СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија

Експертот за печатење Suhaib Hussain од Canon Europe одговара на вашите најчесто поставувани прашања во врска со печатењето.
Лента со поставки ги покажува нивоата на мастило на печатач од Canon.

Со оглед на тоа што постојат многу начини за печатење на хартија и многу видови на мастила и хартија, печатењето им создава нејаснотии не само на повремените домашни корисници, туку и на професионалните фотографи. Тука, експертот за печатење Suhaib Hussain од Canon Europe одговара на некои од вашите најчесто поставувани прашања во врска со печатењето, мастилата и хартијата.

Избирање на печатач, мастило и хартија:



Разбирање на функциите на печатачот:

Разбирање и управување со мастилото:

Која е разликата помеѓу инкџет, ласерските и другите видови на печатачи?

Ласерското печатење се заснова на физички контакт помеѓу хартијата и фотоелектричниот барабан. Барабанот користи тонер во прав којшто потоа се соединува со хартијата под влијание на топлина. Со овој процес се создаваат печатени материјали со добра отпорност на размачкување и е соодветен за употреба во канцеларија каде што главната потреба е печатење документи на обична хартија.

Инкџет печатењето се врши со исфрлање на капки мастило врз хартијата без физички контакт. Со ова се овозможува употреба на поголема палета на медиуми и дебелина на хартијата, како и подобра веродостојност и живост на боите при печатењето фотографии.

Преносливите печатачи на фотографии SELPHY од Canon користат процес на сублимација на бои којшто создава долготрајни печатени материјали со фотолабораториски квалитет и рамномерни, континуирани бои. Печатењето се одвива на посебно обложена хартија поради што овие печатачи се идеални за печатење со висок квалитет.

Палетата печатачи на фотографии со мал формат Zoemini од Canon се засноваат на технологијата ZINK1 (името потекнува од изразот „нула мастило“) во којашто се користи посебна хартија со вградени микрокристали коишто реагираат на топлина. На овој начин се создаваат слики коишто се отпорни на размачкување и вода без употреба на мастило, поради што технологијата наоѓа одлична примена кај мали и преносливи печатачи.

Жена печати на SELPHY CP1300 од Canon преку својот паметен телефон, а во близина се гледаат куп пликови.

Компактните печатачи за фотографии SELPHY од Canon, како овој SELPHY CP1300 од Canon, се засноваат на технологија за сублимација на бои со којашто три мастила со различна боја од филмска лента се соединуваат со хартијата по пат на последователни преминувања, проследено со заштитен слој за време на четвртото и последно преминување низ печатачот.

Кој е најдобриот печатач за домашна употреба?

Ако сакате да печатите документи и фотографии со еден ист печатач, технологијата со инкџет е најдобриот избор. Палетата печатачи PIXMA од Canon вклучува модели со картриџи за поединечни мастила, па дури и резервоари за мастило што се дополнуваат, што може да е поекономично при печатењето поголем обем - погледнете го делот Што е разликата помеѓу картриџите за поединечни мастила и картриџите FINE подолу.

Брзината на печатење е уште еден фактор што можеби треба да го земете предвид, особено ако често печатите - погледнете го делот Што значи вредноста слики/мин. подолу. Меѓу функциите што може да ви бидат корисни е и автоматското двострано печатење коешто е практично и може да ви ги намали трошоците за хартија. Повеќефункционалните печатачи со вграден скенер се одлични доколку имате потреба од скенирање или копирање на документи или фотографии. Опциите за безжично поврзување можат дополнително да го олеснат печатењето.

За поедноставување на процесот на одлучување, печатачите од Canon се поделени во главни категории и тоа печатачи PIXMA, за печатење во домашни услови, и печатачи MAXIFY, за печатење во домашни услови и мали канцеларии.

Sanjay Jogia држи фотографија отпечатена на imagePROGRAF PRO-300 од Canon.

