„За мене водењето дневник е можност да комбинирам дневник, колаж и фотоалбум во едно“, вели Киа. „Почнав да водам креативни патнички дневници не само како вентил за уметничко изразување, туку и како можност да ги снимам и бележам деталите и спомените“.
Одморите и бегствата од секојдневието носат искуства и спомени на кои со задоволство се присетуваме кога размислуваме за животот. Чувствата честопати почиваат на фотографии – семејни слики од деца што лижат сладолед на плажа, или групни автопортрети од друштво тинејџери што уживаат на своите први патувања без родителите. Кога авторката на дневници и илустраторка Kia Marie Hunt отиде со партнерот во Костарика на прослава на осумгодишницата, реши да го направи патувањето за паметење – правејќи посебен колаж од фотографии.
„Тоа беше вистинска авантура“, вели таа. „Сите мислиме дека засекогаш јасно ќе ги паметиме настаните, но вистината е дека лесно ќе ги изумев ситните детали доколку не ги додадов во својот патнички дневник. Многу ме радува кога се присетувам листајќи ги страниците и свесна сум дека вака никогаш нема да ги заборавам убавите моменти“.
Kia отсекогаш водела дневници. Авторката на серијата дневници за деца „My Awesome Year“, споделува идеи и совети за водење дневници со над 130 илјади следбеници на своите два профила на Instagram: @InspiringJournals и @KiaCreates. Исто така, снабдува месечни комплети за рачна изработка преку својот Journal Club и води Etsy-продавница каде продава канцелариски материјали, налепници и останати „украси за дневници“. Еве го нејзиниот водич за лесна и постапна изработка на колажи од сликите од патувања.