APS-C-формат наспроти формат за целосна слика - објаснување на разликите

Што е тоа фотоапарат за целосна слика и која е разликата помеѓу сензор за целосна слика и APS-C-сензор? Ова се клучните разлики и предности на двата типови.
Поделена слика која прикажува Canon EOS R8 Mark II пред дефокусиран рид и Canon EOS R7 на карпа.

Палетата на фотоапарати без огледало со EOS R-систем вклучува модели со сензори за слика APS-C и модели со сензори за целосна слика. Објективите RF дизајнирани за фотоапарати за целосна слика може да се користат со двата вида на фотоапарати, а објективите RF-S дизајнирани за фотоапарати APS-C може да се користат и со фотоапарати за целосна слика со EOS R-систем во режим со отсекување. Како се споредуваат фотоапарати со APS-C без огледало и фотоапарати за целосна слика? Кои се сличностите, кои се разликите и кој формат е најдобар за вас?

Која е разликата помеѓу APS-C-фотоапаратите и фотоапаратите за целосна слика?

Главната разлика помеѓу APS-C-фотоапаратите и фотоапаратите за целосна слика е физичката големина на сензорот за слика - сензорите на фотоапаратите за целосна слика се поголеми од сензорите на APS-C-фотоапаратите - а другите разлики помеѓу двата видови фотоапарати произлегуваат од оваа разлика. Но, како и кај повеќето нешта, поголемо не мора да значи и подобро, така што секој формат има свои клучни предности.

EOS R8 Mark II покрај EOS R7, на двата фотоапарати нема прикачен објектив.

Кога ги споредуваме овие два фотоапарати со EOS R-систем без прикачен објектив, разликата во големината на сензорите е очигледна. Лево, EOS R8 Mark II за целосна слика; десно, APS-C EOS R7. RF-приклучокот за објективи е идентичен на двата модели.

Сензор APS-C пред сензор за целосна слика, за споредба на нивните димензии.

Споредба на сензор за целосна слика и сензор APS-C. Разликата во големината објаснува зошто APS-C-фотоапаратите може да бидат помали и покомпактни од фотоапаратите за целосна слика.

Што е APS-C?

Активната површина на сензорите за слика за APS-C-формат од Canon изнесува 22,2x14,8 mm, што блиску одговара на рамката на фотографски филм со APS-C-формат.

Форматот APS (Advanced Photo System) првпат бил претставен во 1996, како нов тип картриџ со фотографски филм. Во повеќето фотоапарати со филм во тоа време, можело да се избере различен сооднос на слика, меѓу кои C (Classic) со истиот сооднос на слика од 3:2 како и стандардните фотоапарати со филм од 35 mm, H (High definition) со широкоаголен сооднос на слика 16:9 и P (Panoramic) 3:1.

APS-C одговара и на видео форматот Super 35 и стана популарен избор за големина на сензор за слика за дигиталните SLR фотоапарати EOS од Canon (DSLR), како и за фотоапаратите без огледало од серијата EOS M.

Две фламенко танчарки облечени во бујни долги фустани позираат во живописен двор со повеќе сводови, снимени со фотоапарат Canon EOS со APS-C.

При истите вредности за решетка и фокусна должина, APS-C-фотоапаратите како што е EOS R10 од Canon типично создаваат поширока длабочина на поле отколку фотоапаратите за целосна слика. Ова е идеално за добивање острина низ целата површина на сликата. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM (сега е заменет со новиот Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM), со избрани 10 mm, 1/320 сек., f/5 и ISO1600. © Diana Millos

Портрет од млада жена со долга црвена коса наспроти заматена заднина, снимен со фотоапарат Canon EOS за целосна слика.

Фотоапаратите за целосна слика со брз објектив карактеристично создаваат помала длабочина на поле, со што ви овозможуваат да го изолирате главниот субјект во сцената така што ќе ја заматите заднината за поатмосферски, „попрофесионален“ изглед. Снимено со Canon EOS R6 Mark II и објектив Canon RF 28-70mm F2 L USM со избрани 70 mm, 1/250 сек., f/2 и ISO200. © Jovana Rikalo

Што претставува форматот за целосна слика?

Сензорите за целосна слика од Canon имаат активна површина од 36x24 mm, истата големина како и кадар од филм од 35 mm.

