ПЕЧАТЕЊЕ

Како да изберете печатач од Canon што ќе одговара на вашите потреби

Какви функции треба да има вашиот печатач? Пронајдете го идеалниот печатач за вашите потреби, независно дали станува збор за општа употреба, работа во домашна канцеларија или изработка на модели, со помош на нашиот практичен водич.
Жена седи на работна маса во домашна канцеларија на која е ставен лаптоп, монитор и печатач MegaTank од Canon со четири шишиња со мастило.

Ако имате големо семејство кое сака да патува заедно, тогаш не би било практично да купите спортски автомобил со две седишта. Истото важи и за печатачите. Печатачот што ќе биде соодветен за вас ќе зависи од вашите потреби за печатење.

На многу луѓе им треба печатач што печати документи во боја или црно-бели документи - од домашни задачи на децата или студентски проекти па сè до деловни документи за домашната канцеларија. Некои луѓе можеби сакаат да печатат фотографии врз сјајна хартија во домот или, пак, хартиени производи за изработка на модели и други хобија. Можеби сакате да печатите само повремено или ви треба печатач што е наменет за работни процеси со голем обем. И секако, заради попрактично користење, на многумина им е важно да добијат опција за безжично поврзување.

На пазарот има огромен избор, од инк-џет печатачи со една функција и достапна цена до повеќефункционални ласерски печатачи за печатење во голем обем. Тука ќе ја разгледаме палетата на инк-џет печатачи од Canon наменети за најопштите потреби за печатење. Во секоја категорија, моделите со стандардни картриџи со мастило ќе ви го олеснат животот во некои ситуации, но за некои луѓе печатачите MegaTank со резервоари за мастило со голем капацитет што се дополнуваат и мали работни трошоци можеби ќе бидат подобар избор.

Продолжете да читате за да дознаете кои печатачи од Canon може да бидат најдобриот избор за вас.

Најдобар печатач за општо печатење во домот

Печатач во темна сива боја ставен на маса, прикажан од горната страна. Опкружен е со различни отпечатени материјали, се гледа рака која држи паметен телефон, се печати веб-страницата што ја прикажува телефонот.

Серијата PIXMA TS3450 на Canon од основна класа е повеќенаменски уред со достапна цена за домашна употреба. Има вграден скенер за поширока примена, уреден интерфејс со LCD-екран од 3,8 cm и опција за поврзување преку Wi-Fi, за да можете да печатите од вашиот мобилен уред во секоја просторија од вашиот дом преку домашната мрежа.

Повеќенаменски печатач за деца, студенти и општи животни потреби на семејството што има достапна цена и е едноставен за користење. За почеток, печатачот од серијата PIXMA TS3450 на Canon е екстремно лесен за поставување и користење, а користи само два картриџи за мастило FINE (црна боја и комплет од три бои), со опција за користење картриџи со голем капацитет заради уште поголема ефикасност во однос на трошоците.

Серијата PIXMA TS3450 е компактен и лесен печатач со вграден скенер за скенирање и копирање. Освен висококвалитетни документи, тој може да печати фотографии без рабови со големина од 6x4 инчи, 5x5 инчи и 7x5 инчи. Исто така, има вградена опција за поврзување преку Wi-Fi со еден допир, за да можете да печатите насекаде во домот преку вашиот компјутер, паметен телефон или таблет-уред.

Човек седи и работи на дрвена маса на која има монитор, тастатура и печатач од Canon. На ѕидот над масата се закачени различни мали листови на кои има напишано белешки.

Палетата PIXMA G2470 од Canon е составена од четири модели со неверојатно мали работни трошоци што придонесуваат за особено мали вкупни трошоци за користење. Серијата PIXMA G3470 од Canon, што е прикажана тука, е опремена со скенер и опции за поврзување преку Wi-Fi. Сите се лесни за користење и одржување, нудат големи брзини за печатење документи и може да отпечатат многу страници со резервоарите за мастило MegaTank што се дополнуваат, а тоа значи дека се одлични за секаква намена, почнувајќи од најразлична семејна употреба па сè до користење во домашни канцеларии.

