КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Играјте си со храната: отпечатете и врамете фотографии од проекти коишто се здрави и можат да се јадат

Создадете уметнички фотографии од храната којашто ја јадеме секојдневно.
Canon Camera
Со малку креативност, можете да создадете прекрасно отпечатени уметнички дела. Во овој водич, ќе ви покажеме како да ги создадете вашите забавни кулинарски дела, а потоа да ги доловите резултатите со фотоапарат и да отпечатите живописни фотографии коишто ќе можете да им ги покажете на останатите. Ова е интересен проект во којшто може да ужива целото семејство и за којшто сигурно веќе ги имате сите потребни материјали коишто подоцна може да ви послужат и како здрава ужинка.

1. Изберете ја храната

Разно овошје, зеленчук и леб ставени во садови на послужавник.

Отворете го фрижидерот и изберете шарено овошје и зеленчук, како и друга храна којашто може да се искористи за правење лица, како на пример шпагети за коса, јагоди за усни, суво грозје за очи итн.

Мајка и двете нејзини деца прават лик од храна на зелена чинија.

Експериментирајте со различна храна и менувајте го изгледот на вашето дело.

Изберете разновидна и шарена храна којашто ќе ви послужи да ги изработите смешните ликови. Свежото овошје и зеленчук е супер избор бидејќи го има во разни бои и лесно се обликува, а е одличен начин за подигнување на свеста за здрава исхрана. Со доматите, пиперките, јагодите и морковите ќе внесете убави бои, а зрнестата храна и овошје ќе ви послужат за правење на очи и други црти на лицата. Употребете храна што може да се нароси како на пример, леќа или семиња. Одредена храна како што се переците или палачинките е во кружна форма и ќе им ја олесни работата на децата.

2. Наредете ја храната

Човек од краставица, портокал и јаболко, поставен на бела чинија.

Создавањето ликови од храна е забавен начин да го поттикнете семејството да се занимава со уметност, а можете и да ги пробате материјалите. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon, со избрани 1,3 сек., f/8 и ISO 100.

Следува најинтересниот дел. Соберете го семејството, земете чинија и од храната создадете лик, цела фигура или која било друга форма. Изберете храна во бои коишто ќе се надополнуваат или ќе создадат контраст, а притоа имајте предвид дека дел од свежата храна побрзо ќе потемни, па оставете ги парчињата јаболко или банана за на крајот. Кога избирате чинии и прибор за јадење, користете едноставни чинии во различни бои, а избегнувајте ги чиниите со сложени дезени бидејќи го одвлекуваат вниманието од храната. За сечкање и обликување на храната користете нож и даска за сечкање.

3. Обликувајте ги сендвичите

Мајка и син се обидуваат да ја направат од храна лондонската саат-кула Биг Бен.

Рекреирањето на знаменитости и кули е едноставен и забавен начин за вклучување на семејството во заеднички активности.

Статуа од саат-кулата Биг Бен во Лондон направена од леб, кашкавал и краставица.

Бидете креативни и создадете го вашиот препознатлив споменик од храна како во примерот со лондонскиот Биг Бен. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon, со избрани 1 сек., f/5.6 и ISO 100.

Претворете ја секојдневната ужинка во впечатлива структура како нашиов повеќеслоен сендвич „Биг Бен“. Материјалите како леб, бисквити, житарки и торта се лесни за редење во слоеви, а за да не се растурат, можете да ги прицврстите со помош на стапчиња за набодување на месо. На децата ќе им биде интересно да создадат некој познат споменик, а уште повеќе да го растурат и изедат за време на ручекот.

4. Подгответе се за фотографирање

Мајка го држи своето дете додека поставува фотоапарат на статив за да фотографира чинија со храна во облик на лик од перспектива одгоре.

Вклучете го мекото копче за активирање на блендата ако е достапно на вашиот фотоапарат за вашите деца да можат истовремено да фокусираат и да фотографираат со допирање на екранот.

Екран со променлив агол на фотоапарат од Canon на којшто е прикажан тајмер поставен на две секунди за фотографирање на чинија со храна.

Користењето на тајмер поставен на 2 секунди го спречува тресењето на фотоапаратот што може да настане при притискање на копчето за блендата. Благодарение на тајмерот, фотоапаратот ќе се стабилизира пред да започне со фотографирање.

Откако ќе завршите, земете го фотоапаратот и подгответе се за фотографирање. Ако сакате да фотографирате одгоре, поставете парче хартија во боја под чинијата за да добиете живописна позадина. Изберете хартија во боја којашто ќе создаде контраст со чинијата со храна. Употребете статив доколку го имате. Стативот ви овозможува да фотографирате со помала брзина на блендата, со што ќе можете да користите помала вредност за ISO и ќе добиете фотографии со помал шум. Доколку немате статив, можете да го држите фотоапаратот во рацете, но ќе треба да ја зголемите вредноста за ISO. Ако го поставите фотоапаратот на статив, ќе имате повеќе слобода за менување на кадарот.

5. Користете ја светлината од прозорците

Жена фотографира кула од храна со фотоапарат поставен на статив покрај голем прозорец.

Застанете покрај голем прозорец кога фотографирате мртва природа за да го искористите мекото осветлување.

