XF605 ОД CANON

Флексибилност за снимање

Флексибилност за снимање

Формати за снимање што се соодветни за емитување

Камерата XF605 поддржува снимање во 4K UHD со 59,94p/50,00p 4:2:2 и 10 бита со помош на признатиот формат XF-AVC на Canon заснован на MXF, како и MP4-формати.

Подобрени режими за снимање

Откријте го целосниот креативен потенцијал на XF605 преку голем избор на режими за снимање. Режимот за забавени и забрзани движења овозможува снимање видеозаписи со стапка на слики до 120P во FHD, за сцени со брзи движења и неверојатни забавени движења. Не пропуштајте ниту еден момент со режимот за пред-снимање, истражете ја анимацијата со запирање на движењата со функцијата за снимање кадри и создавајте видеоснимки со забрзани движења на едноставен начин во самата камера со помош на снимањето во интервали.

XF605

Камерата XF605 нуди проширени опции за датотеки со приспособени слики, со три варијации на BT.709 (нормално, широко, стандардно), како и EOS Standard и EOS Neutral за поголема флексибилност при снимањето.

Корисниците можат и да ги вчитаат своите 3D LUT-датотеки во камерата со создавање на Look-датотеки за внатрешно снимање во комбинација со постојните поставки за приспособена слика.

Разновидни опции за снимање на две SD-картички

Двата отвори за UHS-II SD-картички овозможуваат флексибилен опсег на опции за снимање, вклучувајќи истовремено снимање во различни формати на датотеки, резолуции и семплирање на бои. Камерата XF605 нуди и нова опција за истовремено снимање аудиозаписи, овозможувајќи аудиодатотеките за транскрипција да се зачуваат на една картичка додека главниот видеозапис се снима на другата картичка.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ

Регистрирајте ја вашата заинтересираност за XF605 од Canon

Бидете првите кои ќе добиваат новости за XF605 од Canon, понуди од Canon, совети и водичи, најнови вести и покани за локални настани.

Слични статии

  1. Надворешниот изглед на XF605 од Canon што е прикажан на овие фотографии и видеосодржини може да се разликува од комерцијалниот производ.