Ново NEW

Canon DM-E10D

Снимајте остар звук во видеата и појасни гласови со лесен дигитален микрофон без кабли, дизајниран за директно интегрирање со фотоапаратот.

ИСКЛУЧИТЕЛНО ПРАКТИЧЕН МИКРОФОН ЗА ФОТОАПАРАТИ ЗА СНИМАЊЕ ВИСОКОКВАЛИТЕТЕН ЗВУК БЕЗ НАПОР

Со DM-E10D, секогаш ќе бидете подготвени. Доволно е мал за да го оставите прикачен на фотоапаратот, без кабли за поврзување и без батерија за полнење. Нема ниту прекинувач за напојување.

Насочувачки микрофон, оптимизиран за гласови

Идеален микрофон за фотоапарати за снимање видеоблогови, како EOS R50 V и PowerShot V1, што е подготвен да снима јасен звук при зборување директно пред фотоапаратот.

Остар дигитален звук што се пренесува директно во фотоапаратот

Направете ги вашите видеосодржини поинтересни со чист звук и намалени пречки, овозможувајќи им на гледачите целосно да се внесат во вашата приказна.

Дизајн без батерија за сигурно снимање

Заборавете на тоа колку енергија му преостанува на микрофонот, овозможувајќи ви да останете фокусирани на рецензијата или презентацијата на производот.

Не е потребно поставување, па може да започнете со снимање веднаш

Не прекинувајте го вашиот креативен процес: DM-E10D ви овозможува брзо да ги промените поставките на екранот од фотоапаратот додека снимате.

Започнете да снимате без напор

Не ви се потребни батерии и кабли. DM-E10D се напојува преку повеќефункционалниот приклучок на фотоапаратот, со што е потребно само да го прикачите и можете да започнете со снимање.

Јасно снимете го вашиот глас кога зборувате со фотоапаратот

Суперкардиоидната шема на снимање се фокусира на звукот директно пред фотоапаратот за снимање појасни гласови со помалку шум во заднина.

Приспособете ги поставките за звук за само неколку секунди

Допрете го копчето MENU за да го отворите екранот за поставки на микрофонот на фотоапаратот за брза контрола пред или за време на снимањето.

Создавајте содржини во движење без напор

Со тежина од приближно 59 g1, DM-E10D додава многу малку тежина на вашата опрема, поради што претставува лесен избор кога снимате рачно.

Надградете го квалитетот на звукот

Снимете чист дигитален звук директно преку повеќефункционалниот приклучок и отклучете снимање 4-канален звук на компатибилни фотоапарати.

Спецификации

  • Висококвалитетен дигитален звук

    Поостар и појасен звук со намалени пречки.

  • Суперкардиоиден дизајн на насочување

    Идеален за прецизно снимање на вашиот глас кога зборувате пред фотоапарат.

  • Оптимизиран за гласови

    Фреквенциски опсег од 60 Hz до 20 kHz, приспособен за снимање човечки гласови.

  • Компактен и лесен

    Со тежина од само 59 g (приближно), практично е постојано да го чувате на фотоапаратот.

  • Директно поврзување

    Контролирајте и напојувајте го микрофонот преку повеќефункционалниот приклучок на фотоапаратот – без потреба од батерии или кабли.

  • Копче MENU на микрофонот

    За брз пристап до екранот со поставки за микрофонот на фотоапаратот.

Canon DM-E10D
Оценки и прегледувања

СПОРЕДБА НА DM-E10D

Краток водич за споредба на DM-E10D со другите микрофони за фотоапарати од Canon.