Филмот со формат од 35 mm датира од 1889 година, кога бил претставен како стандардна ширина на филмот за снимање видеозаписи. Тој наскоро станал стандарден за фотографирање и бил пренесен во дигиталните фотоапарати за целосна слика, вклучувајќи ги и DSLR-фотоапаратите EOS и фотоапаратите без огледало од системот EOS R.

APS-C-сензорите и сензорите за целосна слика создаваат слики со стандарден сооднос на слика од 3:2, а APS-C-сензорите може да имаат ист број мегапиксели како сензорите за целосна слика. Меѓутоа, сензорите за целосна слика физички се поголеми за приближно 63% или 1,6x пати од сензорите за слика во APS-C-формат.

Извонредно широк приказ од вртелешка под Ајфеловата кула, снимен со фотоапарат за целосна слика од Canon.

Фотоапаратите за целосна слика го олеснуваат снимањето на целосни прикази. Факторот на отсекување на APS-C-сензор прави вашиот субјект да исполнува поголем дел од кадарот, поради што е потребно да користите многу поголема фокусна должина или да се оддалечите за да соберете повеќе работи во кадарот. Оваа фотографија е снимена со фотоапарат за целосна слика, Canon EOS R8 и објектив Canon RF 15-35mm F2.8L IS USM со избрани 15 mm, 1/2000 сек., f/2,8 и ISO100.

Приказ од вртелешка под Ајфеловата кула снимен со фотоапарат од Canon со APS-C.

Оваа слика е снимена од истото место, со истиот објектив и фокусна должина, но со APS-C-фотоапарат. Помалиот сензор доловува помал дел од сцената, така што ефектот е ист како и зумирање. Снимено со Canon EOS R7 и објектив Canon RF 15-35mm F2.8L IS USM со избрани 15 mm, 1/160 сек., f/9 и ISO100.

Објаснување за факторот на отсекување

Физичката разлика во големината помеѓу двата видови сензори одредува што може да „види“ фотоапаратот. Сите објективи создаваат кружна слика, што значи дека објективите со компатибилност за целосна слика треба да имаат доволно голем периметар за сликата да се преклопи со аглите на правоаголниот сензор за целосна слика. Ако го користите истиот објектив со фотоапарат од APS-C-форматот, помалиот сензор за слика ќе искористи помал дел во центарот на истата кружна слика. Како резултат на тоа, во споредба со сликата од сензорот за целосна слика, сликата ќе биде отсечена.

Бидејќи APS-C-сензорите во фотоапаратите од Canon се 1,6x помали од сензорите во фотоапаратите за целосна слика од Canon, „факторот на отсекување“ е 1,6x. Тоа значи дека ако фотографирате со стандарден објектив од 50 mm на APS-C-фотоапарат, ќе добиете видно поле еквивалентно на објектив од 80 mm на фотоапарат за целосна слика (50 x 1,6 = 80). Според тоа, ако фотографирате со објектив за целосна слика од 100 mm на APS-C-фотоапарат, ќе добиете видно поле еквивалентно на објектив од 160 mm на фотоапарат за целосна слика. Затоа, факторот на отсекување понекогаш се нарекува и „множител на фокусна должина“ и ви ја покажува ефективната фокусна должина на објективот што го користите.

Факторот за отсекување од 1,6x важи без оглед на тоа дали користите објектив RF (целосна слика) или RF-S (APS-C) на фотоапарат APS-C. Ова е причината зошто RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM, покрај широкоаголната фокусна должина, обезбедува видно поле еквивалентно на стандарден објектив со зум на фотоапарат за целосна слика.

Canon EOS R7 покрај три објективи: RF 100-400mm F5.6-8 IS USM, RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM и RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM.

Објективот RF 100-400mm F5.6-8 IS USM, прикажан на левата страна, има ефективна фокусна должина од 160-640 mm на EOS R10 и EOS R7. Кога би користеле додаток за продолжување RF 1,4x од Canon или додаток за продолжување RF 2x на фотоапарат за целосна слика со EOS R-систем за да добиете сличен опсег, би изгубиле еден или два чекора на решетката, со што би се намалила брзината на блендата, поради што би било потешко да се избегне заматеност од движења и тресење на фотоапаратот. Објективот RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM (во средина) нуди ефективен фокусен опсег од 29-72 mm кој е еквивалент на 35 mm, а RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM (десно) нуди 29-240 mm.