Ако печатите многу во домот, наместо да купувате и менувате картриџи за мастило, постои алтернатива што ќе ви заштеди време и пари. Палетата на печатачи MegaTank со резервоари за мастило што се дополнуваат од Canon користат резервоари за мастило со голем капацитет наместо картриџи, што собираат доволно мастило за печатење максимум 6.000 црно-бели A4-листови или 7.700 страници во боја.1

Цената на почетокот им е малку повисока во однос на некои печатачи со картриџи, но работните трошоци им се многу помали, а тоа потенцијално ги намалува вкупните трошоци за користење дури до 80%. Дополнувањето на резервоарите за мастило, во зависност од потребата, е брзо, лесно и без неред. Мастилото се дополнува од шишиња што не треба да се стискаат, туку самата гравитација го движи мастилото, а шишињата имаат и отвори во различни форми за да се елиминира ризикот од ставање погрешна боја во погрешен резервоар.

Печатачите од палетата PIXMA G2470 од Canon се брзи и печатат 11 црно-бели слики/мин. (слики во минута) и 6 слики/мин. во боја. PIXMA G1430 од Canon е печатач со една функција, PIXMA G2470 од Canon има вграден скенер, а серијата PIXMA G3470 од Canon има и скенер и опција за поврзување преку Wi-Fi. PIXMA G4470 од Canon, пак, има механизам за автоматско снабдување со документи за 35 листови и функција за директен факс.

Најдобар печатач за работници во домашни и мали канцеларии

Печатач MegaTank од Canon на дрвена работна маса во мала канцеларија. Во заднина може да се видат повеќе луѓе кои работат.

MAXIFY GX4040 од Canon е идеален за мали канцеларии и домашни канцеларии, нуди екран на допир од 6,9 cm, опции за поврзување преку етернет и Wi-Fi, механизам за автоматско снабдување со документи за 35 листови и тринасочен систем за снабдување со хартија, за да може да користите различни фахови за различни отпечатени материјали. Исто така, неговите функции за автоматска двострана обработка овозможуваат двострано печатење без напор.

Многу луѓе работат од дома барем некој период од денот и им треба печатач што е повеќе ориентиран за деловно работење и може да извршува повеќе задачи истовремено. Палетата MAXIFY од Canon, дизајнирана за брзо и висококвалитетно печатење документи, е идеално решение и одличен избор за мали канцеларии. Исто како палетата PIXMA G2470 од Canon, така и печатачите од палетата MAXIFY GX од Canon се MegaTank-модели што генерираат уште помали работни трошоци поради тоа што можат да печатат повеќе страници во боја.

MAXIFY GX3040 од Canon е паметен избор за вашиот буџет. Ова е брз 3-во-1 печатач што е идеален за канцелариски документи и може да печати црно-бели страници со брзина до 19 слики/мин. и страници во боја со брзина до 13 слики/мин. Следете го статусот на задачите за печатење, извршувајте самостојни задачи за копирање и проверувајте го статусот на печатачот преку LCD-екран од 3,4 cm и едноставниот интерфејс со копчиња. Тој има влезна касета за 250 листови на предната страна, дополнителен механизам за снабдување за 100 листови на задната страна и рамен фах за подебели медиуми. Исто така, нуди автоматско двострано печатење и поврзување преку Wi-Fi.

MAXIFY GX4040 од Canon ви го нуди сето ова и многу повеќе, со екран на допир во боја од 6,9 cm и механизам за автоматско снабдување со документи за 35 листови за да ви овозможи лесно скенирање и копирање документи со повеќе страници. Исто така, нуди самостојни функции за факс и опција за поврзување преку етернет заради лесно мрежно работење, како и поврзување преку Wi-Fi и USB.

Компјутерски монитор и канцелариски печатач ставени на канцелариска маса, пред мониторот е ставен стол.

MAXIFY GX7040 од Canon лесно се справува со голем обем на документи со деловен квалитет. Еден комплет резервоари со мастило е доволен за најмногу 6.000 еднобојни страници или најмногу 14.000 страници во боја,2 што може да се зголеми до 9.000 и 21.000 страници соодветно во економичен режим.3 Времето потребно за печатење на првата страница е само седум секунди, а опремен е и со механизам за автоматско снабдување со документи за 50 листови и два влезни фахови за 250 листови, како и фах за 100 листови на задната страна. Неговата функција за скенирање двострани документи во едно поминување заштедува многу време.

Ако ви треба висококвалитетно печатење, и тоа во голем обем, тогаш одличен избор ќе биде врвна опција како MAXIFY GX6040 или MAXIFY GX7040 од Canon. И двата модели нудат едноставно печатење, скенирање и фотокопирање, а опремени се со екрани на допир во боја од 6,9 cm што можат да се вртат и механизми за автоматско снабдување со документи за 50 листови. Исто така, MAXIFY GX7040 има дополнителен влезен фах што придонесува за вкупен влезен капацитет до 600 листови, а нуди и функции за директно праќање факс и двострано скенирање.

