Палетата MegaTank од Canon создава материјали со богати бои и извонредна острина, печатејќи ги дури и најмалите детали.
Достапни се повеќе модели на печатачи MegaTank за да можете да изберете соодветен модел според вашите потреби и вашиот буџет. Сите печатачи нудат висока ефикасност, но ако брзината на печатење ви е приоритет, тогаш изберете ги најбрзите модели PIXMA G3460 и PIXMA G2460 од серијата MegaTank за да заштедите време. PIXMA G3460 има вграден Wi-Fi, исто како и PIXMA G3420 со поддршка за Cloud, за да ви овозможат да печатите од паметни уреди кога сте во движење.
PIXMA G2420, PIXMA G2460, PIXMA G3420 и PIXMA G3460 се повеќефункционални 3-во-1 печатачи што овозможуваат печатење, копирање и скенирање. Но, ако сакате да ги искористите само придобивките за долготрајно намалување на трошоците што ги нуди печатачот MegaTank, тогаш основниот модел PIXMA G1420 ќе ви обезбеди самостојно решение за печатење без функции за скенирање и копирање.
Независно дали барате повеќенаменски печатач што е едноставен за користење за вашето семејство, сигурен уред со кој ќе ги исполните роковите за факултетските задачи или решение за печатење во голем обем со мали трошоци за вашата компанија, ние ќе ви дадеме шест причини зошто треба да набавите печатач MegaTank.