Предности на APS-C-форматот во споредба со форматот за целосна слика

Бидејќи APS-C-сензорите се помали, фотоапаратите може да бидат покомпактни и полесни, што е идеално за улично фотографирање и фотографирање при патувањата. Новитетите во дизајнот на фотоапаратите без огледало значат дека денешните модели за целосна слика може да бидат изненадувачки преносливи. EOS R8 Mark II за целосна слика е споредлив според големината и тежината со D-SLR со APS-C, со што вие можете да уживате во придобивките од сензори за целосна слика без да ја жртвувате преносливоста.

Бидејќи од објективот дизајниран за APS-C-фотоапаратите се бара помала кружна слика, објективот може да биде помал и полесен, а според тоа и подостапен.

Факторот на отсекување на сензорот APS-C овозможува помалите или подалечни субјекти да изгледаат поголеми во кадарот, со што се зголемува ефективната фокусна должина на секој објектив за 1,6x. Тоа може да биде предност за фотографирање диви животни, движења и спорт. Ако користите објектив со достапна цена, каков што е Canon RF 75-300mm F4-5.6 со APS-C-фотоапарат, ќе добиете ефективен опсег на зумирање од 112-480 mm, со што би добиле перформанси слични на извонреден телефото објектив. Објективот RF 800mm F11 IS STM добива ефективна фокусна должина од 1280 mm на APS-C-фотоапарат. Потребно е да прикачите додаток за продолжување за објективи или да користите поголем, потежок и поскап објектив за да го добиете истиот дострел на фотоапарат за целосна слика.

Фотоапаратите со EOS R-систем за целосна слика ви дозволуваат да примените отсекување од 1,6x за да го добиете истото видно поле како фотоапарат APS-C. Исто така, автоматски се префрлуваат на отсекувањето до 1,6x кога е прикачен објектив RF-S. Отсекувањето го намалува бројот на мегапиксели во споредба со фотографирање со наменски APS-C-фотоапарат, поради што резултирачките слики имаат помала резолуција за големи зголемувања. Но, ја обезбедува креативната флексибилност потребна за префрлување меѓу фотоапарат за целосна слика и APS-C кога фотографирате со истиот фотоапарат.

Слика снимена при слаба осветленост од двајца луѓе околу оган, осветлени со него, а во заднина има комбе за кампување со вклучени внатрешни светла.

Сензорите за целосна слика најчесто се избирани за фотографирање при високи ISO вредности затоа што имаат поголеми електронски кола за откривање бои од сензорите APS-C со ист број мегапиксели, што значи дека може да доловат повеќе светлина со помалку шум. Снимено со Canon EOS R6 Mark II за целосна слика и објектив Canon RF 15-35mm F2,8L IS USM со избрани 15 mm, 5 сек., f/5 и ISO12800.

Ноќен градски пејзаж на кој се прикажани високи згради, а уличните светла се рефлектираат од водена површина во преден план, снимено со фотоапарат Canon EOS со APS-C.

Дури и во такви услови, шумот во сликата е под контрола благодарение на фотоапаратот EOS R7 со 32,5 MP и фотоапаратот EOS R10 со 24,2 MP, кои можат да доловат извонредни фотографии со минимален шум во услови со многу слабо осветлување при високи ISO-вредности. Снимено со Canon EOS R10 со APS-C и објектив RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 22 mm, 1/40 сек., f/8 и ISO25600.

Предности на форматот за целосна слика во споредба со APS-C-форматот

Бидејќи сензорите за целосна слика имаат пошироко видно поле, фотоапаратите за целосна слика се идеални за снимање пејзажи, извонредно широки архитектонски ентериери и астрофотографии, како и за креативен ефект кога сакате да ја преувеличите перспективата помеѓу предниот и задниот план во сликата.

Општо правило е дека, особено при пошироки решетки (пониски f-броеви), фотоапаратите за целосна слика може да создадат помала длабочина на поле од APS-C-фотоапаратите, што значи дека помал дел од сликата е во остар фокус, а поголем дел од заднината е заматен. Тоа често е идеално за фотографирање мртва природа и портрети, како и во секоја друга ситуација на фотографирање во која сакате да го изолирате главниот субјект така што ќе ја дефокусирате заднината.

