СНИМЕТЕ. СПОДЕЛЕТЕ. ИСТАКНЕТЕ СЕ.
Дизајнирани за креатори, овие фотоапарати ќе ги возвишат вашите содржини - независно дали снимате видеоблогови, проследувате во живо или правите кратки видеозаписи за TikTok и Instagram.
Вашето патување започнува тука
Без разлика која платформа сте ја избрале, напредните фотоапарати на Canon ќе ви помогнат да ја реализирате вашата креативна замисла.
Подобрете ги вашите содржини
Canon создава едни од најдобрите фотоапарати за креатори на содржини. Погледнете како нашата палета на производи може да го подобри и начинот на кој раскажувате визуелни приказни.
Компактни фотоапарати за креатори кои се во движење
Ако сакате квалитет без да користите голема и тешка опрема, изберете некој од овие фотоапарати со фиксен објектив - сите имаат напредни функции како снимање во 4K, следење лица и јасен звук, за лесно и интуитивно снимање видеоблогови.
-
Компактни дигитални
PowerShot V10 (Black)
Истакнете се на интернет, но бидете дискретни кога снимате со сè-во-едно камерата за снимање 4K-видеоблогови од Canon со џебна големина. -
Компактни дигитални
PowerShot G7 X Mark III
Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници. -
Компактни дигитални
PowerShot V1
Компактен фотоапарат претежно наменет за снимање видео во 4K-резолуција, со прецизен автоматски фокус и кристално јасен звук - идеален за креатори на содржини во движење.
Разбудете ја вашата фантазија со заменливите објективи
Ако сакате поголема креативна контрола, изберете некој од 40-те објективи кој ќе одговара на вашите потреби, независно дали снимате филмски видеозаписи, широкоаголни автопортрети или детални слики одблиску - со опсег од 10 mm до 1200 mm.
Фотоапарати со заменливи објективи
Заменливи објективи
Комплети и дополнителна опрема за снимање видеоблогови
Комплетирајте ја вашата опрема со овие неопходни додатоци и комплети со фотоапарати за видеоблогери, за да овозможите непречен и продуктивен работен процес.
-
Дополнителна опрема
Безжичен далечински управувач BR-E1
Сигурен и практичен далечински управувач за фотоапарати од Canon со Bluetooth. -
Статив
Статив со држач HG-100TBR
Фотографирајте подолго со поголема стабилност и креативна флексибилност благодарение на овој уникатен статив со држач и отстранлив далечински управувач. -
Аудио
Стерео микрофон DM-E100
Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање.
Снимајте видеоблогови со сигурност
Фотоапаратите за снимање видеоблогови од Canon нудат извонреден квалитет и интуитивни функции, дизајнирани за лесно самостојно снимање и поголема креативна контрола.
Подобрете го вашиот систем за проследување на интернет
Независно дали играте игри, готвите или покажувате упатства, Canon нуди наменски алатки за проследување без напор.
Снимајте квалитетно. Споделувајте сигурно.
Истакнете ги вашите содржини со функцијата за снимање во 4K, напредната стабилизација, Canon Log 3 и приспособените профили за бои. Благодарение на опциите за лесно префрлување содржини преку Wi-Fi, Bluetooth или USB, вашите видеозаписи ќе бидат подготвени за уредување или споделување за неколку секунди.
Придружете се во Canon Club
Запознајте креативни истомисленици, учете од експертите и добијте ексклузивни придобивки.
Инспирација и техники
Професионални совети, техники и случувања зад сцената кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот занает.
Снимање видеоблогови
Споделете ја вашата страст со видеоблогови
Најдобри фотоапарати и објективи за снимање видеоблогови од Canon
Canon нуди палета на фотоапарати и објективи што се идеални за креаторите на содржини. Овој водич ќе ви помогне да ја пронајдете совршената опрема.
Подобрете ги вашите видеоблогови и добијте повеќе интеракции
Сакате повеќе интеракција со вашите видеоблогови? Следат совети за градење публика и за усовршување на вашите видеосодржини со најдобрите фотоапарати за видеоблогери.
Често поставувани прашања
Сѐ што треба да знаете за фотоапаратите за снимање видеоблогови од Canon, нивните функции и дополнителната опрема.
-
Тоа зависи од вашите потреби. PowerShot V1 е идеален за креатори на содржини кои се во движење, бидејќи нуди снимање во 4K, брз автоматски фокус и одличен звук, а има компактно куќиште. Ако сакате понапредно снимање, EOS R50 V нуди флексибилност и контрола со заменливи објективи. PowerShot V10 е практичен избор со џебна големина за почетници кои сакаат да снимаат висококвалитетно видео користејќи едноставен сè-во-едно уред.
-
За креаторите кои штотуку почнуваат да создаваат содржини, PowerShot V10 е одличен избор - тој е мал сè-во-едно 4K-фотоапарат со вграден држач, кој лесно се поставува и овозможува лесно снимање видеоблогови каде и да сте. Исто така, PowerShot V1 е одличен за почетници кои сакаат поголема креативна контрола и нуди интелигентен автоматски фокус, јасен звук и технологија за напредна стабилизација со кои може рачно да снимате јасни видеоблогови.
-
PowerShot V1 и EOS R50 V нудат опции за проследување преку USB или безжично проследување, со кои може да емитувате во живо на платформи како YouTube и Twitch на едноставен начин. Исто така, EOS R50 V е компатибилен со апликацијата за мобилни уреди Live Switcher од Canon, која овозможува безжично проследување од повеќе фотоапарати директно преку вашиот мобилен уред.
-
Фотоапаратите од Canon дизајнирани за снимање видеоблогови, како што се PowerShot V1, EOS R50 V и PowerShot V10, имаат екрани кои се закосуваат или отвораат нанадвор, за да можете лесно да го обликувате кадарот додека снимате. Ова е особено практично за видеоблогери, креатори кои проследуваат во живо и креатори на содржини кои имаат потреба да ја следат сликата додека снимаат.
-
За добар систем за снимање видеоблогови не е потребен само добар фотоапарат. Разгледајте ја палетата на микрофони, стативи и комплети и дополнителна опрема за снимање видеоблогови од Canon, кои се дизајнирани да ги подобрат вашите содржини и начинот на кој снимате.
-
Голем број фотоапарати од Canon можат да снимаат вертикални видеозаписи, за полесно да создавате содржини кои се оптимизирани за платформите како TikTok, Instagram Reels и YouTube Shorts. Тие нудат и непречено безжично префрлување содржини, за да можете брзо да ги вчитувате вашите содржини на интернет и да ги споделувате.