ФОТОГРАФИРАЊЕ АВАНТУРИ

Скротување на дивината - во потрага по совршена слика од авантура во природа

Од извонредни пејзажи до кампување во зафрлени предели, откријте како авантуристката и фотографка Anna Blackwell ја користи опремата на Canon да го долови неповторливиот дух на големите природни пространства.
Човек облечен во опрема за пешачење во природа и голем ранец со своето куче стои на врвот од карпа. Во позадина, може да се видат хектари зафрлена пустара.

Независно дали се искачуваат по сртови, пловат со кајак по езера или пливаат во природа, спортските активности на отворено им нудат огромни можности на фотографите со смело срце.

Таква креативка е и Anna Blackwell, авантуристка од Обединетото кралство, фотографка, писателка и говорничка која ужива да си ги поместува границите на способностите, всушност, таа изгради цела кариера снимајќи фотографии и видео записи за водечките брендови на спортови на отворено, како што се Lowe Alpine и Peak UK. Нејзините вчудовидувачки лудории се пешачење 1.000 милји сама низ Франција и Шпанија по прастарите патеки за поклоници, пловење со кајак 4.000 km низ 11 земји и пет главни градови и искачување на Јбел Тубкал, највисокиот врв во Северна Африка.

„За време на една од моите први авантури, почнав да фотографирам и да пишувам блог - главно за пријателите и роднините да можат да следат како напредувам на моето планинарење на долги патеки“, објаснува Ана, запрашана како хобито го претворила во професија. „Продолжив со ова неколку години, ги споделував авантурите на интернет преку слики и зборови и ова зема замав. Набргу потоа почнав да зборувам за своите авантури по настани, фестивали, како и во компании и училишта. Потоа почнав да им приоѓам на брендовите и да им нудам соработка за моите претстојни патувања, па постепено успеав да остварам доволно приход од фотографирање, пишување, снимање авантуристички филмови, говорништво и ова да го претворам во редовна работа“.

Последното пешачење во природа и кампување ги одведе Anna, нејзиниот партнер Sam и нејзиното куче Bilbo на карпестиот пејзаж во северен Дартмур во Англија со EOS R6 од Canon и два објективи – RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon и RF 50mm F1.8 STM од Canon – за друштво. Споделува зошто сака да побегне од сѐ, дава совети за планинарење во дивината и открива како најубавите авантури да си ги донесете дома со помош на величествена фотографија.

Совршена локација

Огромна торусна карпа во зафрлена пустара на сончев ден.

„Дартмур е дивина каде што можам да се чувствувам како мала, безначајна личност“, вели авантуристката и фотографка Anna Blackwell. Оваа висорамнина во јужен Девон, Англија, е позната по својата зафрлена пустара и се покажа како совршена локација за првото снимање на Anna со EOS R6 од Canon. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 105 mm, 1/320 сек., f/7,1 и ISO100. © Anna Blackwell

На сликата снимена при слаба осветленост може да се видат зраци сончева светлина како извираат зад самостојна карпеста форма.

„Причината зошто започнав да одам на вакви авантури е што сакав да се испробам“, вели Anna. „Сакав да си ги тестирам границите, да видам до каде ми е зоната на комфор. Но, многу се забавував, тоа беше вистинска радост“. Снимено со EOS R6 од Canon со објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/22 и ISO100. © Anna Blackwell

Anna, Sam и Bilbo започнаа да го истражуваат северен Дартмур од едно село наречено Белстон поради одличниот пристап кон торусните карпести форми. Anna отсекогаш ја привлекувале овие големи, самостојни карпи.

„За мене ова беше сосема нов дел од Дартмур, што навистина беше возбудливо. Шеташ низ ова идилично село и веднаш излегуваш на пустарата“, вели таа. „Ми се чинеше диво и зафрлено, а токму по тоа копнеам.

„Пешачењето во природа ми е пасија“, продолжува таа. „Сакам да носам тежок ранец на грбот и да се шетам наоколу. Поентата не е да се стаса некаде набрзина, туку целосно да се ужива во спокојните места. Пешачевме во природа, потоа го поставивме шаторот и преноќивме во дивината“.

