Печатачот PIXMA TR150 од Canon е доволно мал и лесен за да го носите со вас.
Кога работите во движење, важно е да ја искористите секоја можност. Наместо ветување за е-порака, оставањето отпечатена понуда на потенцијален клиент, па дури и договор за потпишување, е одличен начин за склучување зделка.
Можноста за печатење на лице место може да биде корисна во различни ситуации. Лични тренери и физиотерапевти може да остават листови и слики со вежби, така што ќе бидат сигурни дека нивните клиенти ќе ги прават правилните движења кога ќе нема кој да им помогне. Туторите може да им помогнат на учениците со јасни планови за лекции, мали листови со белешки и кратки прибелешки.
Компактни и преносливи, печатачите PIXMA TR150 и PIXMA TR150 со батерија се одличен избор на печатачи за секој што сака да печати кога е надвор од домот или канцеларијата. Ви откриваме пет причини зошто овој печатач може да ви обезбеди поефикасно деловно работење.