Најдобар печатач за семејства и студенти

Маж седи на маса и работи на лаптоп. Покрај него има печатач од Canon со лист хартија во излезниот фах.

Печатачот од серијата PIXMA TR4650 на Canon е идеален за динамични семејства со деца на училишна возраст, како и студенти. Тој нуди многубројни функции, има скенер и механизам за автоматско снабдување со документи, а нуди и самостојни функции за факс и автоматско двострано печатење.

Ако имате деца на училишна возраст во семејството, тогаш ќе ви треба печатач што е лесен за користење за да ги печатите секојдневните задачи, но и печатач што нуди многу креативни опции. За студенти и помали деца, како и за останатите членови на семејството, вградениот скенер ќе им овозможи лесно копирање на документите и креативните идеи, а ќе им овозможи и да ги вчитуваат на мобилни уреди или на Cloud доколку е потребно.

Евтината серија PIXMA TR4650 од Canon се испорачува со механизам за автоматско снабдување со документи за 20 листови заради поедноставно скенирање и копирање, а нуди и функции за автоматско двострано печатење. Компатибилен е со XL-картриџите за голем обем на печатење што заштедуваат пари - идеално за студенти со ограничен буџет кои имаат потреба од печатење големи количини, на пример, печатење на нивната дисертација.

Ако сакате уште помали работни трошоци, тогаш врвните модели PIXMA G3460 од Canon и PIXMA G2470 од Canon ќе ви ги понудат предностите што ги нуди системот со резервоари за мастило што се дополнуваат MegaTank од Canon, како и голем капацитет за мастило за ефикасно печатење и пократко време на неактивност.

Најдобар печатач за печатење фотографии

Печатач PIXMA од Canon и различни отпечатени материјали во боја на дрвена маса.

Опремена со мастило со црн пигмент и пет мастила базирани на боја за печатење со богати бои, серијата PIXMA TS8350a од Canon создава документи со беспрекорен текст и графика, а печати и фотографии со неверојатен квалитет. Ова е извонреден повеќенаменски уред што е многу интуитивен за користење и има екран на допир во боја од 10,8 cm.

Ако сте студент по фотографија или ентузијаст за фотографии, тогаш нема ништо подобро од тоа да ги гледате вашите фотографии отпечатени на хартија наместо да ги гледате на екран. Отпечатените фотографии ги зачувуваат специјалните пригоди и спомени во трајна форма, а можат да се искористат и како одлични подароци за пријателите и саканите. Дури и ако сакате да печатите фотографии само повремено, печатачите што печатат врз сјајна хартија ви нудат многу побрзи резултати отколку да нарачувате отпечатени фотографии преку интернет, а добивате и многу поголема креативна контрола врз процесот.

Стилскиот 3-во-1 печатач од серијата PIXMA TS8350a на Canon со Wi-Fi користи шест посебни мастила за да отпечати разнобојни и висококвалитетни фотографии, како и црно-бели документи и документи во боја со одличен квалитет, поради што е одличен уред за повеќе намени. Може да печати висококвалитетни слики без рабови со големина до A4, за да можете да уживате во сите детали.

Приказ од горна страна на печатач и фотоапарат од Canon опкружени со повеќе отпечатени пејзажи со разни бои, слики од патувања и портрети.

PIXMA G640 од Canon е MegaTank-печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат, што е идеален за печатење голем обем на фотографии со големина до A4-формат без рабови. Шесте мастила базирани на боја опфаќаат цијан, магента, жолто и црно мастило, плус црвено и сиво мастило што ја прошируваат палетата на бои и овозможуваат печатење прекрасни црно-бели фотографии.

Печатач од Canon и монитор на дрвена маса. На ѕидот над него има 11 разнобојни отпечатени материјали ставени во рамка, на кои е прикажана храна.

Нудејќи ненадминат квалитет за фотографии врз сјајна фотохартија и фотохартија со текстура, PIXMA PRO-200 од Canon е уред од соништата за фотографите. Користи осум различни мастила базирани на боја за да обезбеди беспрекорна репродукција на бои и одличен опсег на тонови, но и да печати извонредни црно-бели фотографии.

