ФОТОГРАФИРАЊЕ АВАНТУРИ

Дива убавина: пет совети за подобрување на сликите од вашите надворешни авантури

Фотографот за животен стил Jake Baggaley го истражува снегот и мразот во Шведска и открива зошто EOS M6 Mark II е најдобриот пријател на авантуристите.
Canon Camera
Фотографот за надворешни активности и животен стил Jake Baggaley обожува авантури. Тој е натпреварувачки атлетичар и планинар кој е инспириран од раскошни пејзажи и драматични сцени од природниот свет. „Пораснав во New Forest [во јужниот дел на Англија] и сакав да бидам надвор во природа“ - вели Jake. „Сакав и да си играм со фотоапарати. Татко ми предаваше фотографија - додека растев имавме темна просторија во кујната - па нормално беше тие интереси да останат со мене и кога пораснав“.

Атлетичкото трчање му овозможи на Jake да оствари нови контакти лица и да воспостави уникатен стил. „Никогаш немав цел да станам фотограф за надворешни активности и повеќето мои дела беа социјални документарни содржини, но токму така започнав да добивам работа во индустријата за надворешни авантури“ - објаснува тој. Во клиентите на Jake сега спаѓаат и The North Face, Another Escape и Adidas.

Кога му се укажа прилика да ги фотографира пејзажите прекриени со снег и замрзнатите езера во централниот дел на Шведска, а притоа да скија или лизга по мраз, за компанијата за одржливи експедиции Do The North, тој проект му го оствари сонот на Jake. „Го посетивме регионот Dalarna за лизгање по мраз и националниот парк Fulufjället за скијање. Местата беа изолирани и сакав да го доловам мразот и огромниот изолиран пејзаж“ - вели тој.

Неопходен беше лесен фотоапарат, поради што компактниот EOS M6 Mark II од Canon, со неговиот екран на допир што се врти за 180˚, вграден Wi-Fi, 4K-видео и APS-C-сензор со 32,5MP, беше идеален избор. Заедно со објективот EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon понудија моќни спецификации во мал и пренослив пакет.

Jake овде ќе ви покаже како да извлечете максимум од вашиот фотоапарат кога сте на авантура и ќе ви покаже дека може да снимите прекрасни слики од природата без да патувате далеку од дома.

1. Бидете креативни без оглед на временските услови

Маж во жолта јакна лизга по замрзнато езеро. Во мразот се рефлектира бела црква во заднината.

Експериментирањето со рефлектирањата може да ви понуди многу интересни резултати.

Група кучиња од расата хаски во снегот. Во далечина може да се види бунгалов прекриен со снег.

Фотографирањето на отворено во зима може да биде тешко поради светлината на снегот, но тоа може да ви помогне да создадете интересни слики и да го истакнете вашиот субјект.

„Кога сте во планина, на некој начин се чувствувате поврзани со животната средина“ - објаснува Jake. „Природата ме инспирира да фотографирам надвор. Кога трчам, си размислувам: „која локација е добра за фотографирање?“ Прошетките на отворено во зима може да ви понудат невообичаени прилики за да бидете креативни“ - вели тој. „Експериментирајте со аглите, светлината и светилките што се поставуваат на глава за да внесете малку возбуда во здодевното опкружување“.

Мрачната скандинавска зима ни понуди ситуации со недоволно осветлување што беа идеални за тестирање на перформансите при слаба осветленост на фотоапаратот на Jake, што располага со опсег на ISO до 25.600. „Бев импресиониран како EOS M6 Mark II од Canon се справуваше со слабата светлина, а широката решетка на објективот EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon овозможи полесно фотографирање кога се стемни. Во Шведска, часовите во кои има дневна светлина се многу малку и немавме доволно време да поставиме сè. Бевме принудени да фотографираме додека се движиме“.

Во снежни и силно осветлени опкружувања, Jake предлага да користите рачен режим за да спречите губење на деталите. „Сензорот за мерење во фотоапаратот се обидува да затемни сè бидејќи од сите страни регистрира бела боја. Подобро е да фотографирате во рачен режим за да имате потполна контрола врз светлината, без премногу да го осветлите снегот.

А зошто не се обидете да фотографирате силуети? „Доброто за снегот е тоа што може да добиете чисти силуети од дрвјата“ - вели тој. „Сенките врз снегот создаваат поинакви нијанси на белата боја, што нудат одлични можности за експериментирање“.

2. Користете неопходна опрема

Жена носи портокалов ранец и пешачи низ пејзаж прекриен со снег.

EOS M6 Mark II беше идеален фотоапарат за сесијата на Jake бидејќи тој е лесен и компактен и му беше при рака на Jake во текот на целото патување.

Кога одите на авантура, треба да имате лесен пристап до вашиот фотоапарат за да реагирате брзо, инаку може да ги пропуштите спонтаните моменти. EOS M6 Mark II од Canon тежи само 408 g и може да фотографира со брзина до 14 слики во секунда (fps).

„Тоа што најмногу ме воодушеви кај EOS M6 Mark II од Canon е неговите мали димензии и мала тежина“ - вели Jake. „Потрошивме многу време во скијање и лизгање по замрзнатите езера. Големата и тешка опрема го забавуваат процесот, а бидејќи фотографиравме движења, големата стапка на слики на EOS M6 Mark II од Canon беше идеална. Го прикачив фотоапаратот на предната страна на мојот ранец и тоа ми одговараше во екстремните услови, бидејќи немаше потреба да застанувам, да ги вадам ракавиците или да го отворам ранецот“.