Како професионален печатач за фотографии со голем формат A3+, imagePROGRAF PRO-300 од Canon содржи 10 мастила со пигмент, вклучувајќи и сиво, мат црно и фото црно мастило, како и Chroma Optimiser, со цел максимизирање на квалитетот на фотографиите во боја и црно-белите фотографии. Соодветен е за употреба со различни видови медиуми за фотографии и медиуми за фина уметност. © Sanjay Jogia

Палета на фотохартија од Canon

За обезбедување врвен квалитет на фотографиите, палетата специјална хартија за фина уметност од Canon вклучува и различни нивоа на бела боја (што е еднакво на максимална светлина) и неверојатен избор на опции за завршна обработка, од мазна завршна обработка до богата текстура. Печатачите за фотографии PIXMA PRO и imagePROGRAF од Canon директно ја поддржуваат хартијата за фина уметност и други медиуми на компаниите специјализирани за хартија, вклучувајќи ги и Canson и Hahnemühle.

Кое е најдоброто мастило за печатење фотографии и документи?

Инкџет печатачите претежно користат мастила базирани на боја, но Canon одамна е насочен кон системи со хибридни мастила коишто комбинираат црно мастило базирано на пигмент и мастила базирани на боја. Мастилата со црн пигмент создаваат остар и богат текст за документи којшто е отпорен на размачкување и се одликува со одлична трајност, дури и на обична хартија и пликови, додека мастилата базирани на боја создаваат живописни бои при печатењето фотографии, особено на сјајна и полусјајна хартија.

Инкџет печатачите од основната класа од Canon користат картриџ за црно мастило со пигмент и картриџ за три различни мастила базирани на боја. Понапредните модели содржат четири, па дури и пет различни мастила базирани на боја покрај црното мастило со пигмент, вклучувајќи и црно фото мастило, а понекогаш и сино или сиво фото мастило. Благодарение на ова, печатачите како Canon PIXMA TS705a и Canon PIXMA G640 нудат поширок спектар или палета на бои при печатењето фотографии, како и поголем опсег на тонови и контраст.

Технологијата на мастило со пигмент LUCIA PRO којашто се користи кај печатачите imagePROGRAF PRO од Canon доаѓа до израз кога е во прашање слободата на изразување при печатењето фотографии во боја и црно-бели фотографии. На пример, печатачот Canon imagePROGRAF PRO-300 за формат A3+ користи десет мастила со пигмент коишто овозможуваат неспоредлив квалитет на мат фотохартија и специјалните хартии за фина уметност. Печатачот користи и картриџ Chroma Optimiser за подобрување на рамномерноста и целокупниот квалитет на сјајниот медиум.

Кои видови на хартија се најсоодветни за печатење фотографии и документи?

Обичната или цврстата хартија со добар квалитет е одлична за печатење документи, додека, пак, изборот за печатење фотографии е доста поголем. Canon нуди сјајна, полусјајна и мат фотохартија. Можете да изберете двострана мат фотохартија којашто е идеална за создавање колажи, а достапна е дури и верзија којашто е превиткана на средината и се доставува со плик, поради што е совршена за создавање честитки. Површината на сјајната и полусјајната фотохартија е обложена со заштитен слој којшто функционира одлично со мастилата базирани на боја. Релативно малите молекули на боја целосно се апсорбираат и задржуваат под надворешниот слој.

Прозорци за преглед на нивото на мастило на печатач MAXIFY GX6050 MegaTank се прикажани во преден план, а во позадината се гледа табла со известувања на којашто се прикачени отпечатени листови хартија.

Печатачите од сериите PIXMA G и MAXIFY GX на MegaTank од Canon имаат резервоари за мастило што се дополнуваат наместо традиционални картриџи, со што овозможуваат печатење до 6.0002 примероци до следното дополнување. Лесно можете да вршите визуелна проверка на нивоата на мастило благодарение на прозорците за преглед коишто се вградени на предната страна на печатачите.

Печатач PIXMA TS705 од Canon поставен на дрвена маса печати слики од овошје и цвеќиња.

