоапаратот се користеше само за специјални пригоди и празници. Денес можеме да снимиме многу повеќе слики од природни активности. Фотографирајте како членовите од вашето семејство седат прегрнати на креветот на крајот од напорните денови. Доловете го тој радосен поглед кога вашите деца ќе скокнат во вашиот кревет уште во 5 часот наутро подготвени за игра. Оддалечете се во заднината и користете подолг објектив или функцијата за зумирање на вашиот фотоапарат за да ги фотографирате децата како си играат и да добиете навистина прекрасни и природни слики“.

6. Користете различни локации за раскажување приказни

„Обидете се да доловите елементи што раскажуваат приказна во вашите слики. Снимањето совршен портрет е одлично, но и фотографирањето со поширок агол може да ви предизвика огромно задоволство. Фотографирајте ги вашите деца заедно со играчките во нивната соба. Додадете размер во сликите од вашите деца како си играат во паркот или локалната шума преку вертикално фотографирање за да ја доловите висината на дрвјата. Користете го вашето опкружување на креативен начин, барајте различни форми и сенки, рефлектирања и елементи за обликување на кадарот за да ги збогатите вашите слики со специјални елементи“.
Црно-бела слика од две деца кои лежат на килим, чиј кадар е обликуван со оградата на скалите, снимена одозгора од одморалиште на скалите во домот.

Експериментирањето со агли и композиции ви овозможува да создавате прекрасни слики каде и да сте. Снимено со EOS-1D X од Canon и објектив EF 24mm f/1.4L USM од Canon (сега е заменет со новиот EF 24mm f/1.4L II USM од Canon) со избрани 1/60 сек., f/3,5 и ISO3200. © Helen Bartlett

Мало момче си игра со играчка авион во темна просторија. Сенката на авионот се рефлектира на таванот со рефлектор.

Експериментирањето со светлината може да ви помогне да снимите одлични слики. Тука Helen користела силуети и рефлектор за да го истакне субјектот и да ја направи сликата многу поинтересна што инаку би била многу обична. Снимено со EOS-1D X Mark II од Canon и објектив EF 35mm f/1.4L USM од Canon (сега е заменет со новиот EF 35mm f/1.4L II USM од Canon) со избрани 1/250 сек., f/1,4 и ISO8000. © Helen Bartlett

7. Барајте интересни агли и композиции

„Понекогаш може да ја доловите суштината на некој човек без да му го фотографирате лицето. Интересните агли и перспективи можат да резултираат со многу интересни слики. Може да ги доловите деталите од рачињата на вашето бебе или инсистирањето на вашето дете да ги носи чевлите обратно. Експериментирајте со поставките на вашиот фотоапарат. Користете голема брзина на блендата за да ги доловите сите детали од движењата. Или, пак, прикажете ги заматени активностите на вашето дете преку намалување на брзината на блендата и користење статив, за фотоапаратот да биде стабилен додека вашето дете трча покрај него. Не плашете се да користите поголема вредност за ISO кога фотографирате во затворени простории. Јас никогаш не користам блиц и сакам да ја користам достапната светлина за да добијам фотографии со природен изглед. Обидете се да снимате црно-бели слики, бидејќи тие изгледаат безвременски и во нив ќе уживаат многу идни генерации“.

8. Пронајдете ја светлината

„Искористете го правилниот извор на светлина - ако работите во затворена просторија, тогаш искористете ја природната светлина што навлегува низ прозорецот и завртете го субјектот кон изворот на светлина за да добиете прекрасно осветлен портрет. Ако работите надвор, тогаш побарајте сенка што ќе ви овозможи меко и подеднакво осветлување на лицето на вашиот субјект. Слабата сончева светлина во зима може да биде извонредна за снимање амбиентални портрети. Барајте долги сенки што можат да внесат интересни елементи во кадарот на вашите слики.

