КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Изразете се со Zoemini S2 од Canon

Откријте како танчарите Max Kion и Dottz Brown ги прославуваат големите моменти во животот и не пропуштајте ништо со „2 во 1“ минипечатачот за фотографии од Canon.
Canon Camera
Каде ќе ве одведе ритамот на животот? Без разлика дали танцувате на улица или патувате надвор од градот, снимете ги и отпечатете ги вашите уникатни приказни додека го истражувате светот со Zoemini S2 од Canon. Овој „2 во 1“ печатач за фотографии со џебна големина е дизајниран за користење со апликацијата Canon Mini Print и им овозможува на создавачите на содржини да фотографираат и да печатат со истиот уред.

Благодарение на практичниот фотоапарат од 8 MP, технологијата ZINK™ и можноста за зачувување фотографии на Micro SD-картичка за подоцнежно користење, Zoemini S2 од Canon е совршена алатка за креативните корисници кои сакаат да се изразат во моментот, како што открија и танчарите Max Kion и Dottz Brown кога го понесоа инстант фотоапаратот и печатач на тренинг во еден магацин.

Танцување на улица

Млад маж со долга коса прави автопортрет од себеси и неговата пријателка со помош на Zoemini S2 од Canon.

Танчарите Max Kion и Dottz Brown со задоволство се впуштија во енергично и креативно снимање со Zoemini S2 од Canon. Парот беше еден од првите луѓе кои го пробале и откри дека тој е совршена алатка за создавање во движење.

Родена во Амстердам, порасната во Барселона, а сега жител на Лондон, диџејот и животен тренер Max Kion го користи танцот како креативно средство за изразување - нешто со што почнала сериозно да се занимава за време на националниот карантин во Обединетото Кралство за време на пандемијата со COVID-19.

„Отсекогаш ја сакав музиката и да танцувам, но никогаш не го сфаќав тоа многу сериозно сè додека не настапи карантинот кој штотуку заврши во Обединетото Кралство,“ вели Max. „Тогаш за прв пат почнав вистина да седнувам, да вежбам и да учам нови работи и тогаш сфатив колку многу ми се допаѓа тоа. Тоа ми беше креативно бегство, особено со хаус музиката - не може да не бидете среќни кога танцувате на неа. Всушност, тоа е мојот начин да останам нормална.“

Освен тоа што се појавува во музички видеа за музички продуценти за хаус музика, Max е и диџеј, како и дел од група „shuffle“ танчари кои се собираат на разни локации во Лондон и со себе носат звучници.

„Вибрациите се толку позитивни и обединувачки што навистина стануваме една огромна заедница и таму ги полнам батериите секоја недела,“ вели Max за нејзината неделна група за „shuffle“ танц.

Танчарот и архитект од југоисточен Лондон Dottz Brown исто така е дел од групата, а почнал да танцува со пријателите пред 13 години.

„Всушност почнав да танцувам кога имав 15 години, отприлика во исто време со раѓањето на YouTube,“ објаснува Dottz. „Потоа, на мојот 18-ти роденден, мојата сестра ми подари фотоапарат од Canon како подарок за завршувањето на средното училиште. Почнав да правам мои видеа на YouTube, кој за мене беше место на кое можев да се опуштам и да пробувам нови нешта. Секои шест месеци се поврзував со група пријатели на плоштадот Трафалгар во Лондон и разменувавме потези, вежбавме и правевме видеа. Во основа, се заразив со оваа работа кога бев млад и никогаш не престанав.“

3 режими на фотоапаратот за изразување во самиот момент

Три печатачи за фотографии Zoemini S2 од Canon во различни бои поставени на дрвена маса, опкружени со отпечатени минифотографии од две млади лица кои се забавуваат.

Zoemini S2 од Canon се одликува со вградено огледало и прстенесто светло за подобро снимање автопортрети и е достапен во три бои: бела, розова-златна и зелено-сина. „Многу ми се допаднаа различните бои“, вели Max, „и беше многу лесен за користење“. Ако сакате да отпечатите постоечки слики, може да ги пробате и другите инстант печатачи, вклучувајќи го и Zoemini од Canon.