Како и останатите печатачи инкџет од Canon, PIXMA TS705a од Canon користи црно мастило со пигмент и мастила цијан, магента, жолто и фото црно мастило базирани на боја. Картриџите за црно мастило и мастила во боја се достапни со капацитет XL и XXL3 за печатење на различен обем.

Што значи вредноста слики/мин. и зошто е важна?

Брзината на печатење често се изразува во стр./мин. (страници во минута), но ова може да ви даде погрешна претстава бидејќи вредноста зависи од содржината на страницата и поставките за резолуцијата. Затоа, Canon ја изразува брзината преку слики/мин. (слики во минута). Овој начин на мерење е попрецизен бидејќи се заснова на обем од стандардни страници на ISO-тестирање коишто вклучуваат текст, табели и слики отпечатени со фиксна резолуција. Вредноста слики/мин. дава појасна индикација за брзината на печатачот во реални услови.

Што е печатење без рабови?

Опцијата за печатење без рабови често се користи за печатење фотографии со различни димензии врз целата површина на хартијата, со што се елиминираат белите рабови. Многу домашни печатачи како печатачот од серијата Canon PIXMA TS5350a овозможуваат печатење без рабови на формати со димензии од 3,5x3,5 инчи до формат A4. Кај најновите печатачи imagePROGRAF PRO, вклучувајќи ги и Canon imagePROGRAF PRO-300 и Canon imagePROGRAF PRO-1000, опцијата за печатење без рабови е достапна за мат хартија и медиумите за фина уметност, како и за сјајна и полусјајна фотохартија.

Оваа сѐ попопуларна функција овозможува печатење преку Wi-Fi-врска од кое било место во домот или канцеларијата со користење на паметен телефон, таблет, лаптоп или компјутер коишто се поврзани на Wi-Fi-мрежа, без да има потреба од физичко поврзување на уредите со печатачот. Апликациите на Canon, како што се апликацијата Canon PRINT, апликацијата Creative Park и апликацијата Easy-PhotoPrint Editor, ви овозможуваат да го контролирате печатачот и да вршите повеќе функции од паметните уреди. Директната безжична врска е уште една популарна функција којашто ви овозможува директно безжично поврзување на печатачот и паметниот уред без употреба на рутер, а скенирањето и печатењето засновано на Cloud станува сѐ подостапно за да обезбеди целосно далечинско управување. Функциите се разликуваат во зависност од моделот на печатач.

Печатач Canon PIXMA TS6350 поставен на маса печати слики за роденденски украси.

Неверојатно економичниот печатач со пет мастила од серијата Canon PIXMA TS6350a е приспособен за печатење на документи и фотографии во голем обем и со одлична брзина. Како и останатите модели во палетата, печатачот содржи и опција за поврзување со Wi-Fi, со што се олеснува печатењето од лаптоп, паметен телефон, таблет и други уреди од секое место во домот. Скенирањето и печатењето е многу попрактично бидејќи се елиминира потребата од физичко поврзување на уредот со печатачот преку кабел.

Што е разликата помеѓу картриџите за поединечни мастила и картриџите FINE?

Повеќето инкџет печатачи од Canon ја користат технологијата на иновативни глави за печатење наречена FINE (целосно фотолитографски инкџет млазници), којашто се одликува со издржливост на главите за печатење и висок квалитет на отпечатените материјали. Бидејќи главите за печатење FINE го загреваат мастилото при исфрлувањето, мастилото се исфрла еднократно, со што се овозможува подобра ефикасност и поголема брзина на поставување на капките мастило, а со тоа и поголема прецизност.

Некои печатачи PIXMA од Canon користат картриџи за поединечно мастило, а други ги користат картриџите FINE од Canon составени од само два картриџи, еден со црно мастило и еден со мастила во три бои. Големата придобивка од системот картриџи FINE е практичноста и пократкото време за одржување. Главите за печатење на картриџите FINE се интегрирани во картриџите и се менуваат при секое менување на картриџот. Кај печатачите со посебен картриџ за секое мастило, картриџите се поставени во фах којшто ги снабдува главите за печатење. Теоретски, поединечните картриџи може се покажат поекономични на долг рок бидејќи ќе треба да ги менувате само картриџите коишто ќе се потрошат. Ако одреден временски период печатите голем број на слики на коишто доминира одредена боја, едно од мастилата побрзо ќе се потроши, поради што ќе ви биде полесно и поекономично да менувате по еден картриџ.

