ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

Нова перспектива на познатите сцени

Од прифаќањето на природата до искористувањето на природното осветлување, тројца фотографи споделуваат совети за претворање на познатите места во незаборавни фотографии.
Фотографот Camilla Rutherford се насмевнува за фотоапаратот, а брановите го заплиснуваат брегот зад неа.

Лесно е да ја сфатиме областа во која живееме здраво за готово и често погрешно мислиме дека треба да патуваме стотици километри за да снимиме интересни фотографии. Ставањето на познатите работи во нова перспектива може да биде одличен начин да внесете свежина во вашите фотографии. Прашавме тројца фотографи од светот како наоѓаат нови перспективи што ги инспирираат и нив и нивната публика. Еве неколку од нивните најдобри совети за создавање инспиративни фотографии блиску до домот.

1. Бидете креативни при доловувањето на импресивните градски хоризонти

Thames Barrier во Лондон на самрак. Во заднината се видливи живописните светилки на Canary Wharf.

Без разлика дали сте во преполн град или во тивка рурална област, може да снимате прекрасни фотографии ако експериментирате со композицијата и со поставките на фотоапаратот. Оваа фотографија била снимена со долга експозиција.

Фотографот од Лондон, Laku Davies, фотографира авантури во својот роден град и пошироко. Затоа, уличното фотографирање и градските пејзажи се најинтересни за објективот на Laku. Две од нејзините омилени слики ги комбинираат култните лондонски знаменитости и креативноста.

„Појдов до Thames Barrier на зајдисонце и видов како Canary Wharf се осветли во заднината,“ вели Laku, која го користела својот EOS M50 од Canon опремен со адаптер за монтирање објективи EF-EOS M од Canon и EF 70-300mm f/4-5.6 IS USM од Canon (што сега е заменет со новиот EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM од Canon) телефото објектив за да ја долови импресивната сцена.

„Го користев тој објектив поради компресијата што се случува при телефото снимањето,“ објаснува таа. „Тој најчесто ја приближува заднината, така што знаев дека ќе добијам одличен поглед на Canary Wharf помеѓу бариерите.“ Всушност, телефото објективите вршат компресија на перспективата за да создадат ефект дека заднината и предметите во преден план се поблиску отколку што се.

Долгата експозиција и ND-филтерот ја засилуваат сцената и создаваат живописен и надреален ефект. „Експозицијата од 30 секунди може премногу да ги осветли светлите делови, така што користев ND-филтер пред објективот, кој помогна светлите делови правилно да се доловат за да не дојде до прекумерна експозиција при уредувањето,“ вели Laku.

Портрет од фотографот за животен стил и патувања, Laku Davies.

Laku Davies

Фотографот за животен стил и патувања од Лондон ужива да ги фотографира градските пејзажи на креативен начин.

2. Фотографирајте ги знаменитостите од уникатна перспектива

Двокатен автобус го преминува Tower Bridge во Лондон, Обединетото Кралство, на изгрејсонце. Небото во заднината е портокалово.

Laku предлага да се посетуваат местата во различни периоди на денот за да се добие совршената фотографија. Таа го фотографирала двокатниот автобус што го преминува Tower Bridge во 5:30 наутро.

Ноќна фотографија од The Shard во Лондон, кој се издигнува над Southwark, зградите осветлени со светилки. Во преден план може да се види London Millennium Footbridge.

Уличното фотографирање и градските пејзажи, како што е оваа неверојатна фотографија од The Shard во Лондон, доминираат во работата на Laku. Широкоаголните објективи често се користат за градски пејзажи, но користењето на телефото објектив ѝ овозможи на Laku да ја долови познатата локација на необичен и уникатен начин.

Кога се работи за добро познати и редовно фотографирани знаменитости како што е Tower Bridge во Лондон, Laku предлага да побарате алтернативни перспективи, за што можеби ќе треба да излезете порано со фотапаратот. Во една пригода, таа одлучила да започне во 5.30 наутро и да се фокусира на еден конкретен дел од архитектурата на познатиот мост.

