CANON EOS C700 FF
Blank-Rect Image

Canon EOS C700 FF

Новата генерација на CMOS-сензор за целосна слика од Canon снима во 5,9K-формат со прекумерно семплирање за да добиете 4K-видеозаписи со исклучително висок квалитет.

Примарна продукциска камера со CMOS-сензор за целосна слика што нуди разновидни опции и 5,9K-формат

Новосоздадениот CMOS-сензор за целосна слика од Canon нуди мал шум, широка палета на бои и широк динамички опсег со 15 чекори за природен изглед и поголема слобода при градација на боите.

Погледни целосни спецификации

CANON EOS C700 FF
Refugium

Refugium

Видеозапис снимен со Cinema EOS C700 FF

Погледни видеозапис

Refugium – behind the scenes

Refugium - зад сцените

Продукциската куќа Ember Films во Обединетото Кралство, добитничка на наградата Emmy, го споделува своето искуство од снимањето со Cinema EOS C700 FF

Погледни видеозапис

CMOS-сензор за целосна слика

Новосоздадениот сензор за целосна слика од 38,1 x 20,1 mm на Canon нуди слики со нов изглед, помала длабочина на поле и широко видно поле со динамички опсег од 15 чекори, како и неверојатниот квалитет на слика од Canon. При снимањето се достапни разновидни опции благодарение на режимите на сензорот што поддржуваат формати за целосна слика, Super 35 mm и Super 16 mm.

Откријте повеќе

Full Frame CMOS sensor

Голем избор на објективи

Користете ги објективите за целосна слика со EF-приклучок од Canon за да ги искористите предностите на автоматскиот фокус Dual Pixel CMOS. PL-приклучокот и опциите B4 (за кои е потребно адаптер EF/PL-кон-B4) нудат уште поголем избор на објективи со исклучителен квалитет на слика од Canon.

Откријте повеќе

Wide range of lens options

Прецизен и сигурен автоматски фокус

AF-системот Dual Pixel CMOS AF на Canon им овозможува на корисниците сигурно и едноставно фокусирање на објектите додека се движат низ целиот кадар, а нуди и функција за помош при рачно фокусирање.

Откријте повеќе

Accurate and reliable autofocus

Повеќе формати за снимање меѓу кои и 5,9K RAW

Снимајте 5,9K RAW-датотеки или 4K ProRes-датотеки со изборниот снимач CODEX CDX-36150 или, пак, снимајте внатрешно 4K-видеозаписи во форматите ProRes или XF-AVC за да го забрзате работниот процес.

Откријте повеќе

Multiple recording formats including 5.9K RAW
Outstanding image quality

Исклучителен квалитет на сликата

EOS C700 FF поддржува различни криви за функциите Log, простори на бои и индустриски стандарди за да обезбеди максимален квалитет на слика и природен изглед.

Откријте повеќе

Практични функции

Вградените ND-филтри, можноста за проследување преку IP и изборната дополнителна опрема за контрола на камери овозможуваат флексибилно ракување со камерата.

Откријте повеќе

Operational features
What’s in the box

Што содржи кутијата

Куќиште Cinema EOS C700 FF

Капаче за куќиштето

Држач за микрофон

Рачка

Основа за штипка

Држач за продолжување

Батерија во вид на монета (CR2025)

Завртки

Ногалки на основата x 4

Имбуси (1/4”, M4)

Плоча за зацврстување

Спецификации

5.9K/60P RAW

5,9K/60P RAW

Снимање во RAW-формат со 10 или 12 бита во CODEX drive

XF-AVC

XF-AVC

Внатрешно снимање со 810 Mbps и резолуција до 4K

High Dyanmic Range

Голем динамички опсег

Поддршка за PQ и HLG со следење

Built-in ND filters

Вградени ND филтри

Оптички ND-филтри со 10 чекори

Dual Pixel CMOS AF

Dual Pixel CMOS AF

Прецизен, сигурен и рамномерен автоматски фокус

15-Stops Dynamic Range

Динамички опсег со 15 чекори

Log 2 овозможува максимален динамички опсег

ProRes

ProRes

Лесна интеграција во постоечките работни процеси

CFast 2.0TM

CFast 2.0™

Стабилен медиум за снимање со висока бит-стапка

Погледни целосни спецификации

Specifications

Слична дополнителна опрема

Поврзани производи