Човек во беж панталони и шарена кошула вметнува печатач за фотографии Zoemini S2 од Canon во џеб.

„Тој е мазен и заоблен со благи рабови и може да го ставите во џеб без да запне на нешто“, вели Dottz за Zoemini S2 од Canon, кој се одликува и со практичната функција за Micro SD-картичка, што значи дека може да ги зачувате омилените слики за подоцна во случај да ви снема хартија или да сакате да ги споделувате вашите слики преку социјалните медиуми.

Со желба да ги претворат моментите во спомени, Dottz и Max го пробаа Zoemini S2 од Canon во еден празен магацин. Благодарение на тенката изработка и малата тежина на овој „2 во 1“ уред, дуото откри дека може да ја доловува својата креативност онака како што таа се одвива.

„Речиси беше како уметнички проект“, вели Dottz. „Едноставно се забавувавме трчајќи низ објектот, снимавме смешни слики и експериментиравме. Направивме низа автопортрети, а потоа составивме колаж на ѕидот од индивидуалните отпечатени слики за да создадеме голема слика од низата помали слики“.

Покрај режимот за автопортрети, Zoemini S2 од Canon има и режими за фотографирање на отворен простор и за снимање портрети, со можност за уредување и додавање филтри и рабови во самиот фотоапарат пред печатењето, со помош на копчињата Effects (Ефекти) и Frames (Рабови). Пред фотографирањето, корисниците може да проверат дали сликите се фокусирани со помош на прегледувањето во живо во апликацијата Canon Mini Print. Режимот за фотографирање на отворен простор функционира без блиц, режимот за портрети користи автоматски блиц, а режимот за автопортрети го користи прстенестото светло.
Zoemini S2 од Canon и албум со колажи на маса, а на нив се прикажани слики од млад маж и жена што прават смешни гримаси и се забавуваат.

„Најголемиот сон отсекогаш ми беше да танцувам на фестивалска сцена и да ја почувствувам енергијата на публиката,“ вели Max, која се преселила во Лондон пред две години за да стане актерка, но потоа сфатила дека тоа не е за неа.

Човек снима фотографија на Zoemini S2 од Canon од ѕид на кој има многу помали фотографии од две млади лица кои се забавуваат.

„Мојата професија е архитектурата и ги добив потребните квалификации некаде околу средината на минатата година,“ вели Dottz. „Во слободно време за забава вежбам танц и малку медитирам.“

Dottz користел инстант фотоапарати и порано и ги смета за алатка што може да им помогне на креативните корисници да го доловат моментот. „Инстант фотоапаратите ве ставаат во чудна положба во која мора да направите успешна снимка. Не сакате да го трошите филмот, во случајов хартијата, што ја зголемува вредноста на моментот наместо да ја намали,“ вели тој. „Тоа ви го фокусира умот, но и го прави споменот позначаен бидејќи мора да бидете присутни во него. Не може само да го притиснете копчето за бленда, да снимите 60 фотографии и да ја изберете најдобрата. Најдобрата е и единствената. Направете ја вредна.“

Персонализирајте ги вашите слики

Млад маж со долга коса седи на стол и го користи својот мобилен телефон за да отпечати слика на Zoemini S2 од Canon.

„Кога танцувам на улица и луѓето запираат, веднаш се насмевнуваат, без разлика каков им бил денот“, вели Dottz, кој овде е прикажан како печати слика на Zoemini S2 од Canon. „Се работи за доловувањето на позитивната енергија“.

Слика од насмеани момче и девојка, составена од низа помали слики на сино-сив ѕид.

Dottz и Max отпечатиле колажни слики и ги поставиле на ѕид заедно, што е еден од начините да бидете креативни во печатењето.

Поврзувајќи го Zoemini S2 од Canon со својот телефон, Max можеше да ги уредува своите омилени фотографии пред печатењето со помош на бесплатната апликација Canon Mini Print – и откри дека комбинацијата на дигиталното и печатењето навистина ја инспирира. Ако така сакате, може и да ги уредувате фотографиите во самиот фотоапарат и да ги приспособувате според вашиот стил.