Спортскиот дух на Ана потекнува од љубовта на нејзиното семејство кон пешачењето и пешачењето во природа, како и од нејзините шведски корени. „Мајка ми е Швеѓанка и мислам дека во шведската култура е силно вкоренето долго време да се поминува надвор и да се цени природното окружување. Пораснав со многу пешачење и истражување и, кога и да бевме во Шведска, пловевме со чун, кампувавме и јадевме во природа. Затоа, мислам дека уште од рана возраст ми се нераскинлив дел од животот“.

Самостојни авантури наспроти патување во друштво

Планини со снежна прекривка се рефлектираат во мирната вода на голема река на оваа драматична слика од пејзаж.

Anna ја сними фотографијава за време на пешачењето во природа сама низ арктичкиот дел на Шведска во 2020 година. „Најтешката работа во врска со фактот дека работата ми е и пасија е што границата помеѓу работата и задоволството често е замаглена, но обично тоа е во ред бидејќи сè уште, покрај авантурите, уживам во процесот на снимање и создавање содржини“, вели таа. „Исто така, многу внимавам да одржувам некои граници. Одам на приватни кратки авантури што воопшто не ги документирам, дури ни за Instagram – значи сепак одам „за себе“ како и за работата“. Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon со објектив EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon со избрани 33 mm, 1/100 сек., f/8 и ISO1250. © Anna Blackwell

Црно куче со среден раст, кафени и бели шари и црвен ремен седи на карпа и гледа во фотоапаратот.

Anna често го води своето младо куче Bilbo со себе на експедиции, а тој секогаш е расположен за позирање. Другите нејзини постојани придружници се фотоапарат и објектив од Canon. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/4000 сек., f/1,8 и ISO100. © Anna Blackwell

Anna имаше друштво на патувањето во Дартмур, но често патува самостојно, како пешачењето во природа сама до арктичкиот дел на Шведска есента во 2020 година (видете слика лево горе). „Длабоко во себе, навистина сакам самостојни авантури бидејќи се неповторливо искуство“, објаснува таа. Имам одено и по 10 дена без да сретнам туѓа стапалка. Кога сте сами, морате да се справувате и со подемите и со падовите. Значи, ако денот навистина ви е наопаку, ако ви недостига мотивација, уморни сте и гладни, оставени сте сами на себе да го пребродите тоа. Но, до крајот, знаете дека сте стигнале од точка А до точка Б цели“.

Сепак, планинарењето во друштво може да помогне при фотографирањето. „Многу го олеснува фотографирањето бидејќи автоматски добивате субјект“, вели Anna. „Ова важи за Bilbo, бидејќи тој често е субјектот во моите фотографии. Кога во пејзажот има човек или куче, фотографијата едноставно ве примамува, додека класичното фотографирање пејзажи не делува така“.

Запрашана што се појавило попрво, нејзината пасија за фотографирање или за авантуристички патувања, Anna не се двоуми. „Фотографирањето беше прво“, воодушевено одговара. „Дедо ми беше одличен фотограф. Пораснав гледајќи ги неговите фотоалбуми што уште на рана возраст ми всади љубов кон фотографијата. Првиот фотоапарат го добив на 15 години и учев фотографија на училиште. Сепак, всушност не ги фотографирав првите неколку авантури. Дури после неколку години ги искомбинирав двеве активности“.

Раскажување визуелна приказна

Човек седи до својот шатор во самрак, пие шолја топла чоколада осветлена со зрак светлина од светилката на главата.

Способностите на EOS R6 при слаба осветленост на партнерот Сем му овозможија да ја сними оваа слика на Ана со топол пијалак што испарува во самрак, временски период погоден за фотографирање, секој ден непосредно пред изгрејсонце или веднаш по зајдисонце. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/1,8 и ISO1000. © Sam Rogers

За Anna, документирањето на планинарењата значи да остане флексибилна, да зема минимална опрема и да се снаоѓа во движење. Покрај прекрасните глетки, предлага да фотографирате или да снимате обични работи, на пример облекување ранец, забодување клинови за шатор или уживање во шолја чоколада, што според неа навистина може да го надополни вашето визуелно раскажување приказни.