Уште една предност на сензорите за целосна слика е директно поврзана со нивните поголеми димензии. Под идентични услови, поединечните електронски кола за откривање бои или рецепторите за светлина на сензорите за целосна слика се физички поголеми од оние на APS-C-сензорите со еднаков број на мегапиксели. Затоа тие имаат поголем потенцијал за собирање светлина и може да доловат повеќе информации со помал шум на слика, особено при високи ISO вредности во услови на слаба осветленост. Тоа е голема предност за фотографирањето портрети на затворено и свадби, како и за рачно фотографирање на самрак, ноќни градски пејзажи, како и секогаш кога ви се потребни доволно големи брзини на блендата за да го замрзнете движењето во слабо осветлените сцени.

Жена држи фотоапарат за целосна слика Canon EOS R8 Mark II со дефокусиран поглед на градот во заднина.

Со својот модерен дизајн со мала тежина и вградена стабилизација на слика, EOS R8 Mark II за целосна слика е одличен фотоапарат за патувања, без оглед на тоа дали сте надвор од градот за викенд или патувате на другиот крај на светот.

Споредба на фотоапарат за целосна слика и APS-C

Фотоапаратите за целосна слика понекогаш се сметаат за „попрофесионални“ од APS-C-фотоапаратите и тие сигурно се поголеми, што ги прави посоодветни за користење со големи телефото објективи. Меѓутоа, благодарение на поголемиот опсег што го добивате со APS-C-фотоапаратите, можеби воопшто и не ви е потребен толку голем телефото објектив.

APS-C останува најдобар избор за фотографите за патувања, како и за фотографите на спорт и диви животни, на кои им е потребен моќен телефото опсег во комбинација со слобода на движење. Но, со тежина од приближно 499 g (само на куќиште), Canon EOS R8 Mark II ви ги нуди перформансите на фотоапарат за целосна слика во фотоапарат подготвен за патувања кој има слична големина како DSLR со APS-C. Всушност, многу е полесен од EOS 90D, кој има тежина од приближно 701 g (само куќиште), а нуди многу поинтелигентен автоматски фокус, стапка на секвенцијално фотографирање која е околу четири пати побрза, како и придобивките во квалитетот на сликата при префрлување на целосна слика.

Фотоапарат со целосна слика е одличен за доловување извонредно широки видни полиња, идеално за снимање и извонредно широки пејзажи и тесни простори. Фотоапарат APS-C може да постигне извонредно широки прикази со наменски извонредно широки објективи RF-S, но факторот на отсекување од 1,6x на сензорот значи дека објектив како што е RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM нуди еквивалентен опсег на зумирање за целосна слика од 16-29 mm. Фотоапаратите за целосна слика можат максимално да искористат поширок избор на извонредно широкоаголни објективи, со што можете да снимате пошироки пејзажи.

Една од најголемите предности на фотоапарат за целосна слика е можноста за произведување помала длабочина на полето за поголемо одделување на субјектот. Со ова се идеални за истакнување на субјект на портрет наспроти привлечно заматена заднина. Тоа не значи дека фотоапаратите APS-C не се добра опција за фотографирање портрети. Впарување фотоапарат APS-C како што е EOS R7 или EOS R100 со лесниот Canon RF 45mm F1.2 STM обезбедува ефективна фокусна должина од 72 mm - за класична перспектива на портрет со кратко телефото - а притоа ја задржува извонредно брзата максимална решетка f/1,2 за да го привлечете вниманието на вашиот субјект.

Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM се прикачува на Canon EOS R8 Mark II, а сензорот за целосна слика на фотоапаратот е видлив.

Фотографирањето за целосна слика не мора да значи големи фотоапарати и тешки објективи. Компактниот дизајн на EOS R8 Mark II, кој е подготвен за патувања, е надополнет со комплет еднакво лесни објективи RF со зум. RF 100-400mm F5.6-8 IS USM, е прикажан како се прикачува овде и може да се користи заедно со RF 24-105mm F4-7.1 IS STM и RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM, со што добивате разновиден опсег за различни субјекти и ситуации.

RF наспроти RF-S-објективи

Сите фотоапарати со EOS R-систем од Canon, од EOS R8 Mark II за целосна слика и EOS R8 до APS-C-фотоапаратите EOS R7 и EOS R10, се фотоапарати за целосна слика кои се одликуваат со истиот напреден приклучок за RF-објектив. Ова значи дека можете да ја истражите целата палета на извонредни објективи RF, без оглед на тоа кој фотоапарат со EOS R-систем ќе го изберете. Мал дел од нив изискуваат сензор за целосна слика за целосна реализација на нивниот креативен потенцијал - како доловување приказ на кружно рибино око од 190° со RF 7-14mm F2.8-3.5L FISHEYE STM – но, кој било објектив RF или RF-S може да се прикачи на кое било куќиште со EOS R-систем.