„Го користев телефото објективот за да ја изолирам кулата и да го доловам сјајот на изгрејсонцето во заднината за да добијам ефект на ореол,“ вели таа. „Портокаловото небо ја направи таа фотографија она што е - а и лондонскиот автобус!“

Нејзиниот совет за оние кои бараат инспирација додека ја истражуваат својата локална средина е да ги посетуваат омилените локации во различни периоди на денот за секогаш да има нешто поинакво и интересно.

„Проверувајте во различни периоди на денот за да видите какво е осветлувањето,“ вели Laku. „Обидете се да користите различни објективи, инаку на крајот секогаш ќе ја снимате истата фотографија. Нека биде интересно и за вас и за луѓето што ќе ги гледаат вашите фотографии.“ Објективот EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon е добра опција за услови на слабо осветлување бидејќи е извонредно брз и пропушта многу светлина. Ако сакате да снимите широки слики во кои ќе доловите колку што можете повеќе од сцената, треба да го пробате објективот EF-M 11-22mm f/4-5.6 IS STM од Canon.

3. Пронајдете го најдоброто осветлување

Силуета на човек пред драматично портокалово изгрејсонце.

Pierre Dubuis го посетува истиот парк повторно и повторно, секогаш барајќи нов агол за своите фотографии.

Влегувањето во Pilat Regional Natural Park во регионот Rhône-Alpes во југоисточна Франција внесе нова димензија во фотографиите на Pierre Dubuis. Младиот фотограф кој фотографира со EOS 5D Mark III од Canon (што сега е заменет со новиот EOS 5D Mark IV од Canon), фотографира од 15-годишна возраст, но неговата љубов кон природата почнала да се развива за време на неговите студии по фотографија. Тој смета дека неговите пријатели ја поттикнале неговата љубов кон природата и вели дека повторното откривање на локалните области ја зголемува креативноста, што е очигледно од неговите омилени слики, кои биле снимени во истиот парк.

„За да откриете прекрасни места, најдобро е колку што можете повеќе да истражувате и ќе пронајдете многу повеќе места отколку што мислите,“ советува тој. „Јас барам инспирација на Instagram. Посетувајте ги местата во различни периоди на денот и пробајте различни агли за да ја добиете саканата атмосфера.“

За да создадете амбиент во фотографиите, Pierre препорачува да излезете да фотографирате рано наутро или навечер. „Прекрасното осветлување настанува рано наутро, при изгрејсонце или при зајдисонце,“ вели тој. „Фотографијата од силуетата (погоре) беше снимена на зајдисонце. За да снимите ваква фотографија, најдобро е однапред да се информирате за временските услови и да пристигнете 30 минути порано за да имате време да ја пронајдете локацијата и да го формирате уникатниот кадар што сте го замислиле. За оваа слика, решив да употребам помала експозиција така што ја зголемив брзината на блендата и фотографирав со висока вредност на решетка од f/22. Тоа го направив за да имам добро дефинирана, темна силуета - за да создадам потемен амбиент.“

Портрет од Pierre Dubuis.

Pierre Dubuis

21-годишниот фотограф за природа ужива да фотографира во природно осветлување на изгрејсонце и зајдисонце.

4. Обрнете внимание на деталите

Слика одблиску од лист од папрат пред темна заднина.

Друг одличен начин да снимите интересни фотографии без да патувате далеку на теренот е да се фокусирате на деталите што на почетокот може да не се очигледни. Pierre сака одблиску да ја погледне природата.

Лисјата на дрвјата се осветлени од сонцето.

Оваа фотографија од лисја на дрвја осветлени од зајдисонцето била снимена во близина на водопадот Saut du Gier.

„Мора да набљудувате сè што се случува околу вас, до најситни детали,“ вели Pierre, зборувајќи за другата негова слика - деликатна фотографија на лист од папрат. Вредноста за ISO од 3200 и за решетка од f/4,5 му помогнала реалистично да ги долови длабочините на шумата. Поголемиот отвор на објективот EF 70-200mm f/2.8L USM од Canon му овозможил да ја намали длабочината на полето и да го насочи вниманието на централниот дел на папратот и неговата прекрасна текстура. Високата вредност за ISO била потребна поради недостатокот на светлина во шумата.