„Ја сакам приказната зад авантурите“, појаснува таа. „Често сум сосема сама во зафрлени места и всушност навистина сакам тоа да го споделувам и фотографијата е одлична платформа за да се пренесат искуствата.

„На патувањево, во самракот, се опседнавме да ги сликаме светилките за на глава и столбот пареа што се крева од шолјата топло чоколадо или од водата што ја вриев, затоа што така креативно се доловуваше тоа време од денот“.

Опрема подготвена за сѐ

Човек облечен во опрема за пешачење во природа и со голем ранец на грб клечи сред висока трева за да фотографира со фотоапарат од Canon.

Со тежина од само 680 g (со картичка и батерија), EOS R6 од Canon е совршен придружник на патување, особено за авантуристи во постојано движење, како што е Anna. Меѓутоа, оние на кои ваквиот тип фотографии им се новина, Anna ги советува првин да одлучат што сакаат да снимаат и врз основа на тоа да изберат опрема. „Како што се развиваат вашите вештини и интереси, откривате кој е вашиот стил или што поскоро сакате да снимате, така и вашата опрема се надополнува според тоа“, вели таа. © Sam Rogers

Среде зафрлена пустара, може да се видат човек и куче покрај синиот шатор којшто речиси се губи во пространата позадина.

Повеќенаменскиот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon е соодветен за различни снимки, од најситни детали до извонредни глетки како што е оваа. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 30 mm, 1/320 сек., f/5 и ISO200. © Sam Rogers

Користењето на функциите како што се брзите секвенци и системот за стабилизација на слика на фотоапаратот без огледало за целосна слика EOS R6 од Canon значеше дека не е проблем доколку Anna го заборави стативот во ситуации со слаба осветленост.

„Стабилизацијата при резолуција од 20,1 MP во самрак беше фантастична затоа што ние всушност заборавивме да понесеме статив. Излезе дека не ни треба бидејќи фотоапаратот одлично се справи со слабата осветленост “, вели таа.

Настојувајќи да патува со малку багаж, Anna обично носи само еден објектив што нуди разновидни опции и за портрети и за пространи пејзажи, области во кои лесниот RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon нуди врвни перформанси.

„Сакам вакви објективи бидејќи нудат флексибилност. Објективот од 24 mm беше одличен за сликите со Bilbo одблиску, но успеав да добијам и повеќе компресија кај некои од пејзажите. Кога одам во авантури, решена сум да успеам да постигнам сѐ со еден објектив“.

Предизвикот со непредвидливото време

Човек облечен во опрема за пешачење во природа влече санка натоварена со предмети, се пробива низ длабок снег во шумски амбиент.

„Фотографијава е од скијачкото пропатување низ арктичкиот дел на Финска во март 2022 година“, вели Anna. „Овде, мојот пријател и водич во дивината Крис ја истражува нашата рута. Ја сакам сликава бидејќи го доловува магичното чувство на опкруженост со дрвја покриени со снег и простран зимски пејзаж“. Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon со објектив EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon со избрани 65 mm, 1/320 сек., f/2,8 и ISO125. © Anna Blackwell

Стадо ирваси бараат нешто за јадење во замрзнатата дивина.

Уште една слика од пешачењето во природа на Anna сама во арктичкиот дел на Шведска во 2020 година. Успеав брзо да реагирам и да ја снимам фотографијава затоа што фотоапаратот ми беше прицврстен за ременот од ранецот и покрај фактот што беше -8ºC и прилично силно паѓаше снег“, вели таа. „Беше сосема нестварен и спокоен момент, само јас и стадото ирваси што поминуваат. Душкаа наоколу по снегот обидувајќи се да најдат нешто за јадење - не им беше грижа што сум таму!“ Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon со објектив EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon со избрани 70 mm, 1/320 сек., f/7,1 и ISO640. © Anna Blackwell

Да се има опрема што може да биде во чекор со Anna и непредвидливите услови на нејзините авантури може да биде предизвик.