Покрај објективите со врвни технологии за фокусирање и оптички квалитет, RF-приклучокот нуди многу поголема брзина на префрлување податоци помеѓу објективот и фотоапаратот, со што овозможува снимање со интелигентен автоматски фокус и следење со неверојатна брзина и прецизност, нови нивоа на стабилизација на слика, оптимизација на објективот во реално време и многу други придобивки.

Со издавањето на EOS R7 и EOS R10, ви претставивме и нови објективи RF-S што се специјално дизајнирани за фотоапаратите со RF-приклучок и APS-C-сензори. Стандардниот објектив за зумирање RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со ефективен фокусен опсег од 29-72 mm што е еквивалент на 35 mm, е прилично мал благодарение на неговиот дизајн на извлекување, со тежина од само 130g, додека RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM нуди уште поголем опсег на зумирање - ефективен фокусен опсег од 29-240 mm што е еквивалент на 35 mm - и сепак тежи само 310g, што го прави неверојатно разновиден „сѐ-во-едно“ објектив за секојдневна употреба и фотографирање при патувањата.

Ако се надградите на фотоапарат за целосна слика со EOS R-систем како што е EOS R8 Mark II или EOS R8, можете да продолжите да ги користите објективите RF-S, иако фотоапаратот автоматски ќе ја отсече сликата на APS-C-област од сензорот.

Друг компактен и лесен објектив RF по достапна цена за фотоапарати за целосна слика е Canon RF 16mm F2.8 STM, кој сепак дава големо и широко видно поле на EOS R7 и EOS R10 еквивалентен на објектив со 25,6 mm на куќиште за целосна слика. За приказ еквивалентен на 16 mm на фотоапарат APS-C, одберете го Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM.

Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM одлично функционира како стандарден примарен објектив со ефективна фокусна должина од 56 mm на APS-C-фотоапарати EOS R, заедно со оптичка стабилизација на слика и фактор на макро зголемување од 0,5x за фотографирање одблиску. Canon RF 50mm F1.8 STM е одличен објектив за портрети што ја комбинира ефективната фокусна должина од 80 mm на APS-C-фотоапаратите со брза решетка со f/1,8 за мала длабочина на поле. За фотографирање при патувања и улично фотографирање, RF 28mm F2.8 STM нуди ефективна фокусна должина од 45 mm во комбинација со лесниот, компактен дизајн во вид на „палачинка“ на EOS R10.

Без оглед на тоа дали ќе изберете фотоапарат за целосна слика или APS-C, EOS R-системот ви дава пристап до сѐ поголема палета на објективи со RF-приклучок која ќе му одговара на вашето фотографирање. APS-C нуди компактна опција со одличен дострел, а фотоапаратите за целосна слика отвораат повеќе креативни можности - од широкоаголно фотографирање и фотографирање при слаба осветленост до повеќе контрола над длабочината на полето.

Written by Matthew Richards and Marcus Hawkins

Слични производи

    EOS R8 Mark II

    Квалитетот на форматот за целосна слика и креативната слобода се искомбинирани во компактно тело, со стабилизација, брзина и интелигентен автоматски фокус што ви влеваат сигурност.

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.

    EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни

    EOS R50 [Црна]

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.

Слични статии

Зошто EOS R-системот е надградба што може да ви ја промени кариерата

Фотоапаратите и објективите Canon EOS R ги подобруваат резултатите на фотографите веќе пет години. Дознајте од прва рака зошто професионалците ги избраа токму нив.

Како да почнете да фотографирате

Дали сакате да преминете од паметен телефон на фотоапарат? Нашиот водич за фотографирање за почетници ви нуди сè што ви е потребно за да започнете.

Како да изберете објектив

Сѐ што треба да знаете за објективи, почнувајќи од видови на објективи до функции што треба да ги барате.

DSLR-фотоапарати наспроти фотоапарати без огледало: кои се подобри?

Со најголемиот избор на фотоапарати без огледало досега, дали е време да преминете на фотоапарат без огледало? Правиме споредба на DSLR-фотоапарати и фотоапарати без огледало за да ги откриеме придобивките од префрлувањето.