„Zoemini S2 од Canon беше многу едноставен за користење, а навигацијата низ апликацијата е многу лесна. Навистина изгледа едноставно“, вели Max. „Додавањето различни ефекти многу ми се допадна, може навистина да ги персонализирате вашите фотографии и да направите еден вид колаж со додавање текст, налепници и филтри, што за мене е извонредно.

„Често гледате како луѓето ги фотографираат своите инстант фотографии и потоа ги поставуваат на Instagram. Мислам дека е многу добро што може да го користите Zoemini S2 од Canon и дигитално и физички. Ми се допаѓа таа разновидност“.

Разиграјте го вашиот креативен процес

Маса на која има албум со колажи со црни страници, тетратка во светлосина боја и бел печатач за фотографии Zoemini S2 од Canon.

„Zoemini S2 од Canon ви овозможува да ги отпечатите сликите од Instagram и физички да ги споделувате со пријателите околу вас, што е извонредно“, вели Dottz.

За креативните изработувачи на колажи како што е Max, Zoemini S2 од Canon е и одлична алатка за додавање дел од вашиот идентитет на страниците.

„Особено е неверојатен за изработка на колажи“, вели Max. „Обожавам да изработувам колажи бидејќи тоа за мене е еден вид медитација. Понекогаш ја избирам темата според боите, а понекогаш според нештата што сум ги собрала во денот. Понекогаш само додавам многу налепници и цртам. Целосно можам да се замислам како го користам уредов за да го пополнам албумот со колажи или за спомените што едноставно сакам да ги изложам на ѕидот“.

Zoemini S2 од Canon ја разиграл имагинацијата на Dottz со нови и инвентивни идеи за неговите видеа и налепници, бидејќи тој може да се наполни со 10 листа фотохартија ZINK™ со самолеплива задна страна.

„Тоа само додава дополнителен аспект на креативност“, вели Dottz, кој исто така има сметка на Instagram што ја користи како дигитален албум со колажи. „Веднаш си ги замислувам визуелните ефекти што се обидувам да ги изведам во моите видеа. На пример, ако треба да фотографирам, да ја отпечатам таа фотографија и да ја покажам пред фотоапаратот, таа фотографија станува првиот кадар од следното видео. Ми изгледа како навистина забавна алатка.

„Со самолепливата хартија може да создадете кружна слика со која може да направите ефект како од цртаните филмови“, продолжува тој. „Додајте бел или црн прстен околу неа, отпечатете го тој круг и поставете го на вашата капа, на тренерките или на задниот дел од футролата за телефон“.

Како и да сакате да ги приспособите вашите слики, може да ги претворите моментите во спомени и да ги споделите со пријателите благодарение на Zoemini S2 од Canon – доловете го ритамот на животот.

Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

Слични статии

  • Слика од некој како пишува во тетратка чиишто страници се исполнети со слики и налепници.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Изразете се преку креативно пишување дневници

    Пишувањето дневници може да ви помогне креативно да се изразите и да влијае позитивно врз вашето психолошко здравје.

  • Рака зема отпечатен лист со живописни слики од печатачот SELPHY CP1300 од Canon опкружен со монистри, ѓердани и табела со бои.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Планирајте, забавувајте се и печатете

    Дознајте како апликацијата SELPHY Photo Layout може да ви помогне во смислувањето идеи за возбудливи проекти за изработка на модели.

  • Бидете креативни со преносливите печатачи

    ИНСТАНТ ФОТОАПАРАТИ

    Бидете креативни со преносливите печатачи

    Joel Thorpe, инфлуенсерот на Instagram, објаснува зошто го користи Zoemini S од Canon за додавање отпечатени материјали во неговите слики.

  • Zoemini C и Canon Zoemini S од Canon на маса и тетратка на која се прикачени неколку слики.

    ИНСТАНТ ФОТОАПАРАТИ

    Бидете креативни со палетата Zoemini од Canon

    Ослободете ја вашата креативност во движење со инстант фотоапарат и џебен печатач.