Canon M6 hero
Blank-Rect Image

Canon EOS M6

Не пропуштајте ниту една приказна.

EOS што може да оди со вас насекаде за да бидете подготвени за спонтани приказни на улиците.

Галерија

Canon EOS M6 moments no one else notices

За моментите кои никој не ги забележува

Раскажете ја приказната на ваш начин. Доловете го тоа што го гледате на едноставен начин со EOS M6.

Погледни видеозапис

Огромен квалитет, мали димензии

Комбинација од DSLR перформанси и максимална преносливост

Погледнете ги сите спецификации за EOS M6 од Canon

Canon EOS M6 front
canon EOS M6 DSLR image quality mirrorless

DSLR квалитет на слика од фотоапарат без огледало

Снимете ја убавината на светот околу вас со слики кои ќе го доловат амбиентот на непланираните моменти. Во компактното куќиште на EOS M6 е вграден голем CMOS сензор со 24,2 мегапиксели кој создава извонредни резултати дури и при слаба осветленост или услови со голем контраст.

Спој од компактни димензии и DSLR квалитет

EOS M6, кој е доволно пренослив за да го носите во џеб или торба, ви овозможува да бидете спонтани при фотографирањето и да доловувате неочекувани моменти со острина и креативност, користејќи фотоапарат што можете да го носите насекаде.

Canon EOS M6 blend of compact DSLR

Извонредни перформанси кога најмногу ви се потребни

Dual Pixel CMOS AF овозможува брзо и прецизно фокусирање во стил на DSLR и автоматско следење на предметите кои се движат во кадарот. EOS M6 овозможува и брзо фотографирање, снимајќи слики со 24,2 мегапиксели и брзина до 9 fps (7 fps со SERVO автоматски фокус).

7fps v3
Canon EOS M6 Dual Pixel CMOS AF

Dual Pixel CMOS AF

Брзо фокусирање за фотографите. Рамномерно фокусирање за снимателите.

Погледни видеозапис

Нови нивоа на креативност за видеоснимките

Користете ги истите контроли за снимање видеоснимки што ги користите и за фотографирање, за едноставно снимање на Full HD видеоснимки кои ќе изгледаат прекрасно и на интернет и на вашиот телевизор. Остриот фокус се задржува на објектите додека тие (или вие) се движите, а снимениот материјал ќе биде стабилен благодарение на вградената стабилизација на слика со 5 оски.

Canon EOS M6 Video
Canon EOS M6 Embrace EOS

Разберете ја суштината на EOS

Ви нудиме неверојатна палета со избор на повеќе од 80 EF-M, EF-S или EF објективи.*

Дознајте повеќе

Паметно споделување и поврзување – не се потребни кабли

Постојано активните Bluetooth® и NFC овозможуваат лесно поврзување на EOS M6 со паметен телефон или таблет-уред преку Wi-Fi. Откако ќе ја воспоставите врската може да пребарувате слики и да ги споделувате со пријателите преку Cloud. Можете дури и да го контролирате фотоапаратот далечински и да гледате низ него преку екранот на вашиот уред.

Canon EOS M6 Wireless sharing

Апликација Canon Photo Companion

Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.

Откријте повеќе

Canon Photo Companion app

Спецификации

24.2 MP

24,2 мегапиксели

За DSLR квалитет на слика

60 fps FULL HD

Full HD видеоснимки

Одлични видеоснимки на интернет и во домот

DIGIC7

DIGIC 7

Перформанси со брз одзив

5 axis Digital IS

Дигитална стабилизација на слика со 5 оски

Спречува тресење на фотоапаратот

Dual Pixel CMOS AF

Dual Pixel CMOS AF

Брзо за фотографии; рамномерно за видеоснимки

Wi-Fi NFC

Wi-Fi и NFC

Снимајте и споделувајте без кабли

7fps icon

Фотографирање со 7 fps

Со SERVO автоматски фокус

Bluetooth

Bluetooth

За лесна безжична контрола

Погледни целосни спецификации

Canon EOS M6 top specifications
Canon EOS-M6 WITB

Што содржи кутијата

Куќиште EOS M6 од Canon

Капаче за фотоапарат R-F-4

Ремен EM-300DB

Полнач за батерии LC-E17E

Батерија LP-E17

Кабел за напојување

Комплет со упатство за користење

Дополнителна опрема

Поврзани производи

Canon EOS M6 Discover EOS M

Дознајте повеќе за EOS M

EOS M6 е само дел од сеопфатен систем на фотоапарати, објективи и дополнителна опрема.

Дознајте повеќе

*При користење на адаптерот за монтирање EF-EOS M.

® Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици. Потребен е Bluetooth® верзија 4 или понов и iOS 8.4, Android 5.0 или понов.