Ако сакате да ги искористите придобивките што ги нуди MegaTank за значително намалување на вкупните трошоци за печатење фотографии, 3-во-1 печатачот PIXMA G640 од Canon користи поголем опсег на шест мастила базирани на боја за да обезбеди поголем опсег на бои и тонови. Еден комплет мастила е доволен за печатење до 3.800 фотографии во боја со големина од 6x4 инчи и фотолабораториски квалитет, како и фотографии без рабови со големина до A4. Ако печатите документи, тогаш еден комплет мастила е доволен за максимум 3.700 црно-бели A4-страници или максимум 8.000 A4-страници во боја.2

Ако сакате да печатите фотографии со големи димензии и материјали со големина A3+ (33x43 cm) без рабови што ќе ги изложувате и продавате на саеми и во галерии, тогаш моделот PIXMA PRO-200 од Canon ќе ви понуди ненадминат квалитет за печатење фотографии врз сјајна фотохартија или фотохартија со текстура, благодарение на неговите осум мастила базирани на боја. Ако треба да печатите врз мат фотохартија и медиуми за фина уметност, imagePROGRAF PRO-300 од Canon е професионален печатач за фотографии во A3+-формат што е водечки во својата класа и користи 10 мастила базирани на пигмент за да обезбеди бои со врвен интензитет и реалност. И двата печатачи за фотографии можат да печатат реклами и панорамски материјали со максимална должина од 99 cm.

Најдобар печатач за изработка на макети и модели

Печатач ставен на работна маса, печати стилизирана слика од пеперутка, две раце чекаат да ја земат сликата од излезниот фах. Покрај него има неколку пакувања хартија за печатење и отсечени форми за пеперутки во разни бои.

Искористете ја максимално магнетната хартија и двостраната мат фотохартија со серијата PIXMA TS5350a на Canon. Ова е моќен печатач за проекти со модели од хартија што нуди максимално уживање за креативни корисници од сите возрасти.

Печатачите од Canon нудат креативна забава за сите возрасти, почнувајќи од детски проекти па сè до приспособени честитки, покани за забава, картички за заблагодарување и многу повеќе. Во апликацијата Creative Park од Canon, во делот за деца, ќе пронајдете страници за боење, лавиринти и други активности за печатење што се бесплатни за преземање. Ќе можете да внесете дури и сопствени елементи во материјалите за печатење со помош на функцијата за уредување за да ги приспособите шаблоните.

За уште поголема забава, достапни се многубројни игри што можат да се отпечатат од веб-сајтот на Creative Park од Canon, вклучувајќи бинго, фрлање прстени и табла за шах. Овие материјали може лесно да ги отпечатите во домот, а нивното печатење ќе биде исто толку забавно како и играта што ја нудат. Исто така, достапни се многубројни модели од хартија и 3D-модели што може да ги отпечатите, вклучувајќи игри и животни.

Серијата PIXMA TS5350a од Canon и серијата PIXMA TS7450 од Canon се идеални за уметнички проекти и нудат опции за печатење врз различни медиуми, почнувајќи од магнетна хартија до двострана мат фотохартија.

Како опција од врвна класа, моделот PIXMA G640 од Canon со шест мастила базирани на боја и систем со резервоари што се дополнуваат MegaTank е подеднакво соодветен за печатење уметнички материјали и модели од хартија и за печатење фотографии со врвен квалитет.

Палетата на инк-џет печатачи од Canon нуди по нешто за секого. Независно дали сте млади или се чувствувате млади, студент, посветен родител или професионалец кој работи напорно, ќе пронајдете печатач од Canon што ќе биде совршен за вашите потреби.

За повеќе помош во одлучувањето кои печатачи ќе одговараат за вашите потреби, може да ја искористите и алатката за избирање печатач од Canon.


Напишано од Matthew Richards и Alex Summersby

  1. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 29103 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување.
  2. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување.
  3. Економичниот режим ја намалува потрошувачката на мастило преку намалување на густината, при што може да се отпечатат 50% повеќе страници отколку во стандардниот режим.

Слични производи

Слични статии

  • Лента со поставки ги покажува нивоата на мастило на печатач од Canon.

    СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија

    Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.

  • Печатач PIXMA од Canon на работна маса во домашна канцеларија.

    СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобриот печатач за домашни канцеларии

    Работењето од дома е беспрекорно со печатачот PIXMA TR4650 од Canon.

  • A small office with a printer positioned in the middle compartment of a grey wall unit.

    СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Печатачи MegaTank и придобивките што ги нудат

    Дознајте шест причини зошто ви треба печатач MegaTank.

  • Најдобрите печатачи за студенти

    ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобрите печатачи за студенти

    На секој студент му треба печатач - дознајте кои се најдобрите опции со пристапна цена што одговараат на вашите потреби.