EOS R Adapters

Адаптери за EOS R

Поврзете го вашиот систем EOS R со поширокиот свет на објективите EF и EF-S

Интегрирање и проширување

Адаптерите за системот EOS R нудат потполна компатибилност со објективите EF и EF-S од Canon, што на сопствениците на EOS R од Canon, кои веќе имаат EOS-фотоапарат, им овозможува целосна интеграција со нивните објективи*.

*погледнете ги спецификациите за повеќе детали

Canon Adapters for EOS R
EOS R Compatibility with EF-S Lenses

Поврзете ги објективите EF-S со системот EOS R

Објективите EF-S се дизајнирани за фотоапаратите EOS DSLR со APS-C-сензор, но може да се користат и со фотоапаратите EOS R преку адаптер. Фотоапаратот автоматски ќе произведува отсечени слики со 11,6 мегапиксели кои одговараат на кругот на помалата слика на EF-S оптиката.

Објективи компатибилни со EOS R

Откријте ги објективите кои можете да ги користите со EOS R адаптерите.

EOS R Compatible Lenses - EF Prime, EF-S, EF Zoom

Создаден за долготрајно користење

EOS R адаптерите се создадени за долготрајно професионално користење, со метални приклучоци во предниот и задниот дел. Тие исто така поседуваат заштита од прав и влага, за да може да продолжите да фотографирате дури и во најтешки услови.

Canon EOS R Adapters - Professional build and quality

Создаден за врвни перформанси

Очекувајте од вашиот објектив да се однесува исто како кај EOS DSLR фотоапаратите, со истите врвни перформанси и истиот висок квалитет.

Canon EOS R Adapters - Great Performance, High Quality.

Совршено инженерство

Инженерите на Canon го создадоа системот EOS R за да ги одржат компатибилноста, квалитетот и перформансите при поврзувањето на EOS R со постоечките EF и EF-S објективи.

Canon EOS R Adapters - Compatible with EF and EF-S Lenses

EOS R адаптер Mount Adapter EF-EOS R

Стандардниот Mount Adapter EF-EOS R EOS R адаптер овозможува EF-S и EF објективите да се користат на EOS R фотоапаратите беспрекорно. Фотографите кои веќе имаат своја колекција од EF-S или EF оптика можат да инвестираат во системот EOS R со сигурност, знаејќи дека нивните постоечки објективи ќе функционираат исправно.

Canon EOS R Mount Adapter EF-EOS R Adapter - EF-S and EF Compatible

EOS R адаптер Control Ring Mount Adapter EF-EOS R

Control Ring Mount Adapter EF-EOS R ја нуди истата конверзија на приклучок за објектив како и Mount Adapter EF-EOS R, но исто така содржи и контролен прстен на објективот. Прстенот е прилагодлив и лесен за наоѓање без да го тргате фотоапаратот од вашето око, овозможувајќи ви практична рачна контрола врз разните подесувања.

Canon EOS R Control Ring Mount Adapter EF-EOS R Adapter Customisable and Manual Controls

Прилагодлива функционалност

Контролниот прстен на објективот може да се програмира преку менито на фотоапаратот за да ги прилагодувате подесувањата како што се решетката, брзината на блендата, ISO чувствителноста и компензацијата на експозицијата.

Canon EOS R Lens Control Ring

Практично и интуитивно ракување

Контролниот прстен на објективот се наоѓа лесно без да го тргате фотоапаратот од окото. Нежните кликнувања даваат практични повратни информации во третини или половини од чекорите (и може да се отстранат преку специјална услуга од Canon за снимателите кои сакаат порамномерно ракување).

Canon EOS R Adapter Tacticle Feedback

EOS R адаптер Drop-In Filter Mount Adapter EF-EOS R

Адаптерот за објектив Drop-In Filter Mount Adapter EF-EOS R ја презема функционалноста од Mount Adapter EF-EOS R и ја додава можноста за користење на филтри за пропуштање, отстранувајќи ја потребата за поставување на филтрите на предниот дел од објективот, што е особено корисно за широките агли со голем преден елемент на објективот. Тој е достапен со филтер за променлива неутрална густина (V-ND) или со филтер за кружно поларизирање (C-PL), додека јасен филтер (CL) е исто така достапен за снимање без ефектите на филтрите.

Canon EOS R Drop-In Mount Adapter

Адаптер V-ND: филтер за променлива неутрална густина

Филтерот за неутрална густина помага во контролата на количината на светлина што влегува во фотоапаратот, што е корисно за снимателите кои сакаат да снимаат со комбинација од широка решетка/бавна брзина на блендата при силна светлина. Тој исто така им овозможува на фотографите да користат побавни брзини на блендата за да го заматат движењето на небото и водата.

Canon EOS R Adapteer Variable-ND Filter Drop-In

Адаптер C-PL: филтер за кружно поларизирање

Филтрите за поларизирање го засекуваат отсјајот и замаглувањето и ја намалуваат количината на одбиена светлина од стаклените површини. Филтрите исто така ја засилуваат заситеноста на боите и ги збогатуваат шарените сцени.

Canon EOS R Adapteer Circular Polarising Filter Drop-In

Додатоци за адаптери

Откријте го системот EOS R

Како резултат на тридецениските континуирани иновации во EOS, системот EOS R се базира на пионерскиот приклучок за објективи што нуди поголеми креативни можности и уште поинтуитивни начини на доловување на секој момент.

ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ

Discover Canon EOS R

Во рацете на професионалците



EOS R веднаш им стана омилен на голем број професионални фотографи и сниматели. Откријте како тие го користат за да добијат слики и видеоснимки за кои мислеле дека не се возможни.

Погледнете ги сите написи

Може да ве интересира и ...

  • Canon
  • ...
  • EOS R адаптери - адаптери за објективи