ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

Како да успеете во фотографирањето храна: како да станете професионалец

Фотографот за храна и амбасадорка на Canon, Yasmin AlBatoul, објаснува како ја разви својата кариера и нуди совети за надежните фотографи.
Чај што прска нагоре во воздухот од висока шолја со текстура ставена врз чинија.

Фотографирањето храна не ја губи популарноста и резултира со милиони објави на Instagram секојдневно. Но, при толку многу достапни содржини, за новите фотографи за храна станува сè потешко да се истакнат од останатите. Дознајте како дури и наједноставните оброци подготвени дома можат да изгледаат достојни за ѕвезда од Мишелин.

Еден од фотографите кои прераснаа од аматери во професионалци е амбасадорката на Canon - Yasmin AlBatoul. Со потекло од Батна во Алжир и вештини што сама ги усовршила, Yasmin веќе има препознатлив стил, а тоа е примена на движења и енергија со кои ги истакнува своите слики од останатите. „Најинтересен ми е предизвикот за претворање нешто обично, нешто секојдневно како храна, во нешто прекрасно и уметничко“ - вели таа.

Yasmin почна да фотографира во раните тинејџерски години, а инспирација добиваше од француските каталози за дизајн на ентериер на нејзиниот дедо. „Некои од нив имаат повеќе од 4000 страници и јас многу долго ги разгледував, посакувајќи и јас да можам да снимам такви фотографии“.

Неколку години подоцна, Yasmin почна да користи социјални медиуми и да гледа водичи на YouTube за да ги совлада рачните контроли на нејзиниот EOS 600D од Canon (сега заменет со новиот EOS 850D од Canon). Како што растеше нејзиното искуство, така растеше и бројот на нејзините следбеници, а за кратко време стана професионален фотограф за храна. Денес има приближно 50.000 следбеници на Instagram, а има сработено и голем број професионални ангажмани.

Yasmin е во одлична положба да разговара за нејзините достигнувања и тука ќе ни ги открие најважните лекции што ги научила по патот кон успехот.

1. Експериментирајте со различни техники

Две чаши со светло розова течност и ливчиња што лебдат во нив. Течноста се сипува од поголема висина и предизвикува прскање кај една од чашите.

Yasmin вели дека тајната за нејзиниот успех на интернет е пронаоѓање уникатен и забележителен стил - на тој начин се истакна од конкуренцијата. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4L IS USM со избрани 85 mm, 1/200 сек., f/4 и ISO100. © Yasmin AlBatoul

Чинија со чурос на маса, едно парче ставено во сад со чоколаден сос, а друго парче лебди над чинијата.

Фокусирањето на одредена површина или субјект во фотографирањето храна овозможува поголема креативност. Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon и објектив EF 100mm f/2.8L Macro IS USM со избрани 1/200 сек., f/6,3 и ISO250. © Yasmin AlBatoul

За да создадете сопствен стил, Yasmin ви препорачува да експериментирате.

„Вниманието секогаш ми го привлекуваат професионални фотографи кои користат неконвенционални техники“ - објаснува таа. „Јас сакам да користам големи брзини на блендата за да фотографирам предмети во лет или капки вода и да создавам интересни ефекти во заднина. Ова беше една од првите техники што ги научив кога започнав да го користам рачниот режим“. Боењето со светлина е уште еден трик кој Yasmin го користела уште кога била аматер. Кога се прави контролирано, вели таа, може да создадете прекрасен и уметнички изглед на сликата.

На фотографите кои сакаат да доловуваат движења исто како Yasmin, им го препорачуваме EOS M50 од Canon што нуди фотографирање со брзина од 10 fps во секвенцијален режим за да не пропуштат ниту еден момент.

2. Развијте ја вашата уметничка страна

Различни овошја што личи дека лебдат, боцнати на виљушка, со светло сина заднина.

Развивањето на онлајн заедницата е одличен начин да видите какви содржини се пласираат, да се поврзете со следбеници и да го развиете вашиот бренд. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4L IS USM со избрани 105 mm, 1/100 сек., f/7,1 и ISO100. © Yasmin AlBatoul

Три пржени јајца што изгледаат како да лебдат наспроти жолта заднина.

Yasmin сè уште го користи нејзиниот прв фотоапарат за да снима професионални слики, а тоа е доказ дека може да снимате висококвалитетни фотографии без да потрошите многу пари. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4L IS USM со избрани 70 mm, 1/125 сек., f/4,5 и ISO100. © Yasmin AlBatoul

„Најважната лекција што ја научив е да привлекувате внимание преку создавање нешто поинакво“ - вели Yasmin. „Интересот за фотографирање храна и содржини за храна на сите платформи е сè поголем, па затоа сите кои се заинтересирани да станат инфлуенсери за храна треба да ја искористат својата уметничка страна.

„Внимавајте на естетиката“ - вели таа. „Сликите со храна изгледаат слично, па затоа создадете сопствен стил. Моќните инфлуенсери за храна имаат препознатлив изглед, а со развивање на вашата уметничка страна може да постигнете уникатни резултати“.

3. Градење на вашата заедница

Жолта супа се сипува во сад, а течноста прска нагоре во воздухот.

