Видеоблогерот и инфлуенсер Niamh Mackinnon пораснала на идиличниот Isle of Skye, но, кога дошло време да го заврши школувањето, мислела дека е „здодевен и старомоден“. Меѓутоа, откако студирала во странство, почнала да го цени тоа што тој го нуди. Таа се вратила дома и со задоволство ги прославува пејзажите, културата и традициите на Skye, особено гелскиот јазик, при што се стекнала со над половина милиони следбеници на своите канали на социјалните медиуми. Неодамна ѝ се укажала можност да ги одведе нејзините видеосодржини на следното ниво со Canon EOS R50 V. Овде, таа зборува за нејзиното доживување со фотоапаратот и како тој го трансформирал нејзиниот начин на раскажување.
„Отсекогаш ме интересираше креирањето содржини“ открива Niamh. „Дури и како дете, секогаш правев мали домашни видеа од нашите семејни одмори“. Сепак, таа не го сметала креирањето содржини за кариерен пат, па го напуштила Skye за да студира правни науки. Социјалните медиуми ѝ останале само хоби додека не се вратила дома за летниот распуст во третата година од нејзините студии и снимила неколку видеозаписи што покажувале каков е животот на островот.
„Мојот прв „ден од животот на шкотски остров“ доби милион прегледи прилично брзо“, се присетува таа. „Си помислив дека можеби ќе ми тргне од рака со ова, па снимив уште еден видеозапис, а тој доби осум милиони прегледи. Тоа ми даде самодоверба да се осмелам да се обидам со она што со задоволство го правам. Во последната година од факултетот, повеќе бев фокусирана на креирањето содржини, отколку на студирањето, но сепак успеав да добијам диплома, се вратив дома и сега редовно креирам содржини“.
Niamh во моментов има 307.000 следбеници на TikTok и 215.000 на Instagram, а нејзините видеа на YouTube имаат добиено повеќе од 19 милиони прегледи.
Доловување на магијата на шкотскиот остров: усовршување на креирањето содржини со професионален квалитет
Canon EOS R50 V ви нуди напредни функции за снимање, како што се Canon Log 3 и снимање во 4K 60p. „Јас не сум многу технички поткована“, признава Niamh. „Тоа не ми е толку важно – поважна ми е приказната што ја раскажувам и пораката што ја испраќам. Имам уште многу за учење, но EOS R50 V направи да се чувствувам дека тоа е можно“.
Niamh немала проблеми да снима рамномерни и стабилни снимки, дури и при рачно снимање во движење, благодарение на оптичката стабилизација на слика во објективот RF-S 14-30mm F4-6.3 IS STM PZ, кој нуди стабилизација на слика до 5 чекори, плус дигитална стабилизација на слика за видео во самиот фотоапарат.
Повеќе од видеоблог за животен стил
Skye е најголемиот остров од Inner Hebrides, северозападно од брегот на Шкотска, но тој е многу ретко населен. Видеоблоговите и видеозаписите на Niamh се фокусираат на побавното темпо на живот на островот и живеењето поблиску до природата, истражувањето на руралните средини, уживањето во едноставните секојдневни активности како што е готвењето, планинарењето и пливањето во дивината. На овој начин, таа вели дека се труди да „донесе барем мал дел позитивност на платформите што се прилично интензивни, а понекогаш и непријатни“. Сепак, освен што го споделува таквиот начин на живот, Niamh наоѓа мотивација и во својата љубов кон култирата и обичаите на Шкотска, за кои смета дека не се доволно застапени на социјалните медиуми.
Нејзиниот проект од соништата за фолклорот на Skye едноставно не бил изводлив со паметен телефон, иако таа најчесто користела паметен телефон за да ги снима своите видеозаписи. „Со паметен телефон“, објаснува таа, „не може да го добиете тој драматичен, филмски впечаток, па приказната се губи и не изгледа толку мистично и магично“.
Како Canon EOS R50 V ѝ помогнал на Niamh да ја раскаже својата приказна? Пред сѐ, вели таа, „разликата во квалитетот е неверојатна. Нема споредба. Снимав во 4K со Canon Log за да добијам попрофесионален изглед и да ги доловам деталите на пејзажот. Фолклорот е вграден во пејзажот, во деталите на карпите и малите нешта, а не големите знаменитости, така што потребен ми е фотоапарат што може да ги долови за да може да ги раскажам приказните.“
Користењето на Canon Log овозможило доловување на максималниот динамички опсег и детали на боите, а Niamh потоа можела да изврши градација на боите на снимките за да ја истакне длабочината на пејзажот што таа вели дека недостасувала во снимките направени со паметен телефон. „Едноставно не може да го добиете истото филмско раскажувачко чувство на паметен телефон. Тоа се два потполно различни света“.
На Niamh ѝ било лесно да го користи вртливото копче за режими на EOS R50 V за да се префрлува помеѓу режимите за снимање видео и да пробува креативни режими за сцени. „Не сум многу упатена во експериментирањето со поставките“, признава таа, „но беше забавно и неверојатно едноставно да се тестираат поставките и функциите и да се види што сѐ може да понуди овој фотоапарат“.
Niamh го користела EOS R50 V со објективот RF-S 14-30mm F4-6.3 IS STM PZ од Canon, револуционерен објектив со внатрешен моторизиран зум, специјално дизајниран за креаторите на содржини кои користат фотоапарат со EOS R-систем со сензор APS-C, а особено ѝ се допаднал моторизираниот зум. „Избегнувам зумирање на паметните телефони бидејќи е „лепливо“ – едноставно скокнува од едно нешто на друго. Зумирањето со овој објектив беше толку рамномерно и прецизно, тоа е сосема поинакво нешто. Исто така беше неверојатно лесно да се контролира зумот со прстенот за зумирање на објективот или со рачката за зумирање на горната страна на фотоапаратот“.