Девојче држи син лист хартија зад кула од храна во облик на Биг Бен.

Употребете лист хартија за убава неутрална позадина којашто ќе го истакне предметот.

Светлината од прозорците е совршена за овој стил на фотографирање мртва природа. Прозорецот овозможува богато осветлување коешто ја заплиснува храната со мека, рамномерна светлина. Изберете си место покрај голем прозорец каде што нема директна сончева светлина и експериментирајте за да откриете дали ви одговара осветлување одозгора или отстрана. Ако светлината од едната страна е пресилна, можете да употребите рефлектор или бела хартија за ја одбиете и насочите кон засенетите делови од спротивната страна.

6. Изберете ги поставките за фотоапаратот

Задната страна на фотоапарат од Canon којшто е поставен на статив за сликање одгоре.

Некои стативи како прикажаниот имаат централен столб којшто се протега хоризонтално за да можете да го поставите фотоапаратот директно над храната.

Банана обликувана во форма на жена во хавајско здолниште и поставена на црна чинија со жолти точки.

Со малку креативност, вашите кулинарски дела нема ни да потсетуваат на вистинската храна, како жената, односно бананата што танцува. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon, со избрани 1,3 сек., f/8 и ISO 100.

Можете да ги користите поставките за фотоапаратот коишто најмногу ви одговараат, но ви ја препорачуваме следната практична поставка за прилагодување на експозицијата кога фотографирате со статив: поставете го вашиот фотоапарат во режимот за приоритет на решетката (Av) и употребете решетка со среден опсег, како на пример f/8, а поставете ја вредноста за ISO на 100. Фотоапаратот ќе ја избере идеалната брзина на блендата. Бидејќи при овие поставки брзината на блендата најчесто е многу мала, поставете тајмер на 2 секунди за да го спречите тресењето на камерата коешто настанува при активирањето на блендата, или, пак фотографирајте од далечина преку апликацијата Camera Connect од Canon со помош на вашиот мобилен телефон.

7. Подгответе се за печатење

Колаж од четири фотографии од чинии со храна направен со апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon.

Освен за печатење на поединечни фотографии, апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon можете да ја користите и за создавање на едноставни колажи.

Штом веќе сте ги направиле саканите фотографии, зошто да не ги отпечатите? Лесно можете да се подготвите за печатење со помош на апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon. Префрлете ги фотографиите на вашиот паметен телефон со користење на апликацијата Camera Connect од Canon или image.canon, а потоа отворете ги фотографиите во апликацијата Easy-PhotoPrint Editor, изберете големина на хартија и отсечете ги неуредните рабови со функцијата за отсекување. Можете да употребите и некој од понудените филтри за да ги засилите тоновите. Не заборавајте да го изберете точниот вид на медиум во поставките за печатење, односно мат или сјаен медиум, како и да го изберете најдобриот квалитет на печатење. Ви препорачуваме да си зачувате и однапред поставени поставки за печатење во паѓачката листа за однапред поставени параметри за да можете да ги примените истите поставки за печатење на останатите фотографии од вашата кулинарска уметност со само неколку кликнувања.

8. Печатење и врамување

Девојче гледа како PIXMA TS8351 од Canon печати шарени ликови изработени од храна.

Серијата PIXMA TS8350 од Canon е совршена за безжично печатење на живописни и детални материјали од вашиот компјутер или телефон. Ова ви го овозможува секој уред од палетата PIXMA од Canon.

Девојче поставува врамен колаж од слики со ликови од храна над камин.

Отпечатете ја и врамете ја вашата уникатна изработка, а потоа изложете ја на ѕидот или над каминот.

Поставете неколку листа мат фотохартија во печатачот и започнете со печатење. Штом ќе завршите, можете и да ги врамите фотографиите. Можете да користите магнетна фотохартија од Canon и да ги залепите фотографиите на фрижидерот или, пак, SELPHY Square QX10 од Canon за директно печатење на леплива квадратна фотохартија. Вашите шарени уметнички дела ќе изгледаат одлично искомбинирани во колаж и закачени на ѕидот или поставени над каминот, а има ли подобар начин да ги зачувате спомените од едно убаво попладне поминато во експериментирање со храна?

Напишано од James Paterson

Слични написи

  • СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Отпечатете сопствена книга со рецепти

    Natasha Alipour-Faridani објаснува како да фотографирате и да отпечатите сопствена книга со рецепти.

  • Чај што прска нагоре во воздухот од висока шолја со текстура ставена врз чинија.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

    Како да станете инфлуенсер за храна

    Совети за фотографирање храна од Yasmin AlBatoul, инфлуенсерка на Instagram и амбасадорка на Canon.

  • Лимон што лебди во воздухот над илустрирана слика од тенисер што се подготвува да сервира. Се добива ефект дека играчот се подготвува да го удри лимонот.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Интересни отпечатени материјали со Paperboyo

    Забавувајте се, печатете и објавувајте: Paperboyo, ѕвездата на Instagram, експериментира со SELPHY Square QX10 од Canon.

  • Забава со печатање за сите

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Забава со печатање за сите

    Шест начини на коишто вашиот печатач PIXMA може да ги развесели вашиот дом, семејните активности и уредите.