ИНСТАНТ ПЕЧАТАЧИ

Малиот фотоапарат со печатач што им дава слобода на фотографиите: изразете се со Zoemini S2 од Canon

Модниот блогер Izzy Manuel го користи Zoemini S2 од Canon за да го истакне својот старомоден стил со инстант отпечатени фотографии.
Три примероци на Zoemini S2 од Canon, во бела, зелена и розово-златна боја, поставени на маса и опкружени со облека и отпечатени автопортрети.

Кога последен пат сте ги прелистувале сликите на вашиот паметен телефон? Можно е да сте наишле по некое изненадување - средби што сте ги заборавиле, а на кои одненадеж сте се потсетиле. „Имам околу 24.000 фотографии на телефонот,“ вели блогерот за одржлива мода и животен стил Izzy Manuel, кому му се допаѓа старомодната облека. „Половина од нив се автопортрети. Но, другата половина се спомени што би сакал почесто да ги гледам - божиќни вечери или вечерни излегувања со пријателите од факултет. Животот не го прават специјален само големите настани, туку и малите нешта, нешто што сите го сфативме за време на пандемијата со коронавирусот,“ додава таа.

Денес носиме паметни телефони и подвижни фотоапарати каде и да одиме и снимаме повеќе слики од кога било. Милијарди фотографии се снимаат секоја година, но многу од нив се складирани на SD-картички или во галериите на телефоните и собираат дигитална прашина.

Насмеана жена лежи во кревет и гледа во паметниот телефон.

Ретро модниот блогер Izzy Manuel ги користеше Zoemini S2 од Canon и Zoemini од Canon за да го изрази својот стил, додавајќи рабови и филтри за да изработи персонализирани отпечатени фотографии.

Жена седната на син орман, а во преден план има купче книги на кои е поставен Zoemini S2 од Canon.

„Може да го поврзете Zoemini S2 од Canon со вашиот паметен телефон, да го поставите на купче книги, на пример, да поставите тајмер, а потоа да гледате што фотографирате преку телефонот,“ вели Izzy.

Оставете ги настрана дебатите за телефоните наспроти фотоапаратите - тие може да соработуваат. Не ви треба специјален уред за да го користите Zoemini S2 од Canon и апликацијата Canon Mini Print, а може и директно да ги преземате сликите во апликацијата преку паметниот телефон. Може и да ги преземате сликите од дигиталните фотоапарати како што се PowerShot G7 X Mark III од Canon на вашиот паметен телефон и да печатите преку апликацијата. Може да пристапите и до фотографиите зачувани на Facebook, Instagram, Google Photo, Dropbox или iCloud пред да ги отпечатите во движење.

Со помош на преносливите печатачи од Canon, Izzy ни покажува дека може да бидеме креативни, да внесеме нов живот во старите слики и да направиме нови што ќе сакаме да ги гледаме постојано како отпечатени материјали.

1. Приспособете ги вашите отпечатени материјали

Жена на паметен телефон додава икони и филтри на слика во апликацијата Canon Mini Print.

Со помош на Bluetooth® може да ја поврзете апликацијата Canon Mini Print со вашите сметки на социјалните медиуми за да ги преземете вашите фотографии и да ги измените со вградените филтри, рабови и налепници во апликацијата.

Жена гледа во различни икони и налепници во апликацијата Canon Mini Print.

Освен икони и емотикони, може да додавате текст во фотографиите отпечатени со Zoemini S2 од Canon и Zoemini од Canon.

Izzy е од генерација што порасна со дигиталната технологија, но го цени и печатењето и автентичниот изглед што го нуди аналогната технологија. Визуелно, ретро чувството се комбинира со нејзината љубов за старомодната облека и одржливата мода, а Zoemini S2 од Canon е совршената алатка за спојување на модерното и старомодното.

Достапен во повеќе бои, Zoemini S2 од Canon е мал и интуитивен за користење, со три режими, режим за фотографирање на отворен простор, режим за портрети и режим за автопортрети, а нуди фотографии со живописен, старомоден стил, со опција за додавање раб. „Има огледало во предниот дел, со прстенесто светло на надворешната страна, што е одлично за автопортрети,“ вели Izzy.

Со Zoemini S2 од Canon, може и да ги прегледувате фотографиите во живо за да бидете сигурни дека вие и пријателите сте во фокусот пред печатењето.

Рабови, налепници, голем избор на форми и распореди - апликацијата Canon Mini Print ви нуди голем број начини за персонализирање на вашите слики.

„Не сум навлезена многу во техниката, но апликацијата беше навистина лесна за користење,“ вели Izzy. „Филтрите нудат навистина убави ефекти и обожавав да им додавам налепници со срца и насмеани емотикони на автопортретите што ги снимав со пријателите за да го отсликам тоа што се случува на фотографиите на разигран начин. Многу се слатки - ме потсетуваат на јапонското kawaii.“

2. Користете ги отпечатените фотографии за планирање на облеката

Жена во џемпер со светли бои вади јакна од гардеробер.