3. Зголемете го интересот со додавање луѓе или детали

Маж во жолта јакна пешачи низ снегот кон бунгалов.

Jake ви предлага да опфатите луѓе во вашите слики за да внесете чувство на размер во нив.

Нозе од два лизгачи, нивните тела не се во кадарот. Мразот рефлектира приказ од двајцата и е прекриен со линии од нивните лизгалки.

Линиите од нивните лизгалки во мразот ја прават сликата поинтересна, како и рефлектираниот приказ од двајцата лизгачи.

„Се обидувам да претворам прилично едноставни слики во нешто повозбудливо преку воведување човечки елемент“ - вели Jake. „Ако на сликата има човек кој има интеракција со пејзажот, тогаш добивате размер“.

„Многу ми се допаднаа рефлектирањата во мразот и линиите што ги направивме со нашите лизгалки. Сакав да ги искористам тие линии за да го збогатам кадарот и да ги направам сликите поинтересни“.

Jake го искористи секвенцијалниот режим за RAW-формат со брзина од 30 fps на EOS M6 Mark II од Canon за да ги замрзне лизгачите во кадарот додека лизгаа. „Ако немавме многу време за фотографирање, но имавме многу убава сцена, тогаш би го искористил секвенцијалниот режим од 30 fps за да се осигурам дека телото на лизгачот ќе биде токму каде што ќе посакам. Тоа беше многу практично - и можев да му верувам на автоматскиот фокус“.

4. Изберете повеќенаменски објектив

Три лизгачи кои носат ранци минуваат преку замрзнато езеро. Во далечината се гледаат врвови прекриени со снег.

Остриот објектив EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon му овозможи на Jake да фотографира широки пејзажи, а притоа да ги долови деталите одблиску без да создаде изобличување.

Деталите и острината се задолжителни за одлични фотографии од авантури. Неверојатно остриот објектив EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon има еквивалент на стандардна фокусна должина од 50 mm и може да снима прекрасни планински регии, но и ситни детали на лизгалките, чизмите и тркалата. Тоа значи дека без оглед што ќе ви донесе авантурата, треба да носите само еден објектив.

„Еквивалентот на фокусната должина од 50 mm ми беше омилен избор за сликите на отворено бидејќи ми овозможи да го доловам целиот пејзаж со мал човек [во кадарот] без изобличувањето што вообичаено се појавува во извонредно широките слики“ - вели тој.

„Ова е повеќенаменска фокусна должина за широки пејзажи и снимање детали одблиску со мала длабочина на поле. Може да го користите за сè“.

5. Искористете ја зимската светлина во ваша полза

Три лизгачи минуваат низ пејзаж прекриен со снег. Сончевите зраци осветлуваат маркер зад нив.

Jake ви предлага да експериментирате со зимската светлина за да ги направите обичните сцени поинтересни.

Фотографија од човек кој пешачи покрај четинари во пејзаж прекриен со снег, снимена со дрон. Зад него можат да се видат траги од стапалки во снегот.

Златната светлина што е честа појава во сончевите денови за време на скандинавската зима создава долги и прекрасни сенки.

Без разлика каде сте – во шума или на врв на карпа – магијата на зимското изгрејсонце е секогаш погодно за исклучителни фотографии. Постои причина зошто ваквата глетка е примамлива за авантуристичките фотографи како Jake. „Омиленото нешто кај зимското изгрејсонце ми е фактот што тоа се случува околу 9 или 10 часот наутро, наместо во 3 или во 4 часот наутро. Така што, можете да бидете мрзеливи, а сепак да излезете и да снимите изгрејсонце во зима. Честопати, на сончев зимски ден, сонцето е ниско цело време, така што добивате живописна и нежна светлина, но со долги и длабоки сенки“, вели тој.

Вметнувањето на спектакуларната златна светлина во 4K-видеозаписите од вашите авантури е беспрекорно со EOS M6 Mark II од Canon, а Jake дозна дека може да ги уредува и да ги спојува неговите 4K-видеоснимки на неговиот EOS R од Canon за целосна слика. „Снимените материјали од EOS M6 Mark II од Canon совршено се вклопија со материјалите снимени на EOS R од Canon. Можев да ги искористам заедно и сето тоа изгледаше многу чисто.“

Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

Слични написи

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    Во потрага по поларната светлина

    Придружете му се на Markus Morawetz и неговото семејство на патување од 9.000 km со EOS R од Canon.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДВИЖЕЊА

    „Секогаш вложувајте максимум“

    Фотографот Richard Walch за неговите слики од екстремни спортови што ќе ве воодушеват.

  • Trees reflect in a lake in Scotland with a mountain in the background

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    5 најдобри совети за фотографирање забрзани видеоснимки од пејзажи

    Следете ги овие најдобри совети за фотографирање забрзани видеоснимки за да им вдахнете живот на пејзажите.

  • ЗИМСКО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Како да снимате подобри зимски фотографии

    Извлечете максимум од оваа прекрасна сезона со фотографот Владимир Медведев.