„Брзите примарни објективи се извонредна инвестиција за вашиот DSLR или фотоапарат без огледало. Секогаш им го препорачувам EF 50mm f1.8 STM од Canon на фотографите кои работат со DSLR од Canon. Тој е висококвалитетен и евтин објектив со фиксна фокусна должина и поширока решетка. RF 50mm F1.8 STM од Canon би бил алтернативен еквивалент за оние кои користат систем без огледало за целосна слика од Canon. Ваквите објективи со широки решетки пропуштаат големо количество на светлина, што значи дека се совршени за фотографирање деца во затворени простории“.
Црно-бела слика одблиску од мало дете кое гледа во подот.

Ако клекнете за да го доловите вашиот субјект на ниво на неговите очи, тогаш ќе добиете слики со чувство на интимност. Снимено со EOS R5 од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/1000 сек., f/1,2 и ISO100. © Helen Bartlett

9. Спуштете се на нивно ниво

„Спуштете се на ниво на очите на децата за да го видите светот од нивна перспектива. Седнете или легнете на подот. Овој пристап може и да ги минимизира пречките и нередот во заднината на вашата слика. Заднината може да ја исполните со небо, дрвја или ѕидови наместо со сите играчки од плакарот оставени покрај вашите стапала, иако и тоа не е пречка за да добиете слика од детето кое е задоволно со нередот што го направило!“

10. Печатете ги вашите слики

„Без разлика дали имате печатач во домот или ги печатите сликите преку интернет или во фотостудио, најважно е да ги отпечатите. Исто така, може да ги отпечатите вашите слики на чаши, постери и многу повеќе. На овој начин ќе уживате во нив секој ден. Отпечатените слики на хартија може да се чуваат на безбедно место и нема да се загубат од компјутер или мемориска картичка“.
Црно-бела слика од мало момче кое се смее и скока на кревет.

Квалитетот на вашите конечни слики може да се зголеми доколку вашите субјекти уживаат при фотографирањето, па затоа не заборавајте да се забавувате. Снимено со EOS R5 од Canon со објектив EF 24-70mm f/2,8L II USM од Canon со избрани 38 mm, 1/1000 сек., f/2,8 и ISO2500. © Helen Bartlett

11. Направете го процесот забавен

„Погрижете се децата да уживаат додека ги фотографирате за да можете полесно да соработувате со нив. Не очекувајте премногу од нив, особено ако се изморени, и вклучете ги во целиот процес. Фотографирајте ги нивните омилени работи, нивните меки играчки, сликата што штотуку ја нацртале. Играјте игри, пејте песни, качувајте се по дрва“.

„Не заборавајте, фотографирањето на вашето семејство е најзабавното искуство што може да го доживеете со фотоапаратот и се надевам дека овие совети ќе ве охрабрат да го користите вашиот фотоапарат повеќе оваа сезона и да снимите слики на кои ќе им се восхитувате со години“.

Слични производи

Слични статии

  • Црно-бела фотографија од бебе кое допира книга.

    СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Совет за семејни фотографии

    Дознајте како амбасадорката Helen Bartlett на Canon ја пронајде својата страст за снимање семејни фотографии.

  • Млада девојка со капа седи со родителите во шума, сите тројца гледаат нешто што е надвор од кадарот, а таткото користи PowerShot ZOOM од Canon.

    ПРЕНОСЛИВИ ФОТОАПАРАТИ

    Гледајте подалеку: PowerShot ZOOM

    Дознајте зошто овој компактен фотоапарат со џебна големина е идеален за семејни авантури.

  • Жена и нејзините три деца стојат околу сад за мешање во кујната и подготвуваат нешто за печење. PowerShot PX ставен врз куп книги и насочен кон нив.

    СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Снимајте моменти без напор

    Снимајте ги секојдневните моменти на едноставен начин со PowerShot PX од Canon.

  • Црно-бели отпечатени фотографии од деца и семејства подредени во стил на решетка на подот.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобри совети за изложување отпечатени фотографии

    Дознајте како да го разубавите вашиот дом со прекрасни отпечатени семејни фотографии како во галерија.