Како моден блогер, Izzy има цел гардеробер полн со облека во разни бои што ја користи за снимањата и која уживала да ја фотографира со Zoemini S2 од Canon.

Жена се фотографира во огледало со Zoemini S2 од Canon.

Печатењето на фотографиите од разните парчиња облека беше одличен начин Izzy да создаде различни модни комбинации и да го прикаже својот стил.

Izzy работи како моден блогер, а преносливите печатачи од Canon се покажаа како одлични алатки за планирање на модниот изглед. „Ако имам голема фотосесија на која ќе носам повеќе облеки, пред тоа може да се фотографирам во сите облеки и да ги отпечатам за да имам запис за облеката што ќе ја носам,“ вели таа. Zoemini S2 од Canon се одликува со тајмер, со што процесот многу се олеснува, а со елегантниот, тенок изглед, тој е како моден додаток сам по себе, додава Izzy. „Металниот ефект и боите се прекрасни. Ако требаше мене да ме фотографираат, ќе го држев во рака како моден додаток!“

Без оглед за што станува збор, фотоапаратот со печатач Zoemini S2 од Canon може да ви помогне да го доловите. „Може да ја фотографирате вашата градина или омиленото место во природата низ целата година за да прикажете како тоа се менува со годишните времиња,“ вели Izzy.

3. Креативно изложете ги вашите слики

Жена прикажува отпечатени фотографии на жичана табла.

Како и фотографиите на социјалните медиуми, може да ги споделите фотографиите отпечатени со Zoemini S2 од Canon со пријателите, како мали пријателски подароци за спомен.

Човек држи слика што ја печати печатач Zoemini од Canon.

Белите рабови што може да ги додадете со Zoemini S2 од Canon им даваат носталгичен, аналоген изглед на фотографиите, соодветно за старомодниот стил на Izzy. Може да додавате рабови во апликацијата Canon Mini Print додека го користите Zoemini од Canon, а може да го сторите тоа и во самиот фотоапарат со Zoemini S2 од Canon со помош на копчето за враќање.

„Кога одев на факултет, имав цел ѕид со колажи од фотографии од моите пријатели,“ се сеќава Izzy. Печатачот Zoemini од Canon и Zoemini S2 од Canon го олеснуваат целиот процес и ги трансформираат вашите дигитални слики во трајни отпечатени фотографии од 2x3" со самолеплива задна страна за само неколку минути. Сите фотографии се печатат со технологијата ZINK™ за да добиете фотографии што се отпорни на размачкување, кинење и вода. Може да ја користите и алатката за колажи за да создавате самолепливи постери составени од четири или девет споени слики. Со помош на преносливите печатачи од Canon, може да бидете спонтани и да ги снимате и печатите вашите слики веднаш.

Оваа можност, во комбинација со нивната преносливост, ги прави одличен избор за забави или свадби, како да имате ваша лична кабина за фотографирање. „Може да создадете временски тек на настанот во реално време или да споделите приказна од вашата година така што ќе снимате по две фотографии месечно,“ вели Izzy. По печатењето, може да ги уредите сликите како уметнички дела или приказни во колажи, на ѕидовите или каде и да сакате, од вратите на фрижидерите до роденденските картички.

Човек става син Zoemini S2 од Canon во чанта.

Со приближна големина како паметен телефон, фотоапаратот со печатач Zoemini S2 од Canon едноставно може да го вметнете во чанта или во џеб и да го понесете со себе каде и да одите, за максимална спонтаност.

Човек прави автопортрет со Zoemini S II од Canon, користејќи ги огледалото и прстенестото светло.

Огледалото и прстенестото светло на предната страна на Zoemini S2 од Canon го прават идеален за снимање совршени автопортрети.

Впишувањето текст на сликите и нивното печатење додека сте во движење има и други предности, како што објаснува Izzy. „Тоа е практично кога сакам да правам визуелни белешки кога сум излезена и во движење. Го користам на сличен начин како Pinterest, но без потреба постојано да гледам во екран. Ако поминувам покрај нешто што ме инспирира, го фотографирам, ја чувам отпечатената фотографија во џеб, а потоа ја прегледувам кога одам да купувам старомодна облека за да можам да го повторам истиот изглед на подостапен, одржлив начин.

„Никогаш не се срамете да фотографирате. Ако нешто научив изминатава година и половина, тоа е дека треба да се искористи секоја прилика што ни се укажува.“ Со помош на сè-во-едно фотоапаратот и печатач Zoemini S2 од Canon или со комбинација „фотоапарат-печатач“ како што е вашиот паметен телефон или фотоапарат за снимање видеоблогови и печатачот Zoemini од Canon, може да ги претворите секојдневните моменти во волшебни и трајни спомени. Единствената граница при печатењето фотографии е вашата имагинација.

Дознајте како да ја споделите вашата креативност и да ја ослободите вашата приказна.



Напишано од Rachel Segal Hamilton

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    Canon Zoemini 2

    Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија.
  • Камери за инстант слики и фотоапарати со џебен печатач

    Canon Zoemini S2

    Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо.

Слични статии