Од практична гледна точка, Niamh била импресионирана од малата тежина на фотоапаратот и објективот, дури и кога чекорела со нив со часови, како и од едноставноста во ракувањето со опремата. Кога снимала во движење, на пример кога се снимала при патувањето до локацијата по нерамните патишта на Skye, таа увидела дека стабилизацијата на слика е неспоредливо подобра од онаа на паметните телефони.
Многу ѝ се допаднало и автоматски фокус. Во минатото, ако снимала самата, најчесто го поставувала телефонот и се надевала дека ќе биде во фокусот, но понекогаш камерата на телефонот се фокусирала на нешто друго во кадарот и снимката била неупотреблива. За споредба, благодарение на неговиот паметен автоматски фокус со следење на субјектот, EOS R50 V секогаш го задржувал фокусот на неа и испорачувал совршено фокусирани снимки, со што ѝ овозможувал слобода да се концентрира на нејзините содржини, наместо да се грижи за техничките аспекти.
Лесно пристапните контроли на EOS R50 V овозможуваат брзо адаптирање на мошне променливите услови за снимање со кои се соочила Niamh за време на снимањето.
Првенствена насоченост кон социјалните медиуми, плус креативни опции
Niamh претежно снимала вертикално за нејзините примарни социјални платформи, така што навистина ѝ помогнало тоа што имала фотоапарат што испорачува правилно форматирани снимки. За другите фотоапарати, вели таа, дури и ако имаат водичи за обликување на кадарот, потребен е дополнителен чекор на отсекување, на што таа не сакала да троши време кога има нешто да сподели со своите следбеници.
За неа работниот процес бил многу едноставен благодарение на апликацијата Canon Camera Connect, која ѝ овозможила брзо и беспрекорно префрлување на снимките до нејзиниот паметен телефон за да може да ги уредува и споделува. „Во минатото, со други фотоапарати, имав проблеми со тоа, но сега процесот е навистина одличен, а и ми заштедува време при уредувањето“.
Фотоапаратот се покажал и како едноставен за употреба на терен. „На Skye, каде што временските услови и осветлувањето се менуваат толку брзо, од пороен дожд до ненадејно сонце, мора брзо да ги менувате поставките. Со EOS R50 V, беше многу едноставно да се направи тоа на самото место – не морав да минувам часови на дождот обидувајќи се да ги променам поставките. Многу е забавно и едноставно да експериментирате со поставките додека не ги добиете саканите резултати“.
Niamh обично снима самата, но нејзината сестра ѝ помогнала при снимањето на видеозаписите зад сцената, каде што е прикажана Niamh во акција. Тие ги користеле филтрите за бои на фотоапаратот за да додадат тон на сепија и намалено заситување, што се покажале како идеални за доловување на атмосферата и нивните чувства при снимањето. „Совршено за раскажување приказни и доловување на емоциите“.
Благодарение на тежината на EOS R50 V од само 370 гр. (вклучувајќи батерија и мемориска картичка) и само 181 гр. за објективот RF-S 14-30mm F4-6.3 IS STM PZ, Niamh немала проблеми да ја носи својата опрема цел ден, дури и во тешки услови.
„Обично не сакам да експериментирам“, продолжува Niamh, „но, на EOS R50 V е толку лесно да ги менувате режимите за снимање и да пробувате различни поставки, така што тоа не ме вознемируваше.
„Всушност, тоа ме поттикна да бидам покреативна. На паметен телефон, само притиснувате „снимај“ и нема можност за креативност, но со овој фотоапарат, може да експериментирате и да бидете покреативни, што мислам дека е најголемата разлика. Така повеќе се чувствувам како да снимам филм отколку како само да снимам нешто“.
Niamh веднаш се насочила кон подигнување на стандардот на нејзините содржини. „Како што се развивам како креатор, сакам да се развива и квалитетот на мојата работа“, вели таа. „Оваа камера ми овозможи да снимам со висок квалитет како никогаш досега и да ги подигнам моите содржини на ново ниво за сето тоа да изгледа повпечатливо и драматично“.
Меѓутоа, овој потенцијал ја инспирира и да раскажува покреативни приказни, во кои се појавуваат локалните гласови на Skye, особено постарата генерација. „Кога велам пофилмски содржини, не мислам само на нивниот изглед, туку и на приказните што ги раскажувам, на подлабокото значење што се крие зад нив“. Со паметен телефон, не можете да ги раскажете тие приказни на истиот начин. Луѓето овде ја обожаваат својата култура – внесуваат толку многу љубов и страст во неа што би сакала да ја споделам со луѓето и, се надевам, да ги инспирирам повторно да се поврзат со нивното наследство и традиција“.
Напишано од Alex Summersby
Слични производи
-
EOS R50 V
Бидете креативни со фотоапарат со заменливи објективи претежно насочен кон снимање видео, опремен со напредни функции за снимање за да ги усовршите вашите содржини. -
RF-S 14-30mm F4-6.3 IS STM PZ
Извонредно широкоаголен објектив со внатрешен моторизиран зум за рамномерни транзиции при зумирање - идеално за создавање содржини и снимање видеоблогови. -
Статив со држач HG-100TBR
Фотографирајте подолго со поголема стабилност и креативна флексибилност благодарение на овој уникатен статив со држач и отстранлив далечински управувач. -
PowerShot V1
Компактен фотоапарат претежно наменет за снимање видео во 4K-резолуција, со прецизен автоматски фокус и кристално јасен звук - идеален за креатори на содржини во движење.