За време на неодамнешното скијачко пропатување низ арктичкиот дел од Финска, на пример, температурите се спуштија на -22ºC. „На толку ниски температури, сè станува потешко, од ставање скии до запирање на паузи за ужина“, објаснува таа. „Фотографирањето станува воена операција во однос на ефикасноста, па рацете треба да бидат што помалку изложени на студ за да можете да продолжите да се движите“.

Но, Anna тврди дека вреди да се документираат тие спомени.

„Најдоброто кај фотографирањето спортови на отворено е што ги чувате спомените засекогаш. Сѐ уште разгледувам фотографии од моите најрани авантури и точно се сеќавам каде сум била, што сум чувствувала и со кого сум била. Многу е моќно.

„Лошата страна кај авантурите на коишто одам е што понекогаш чувствувам притисок да снимам одредени фотографии. Сум била на патувања каде сум сметала дека времето ќе биде прекрасно и ќе доловам навистина инспиративни содржини во неверојатно планинско окружување, а всушност сум добила 10 дена пороен дожд. Снимањето во такви услови може да биде предизвик, бидејќи не можете да одите дома за да ја замените и исушите опремата на фотоапаратот. Во шатор сте и никако не можете да спречите намокрување. Една од причините зошто го сакам Canon е тоа што фотоапаратот е многу отпорен“.

Преземање на првиот чекор

Човек облечен во опрема за пешачење во природа, голем ранец и штеки за планинарење се пробива низ извонреден планински пејзаж.

Овој автопортрет, снимен за време на пешачењето во природа сама 1.000 km низ арктичкиот и северниот дел на Скандинавија, ѝ е еден од омилените на Anna. „Тогаш на себе носев околу 30 kg, бидејќи во ранецот носев сѐ што ми е потребно за 10 дена, вклучувајќи ја и храната. Да се носи толкава тежина значи дека честопати е борба со самиот себе да се застане и да се постави фотоапаратот, особено во вакви средини. Сепак, многу бев задоволна како излезе – мислам дека го долови моментот токму како што се надевав“. Снимано со EOS 5D Mark III од Canon (сега е заменет со новиот EOS 5D Mark IV од Canon) со објектив EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon со избрани 24 mm, 1/640 сек., f/7,1 и ISO320. © Anna Blackwell

На оние кои сакаат да одат на сопствени, незаборавни авантури, но не знаат од каде да започнат, Anna им го дава следниов совет: „Ако недостатокот самодоверба е пречка да одите во авантури, не се срамете да започнете постепено и со текот на времето да соберете храброст“. На пример, ноќно диво кампување со пријателите, можеби со некој што знае што прави, или да започнете да пешачите во природа сами преку ден на некое ново место и да бидете самодоволни. Курсевите се исто така одличен начин да се изградат вештини и да се запознаат нови пријатели-авантуристи. Конечно, не плашете се да згрешите. Дури и ние професионалците оплескуваме од време на време - само доколку научиме од грешката нема да се смета за неуспех“.

На крајот, ќе вреди да се тргне кон непознатото.

„Авантурите сè уште ми се еден од најдобрите начини да се ресетирам и да си ја вратам енергијата. Особено авантурите сама, макар и само еден ден да истражувам некое ново место“, заклучува Anna. „Таквите патувања ми ја разгоруваат креативноста и еланот, па ми требаат дури и да не ми се работа“.

Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • Објективи RF

    RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

    Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • Слични статии

  • Жена облечена во светло црвена зимска јакна се приближува кон водопадот Скоугафос во Исланд, а околу неа силно врне снег.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    Впечатливо фотографирање пејзажи

    Како да снимате совршени автопортрети во природа со фотографот на пејзажи и инфлуенсер Ása Steinars.

  • Фотограф за пејзажи гледа низ визирот на EOS RP од Canon за да сними фотографија од пространи полиња.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    Како рачно да снимате пејзажи

    Дознајте како да снимате прекрасни пејзажи без статив.

  • Најдобри објективи за фотографирање движења

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ДВИЖЕЊА

    Најдобри објективи за фотографирање движења

    Нашиот водич за најдобри објективи за фотографирање движења.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

    Најдобра опрема за патувања

    Опрема за фотографирање при патувања за почетници, креатори на содржини и ентузијасти.