Како да ги заменам картриџите за мастило?

Заменувањето на картриџите за мастило е многу едноставно. Ќе добиете известување на вашиот компјутер преку драјверот на печатачот или на паметниот телефон преку апликацијата PRINT од Canon, доколку сте ја инсталирале, коешто ќе ве информира дека картриџот за мастило е празен или мастилото е при крај. Информациите за мастило се прикажуваат и директно на печатачите од Canon коишто имаат вграден екран.

За да ги замените картриџите за мастило, едноставно отворете го капакот на печатачот, отстранете го искористениот картриџ и поставете нов на негово место. Многу поединечни картриџи за мастило од Canon имаат и LED-диоди коишто светкаат црвено кога картриџот е празен или мастилото е при крај, па така веднаш ќе знаете кога е време да се заменат.

Колку често треба да ги менувам картриџите за мастило?

Картриџите ќе ви траат многу подолго ако претежно печатите документи со текст, отколку ако редовно печатите фотографии во голем формат за коишто е потребна голема потрошувачка на мастило.

За многу од тековните печатачи од Canon, покрај опциите за стандарден капацитет, достапни се и картриџи со капацитет XL, па дури и капацитет XXL3, со цел да се задоволат различните потреби. Ако печатите огромен обем материјали, особено ќе ви користи печатачот MegaTank од Canon којшто е базиран на резервоари за мастило со можност за дополнување, наместо стандардните картриџи. Капацитетот на мастилото во овие картриџи е приближно 6.0002 страници или повеќе во споредба со печатачите базирани на картриџ, чијшто капацитет е од 150 до 200 страници.

Независно од вашите потреби за печатење и без разлика дали печатите дома, во канцеларија или изработувате модели од хартија, најдете го печатачот што најмногу ви одговара.


Напишано од Matthew Richards

  1. ZINK, Zero Ink и логото ZINK се заштитни знаци на ZINK Holdings, LLC, регистрирана во САД и во други земји.
  2. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.
  3. Некои мастила XXL може да се недостапни во вашиот регион.

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    SELPHY CP1500

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.
  • Камери за инстант слики и фотоапарати со џебен печатач

    Canon Zoemini S2

    Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо.
  • Професионални печатачи за фотографии

    imagePROGRAF PRO-300

    Професионален печатач imagePROGRAF за на работна маса што нуди печатени материјали во формат A3+ со квалитет како за во галерија и со едноставен работен процес за сигурно печатење.
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101

    Мат фотохартијата овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршна обработка. Исто така, може да се користи за покреативна намена, како на пр., за честитки, изложби и модели од хартија.
  • Инк-џет печатачи

    Plus Glossy II PP-201

    Фото-хартијата плус сјајна II од Canon е совршената фото-хартија со врвен квалитет и сјајна завршница. Обезбедува совршена завршница за дигиталните фотографии и сите ваши повторни печатења.

Слични статии

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Објаснување на видовите на хартија

    Истражете ги различните видови на хартии од Canon со овој практичен водич за купување.

  • СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Кој печатач е соодветен за вас?

    Пронајдете го најдобриот печатач од Canon за вашите потреби, почнувајќи од семејства и студенти па сè до работници во домашни канцеларии.

  • ПЕЧАТЕЊЕ

    Најсоодветната апликација за печатење од Canon за вас

    Бидете креативни и организирани со апликациите за печатење од Canon – има апликација што соодветствува на секој проект.

  • ПЕЧАТЕЊЕ

    Инк-џет или ласер: што ви одговара повеќе?

    Откријте ги разликите помеѓу инк-џет и ласерските печатачи од Canon и дознајте кој од нив ќе одговара најмногу за вашите потреби.