Техниката што ја избрала Yasmin внесува движење и забава во нејзините слики, а тоа ги истакнува од сликите од мртва природа. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4L IS USM со избрани 105 mm, 1/160 сек., f/6,3 и ISO200. © Yasmin AlBatoul

Во морето на фотографи кои размислуваат слично, Yasmin знаеше дека единствениот начин за да се истакне е да воведе нешто ново. „Знаев дека има многу луѓе кои тестираат храна и водичи за патувања и храна на платформите како што е Instagram, но многу мал број од нив беа фотографи за храна. Тоа беше мојот момент на откритие. Си помислив, „зошто да не споделувам содржини од гледната точка на фотографите за храна?“

„На почетокот немаше многу фотографи за храна во Алжир, па затоа мислев дека ќе биде интересно да ја истражам таа област. Готвењето е важен дел од нашата култура овде во Алжир и процесот ми се одвиваше природно“.

Социјалните медиуми ја поучија Yasmin за вредноста на поврзување со луѓето. Трудот за развивање мрежа ѝ помогна да се развие и како фотограф и како инфлуенсер.

„Кога почнав да ги објавувам моите слики, реакциите што ги добивав ми дадоа самодоверба да продолжам со мојата работа“ - вели таа. „Станувањето инфлуенсер ми откри дека луѓето се заинтересирани за тоа што го работам: сакаат да дознаат повеќе. А кога моето онлајн „семејство“ расте, се генерира поголем интерес за моите содржини“.

4. Објективите го отвораат прозорецот кон креативноста

Слика одблиску од печени костени, а еден од нив има распукана обвивка.

Истражете ги различните текстури и шеми на храната со помош на макро објектив. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4L IS USM со избрани 105 mm, 1/200 сек., f/8 и ISO100. © Yasmin AlBatoul

За професионални фотографии не ви треба професионален буџет. „Започнав да работам со EOS 600D од Canon бидејќи е идеален фотоапарат за почетници: има достапна цена и нуди одличен квалитет. Според мене, тој е еден од најсигурните фотоапарати на пазарот“ - вели Yasmin. Но, на Yasmin не ѝ требаше многу време за да напредне во фотографирањето и да ги надмине способностите на нејзиниот објектив што се испорачува со фотоапаратот. „Резултатите беа одлични, но јас сакав повеќе, па затоа го избрав EF 50mm f/1.8 STM од Canon“ - вели таа.

Yasmin откри дека со нов објектив добивате и нови креативни можности. „Решетката ми овозможи да ги заматувам заднините, што внесува шарм и карактер во фотографиите. Подобрувањата се забележуваа веднаш, особено во деталите, боите и вкупниот квалитет“.

Yasmin го користи и објективот EF 100mm f/2.8L Macro USM од Canon што најчесто го користи во комбинација со нејзиниот EOS 5D Mark IV од Canon. „Ова ми е омилениот објектив. Режимот за макро ги подобрува моите фотографии од храна, им додава поинтензивен и посветол изглед и ги збогатува со текстура и детали“.

Други објективи што треба да ги имате предвид се EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM во комбинација со EOS M50 или EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM во комбинација со DSLR-фотоапарат.

5. Продолжете да учите нови вештини

Розов чајник сипува чај во шолја и лебди во воздухот, над некоја чинија.

Експериментирањето со објективи, како што се макро објективите, може да направи голема разлика во вашите конечни слики, а омилениот објектив на Yasmin е EF 100mm f/2.8L Macro USM од Canon. © Yasmin AlBatoul

Група садови се полнат со ориз од дрвена лажица која лебди над нив.

Желбата за постојано подобрување е неопходна за сите кои сакаат да одат по стапките на Yasmin. Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon и објектив EF 100mm f/2.8L Macro IS USM со избрани 1/160 сек., f/9 и ISO100. © Yasmin AlBatoul

Важен аспект од долготрајниот успех на Yasmin е нејзината способност и волја да учи нови работи, дури и откако се докажа како професионалец.

„Кога гледам фотографии што сум ги снимила пред две или три години, задоволна сум од резултатот, но и среќна што сум продолжила да се подобрувам бидејќи сега можам да постигнам многу подобри резултати“ - вели таа. „Тајната е едноставна - само продолжете да учите. Затоа со задоволство ги споделувам моите совети со сите кои сакаат да се подобрат“.



Следете ја авантурата со храна на Yasmin на нејзиниот профил на Instagram @yasmin_albatoul

Напишано од Natalie Denton

Слични производи

Слични написи

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

    Усовршување на фотографирањето храна

    Фотографот Linda Lomelino ги споделува главните состојки за снимање прекрасни фотографии од храна.

  • ВИДЕО

    Како да снимате висококвалитетни видеоснимки од храна како професионалец

    Jessie Bakes Cakes има повеќе од 100 илјади следбеници благодарение на нејзините неверојатни видеоснимки од храна. Овде таа објаснува како да го усовршите снимањето видеоснимки од храна.

  • СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Отпечатете сопствена книга со рецепти

    Natasha Alipour-Faridani објаснува како да фотографирате и да отпечатите сопствена книга со рецепти.

  • МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Макро фотографирање храна

    Создајте интересни апстракти со храна со макро објективи од Canon.