Вид на микрофон

Стерео микрофон со електрет кондензатор
Мономикрофон со електрет кондензатор на задната страна
Стерео микрофон со електрет кондензатор на задната страна

Снимање звук со насочување

Еднонасочен 120° (стерео)
Суперкардиоиден (моно)
Моно
90° и 120° (стерео)

Чувствителност

-40 dB ±4 dB (1 kHz, 0 d B=1 V/Pa)
-16 dB (94 dB SPL @ 1 kHz)
МОНО: -16 dB. 5 dB (1 kHz, 0 db=1 V/Pa)
90°: -18,7 dB (1 kHz, 0 db=1 V/Pa)
120°: -20 dB (1 kHz, 0 db=1 V/Pa)

Фреквенција

100 - 10000 Hz
60 Hz - 10000 kHz
МОНО: 100 Hz - 10000 kHz
90°: 100 Hz - 10000 kHz
120°: 100 Hz - 10000 kHz

Аналогно / дигитално

Аналогно
Дигитално
Дигитално

Излезен приклучок

Мини стерео приклучок од 3,5 mm
Приклучница за повеќефункционален приклучок
Приклучница за повеќефункционален приклучок

Приклучок за монтирање

Стандарден приклучок за блицови / приклучок за дополнителна опрема,
Повеќефункционален приклучок (само прикачување)
Само повеќефункционален приклучок
Само повеќефункционален приклучок

Батерија

Напојување преку приклучок од 3,5 mm на компатибилен фотоапарат
Напонски опсег на изворот на напојување: 1,2-5 V
Се напојува преку фотоапаратот
Се напојува преку фотоапаратот

Големина (Ш x В x Д), mm

Прибл. 30,5 x 66,5 x 88,2 mm
Прибл. 36,8 x 61,0 x 53,7 mm
Прибл. 41,2 x 87,4 x 108,6 mm

Тежина (само куќиште, без батерии и дополнителна опрема)

Прибл. 64 g
Прибл. 59 g
Прибл. 136 g

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

  • Микрофонот DM-E10D за фотоапарати, што е насочен нанапред, може да го снима звукот појасно од вградениот микрофон на фотоапаратот, што обично е повеќенасочен и може да го сними шумот при ракувањето со фотоапаратот и амбиенталниот звук. Во комбинација со суперкардиоидната шема на снимање на DM-E10D, којашто е поефикасна во изолирањето на звуците директно пред микрофонот, ова овозможува пофокусирано снимање звук.

  • Суперкардиоидниот микрофон како DM-E10D има тесна шема на снимање што е почувствителна на звуци кои доаѓаат од предната страна. Звуците кои доаѓаат од страните и од задната страна се намалуваат. Ова е една од причините зошто DM-E10D е одличен микрофон за зборување пред фотоапарат на релативно кратки растојанија, како на пример при снимање видеоблогови, презентирање производ или снимање видеозапис со упатства.

  • DM-E10D е мономикрофон за фотоапарати, што значи дека снима еден аудиоканал. Стереомикрофонот, како што е насочувачкиот стереомикрофон Canon DM-E1D, снима посебен лев и десен аудиоканал. Стереомикрофоните се корисни за снимање амбиентален звук, додека мономикрофоните се идеални за фокусирање на гласот на говорникот и за намалување на несаканиот надворешен шум.

  • Да, кога се користи со компатибилен фотоапарат како EOS R50 V, DM-E10D поддржува снимање 4-канален звук преку повеќефункционалниот приклучок. Можете да го снимате вашиот глас со DM-E10D додека вградениот микрофон на фотоапаратот истовремено го снима амбиенталниот звук, овозможувајќи ви побогат и пофлексибилен звук за вашите видеа.

Што содржи кутијата

  • DM-E10D

  • Заштита од ветар за DM-E10D

  • Капаче за приклучок

  • Прирачник со инструкции

  • Гаранција

Слична дополнителна опрема

  • Стерео микрофон DM-E100

    Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање.

Слични производи

    PowerShot V1

    Компактна камера претежно наменета за снимање видео во 4K-резолуција, со прецизен автоматски фокус и кристално јасен звук - идеална за креатори на содржини во движење.

    EOS R50 V

    Бидете креативни со фотоапарат со заменливи објективи претежно насочен кон снимање видео, опремен со напредни функции за снимање за да ги усовршите вашите содржини.

    EOS R50 [Црна]

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.

    EOS R8 Mark II

    Квалитетот на форматот за целосна слика и креативната слобода се искомбинирани во компактно тело, со стабилизација, брзина и интелигентен автоматски фокус што ви влеваат сигурност.
  1. Без заштита од ветер и капаче за приклучокот.
  2. Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.