„Кога ја снимив фотографијава, бев на краток излет во шумата,“ објаснува Pierre. „Сакав да си го разбистрам умот и го забележав папратот, осветлен од зрак светлина. Ја обожавам оваа фотографија бидејќи ја претставува убавината и деликатноста на природата.“

5. Пронајдете го неверојатното во секојдневното

Две деца си играат во песок пред продавница за дрва, опкружени од прав.

Осветленоста природно се менува во текот на денот. Избирањето на вистинскиот момент за фотографирање може да ја направи разликата помеѓу извонредна фотографија - како оваа амбиентална слика од децата на Camilla - и обична фотографија.

Наградуваниот професионален фотограф Camilla Rutherford потекнува од Шкотска, но почнала да ги овековечува сезоните за скијање во Нов Зеланд. Бидејќи фотографирањето на приказните на спортистите во природа ја привлекувало, таа сега живее во живописниот град Wanaka со својот сопруг, одгледувач на мерино овци, и двата сина.

Стилот на вршење репортажи на Camilla во голем степен се темели на природното осветлување, како што може да се види во оваа фотографија со задно осветлување од нејзините синови кои си играат во песок, снимена со нејзиниот EOS R од Canon опремен со адаптер EOS R и нејзиниот стандарден објектив, EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon.

„Омиленото нешто на сликава ми е изразот на лицето на моето синче,“ вели таа. „Се гледа дека навистина ужива. Таа искрена радост при занесената игра ја прави оваа фотографија она што е.

„Кога фотографирате деца што си играат, понекогаш немате време да се префрлите на примарни објективи,“ додава таа. „EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon нуди совршена должина за зумирање за тие цели, а квалитетот на сликата може да се спореди со оној што го нудат примарните објективи.“

Фотографирањето на сонце може да биде и проблематично и забавно, вели Camilla, но фотоапаратите без огледало како EOS RP од Canon се во предност поради електронскиот визир. „Може да видите што прави експозицијата и да ја прилагодите неколку чекори погоре или подолу, во зависност од јачината на задното осветлување,“ објаснува таа.

Портрет од Camilla Rutherford со очила за сонце.

Camilla Rutherford

Наградуваниот фотограф Camilla Rutherford е родена во Шкотска, а сега живее на фарма во Нов Зеланд со своето семејство. Нејзината специјалност се снимањето фотографии од областа на спортот, патувањата и животниот стил.

6. Раскажете приказна со фотографирање на она што го знаете

Човек во работилница користи накосена брусилка, опкружен со алати. Сонцето се пробива низ отвор во ѕидот зад него.

Начинот на кој искрите од брусилката и светлото се надополнуваат додава целосно нова димензија на она што можело да биде сосема вообичаена фотографија.

Фотографијата на Camilla од нејзиниот сопруг во работилницата на фармата ја претставува богатата историја на местото во кое живеат. Користејќи го само природното осветлување и мала брзина на блендата, Camilla покажува дека не мора да одите далеку за да создадете приказна.

„Нашите момчиња се петтата генерација на фармата, а оваа работилница е неверојатно место што обожавам да го фотографирам,“ вели таа. „Момчињата многу сакаат да го гледаат татко им како поправа работи. Забележав како сонцето навлегува низ задниот ѕид во утрата и создава голем блесок во левиот агол,“ вели таа.

„Фотографирав широкоаголно со мојот објектив EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon и се обидов да ја доловам целата приказна. Ја поставив вредноста на ISO на 800 за да добијам малку дополнителна светлина и фотографирав со брзина од 1/80 сек. Тоа беше добра брзина на бленда за да се долови движењето на тркалото и летањето на искрите.“

Затоа, без разлика дали чекорите низ шумата, уживате во урбана прошетка во градот или уживате во удобноста на сопствениот дом, истражувањето на вашето локално опкружување не мора да резултира со еднолични фотографии. Ако го обучите окото да ги забележува можностите за фотографирање во обичните околности и ако снимате фотографии што имаат значење за вас, можно е да создадете слики што се навистина посебни.


Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.

Слични написи

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ АВАНТУРИ

    Совети за фотографирање авантури

    Пет совети за фотографирање на вашите надворешни авантури со EOS M6 Mark II.

  • ЗИМСКО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Како да снимате подобри зимски фотографии

    Извлечете максимум од оваа прекрасна сезона со фотографот Владимир Медведев.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    5 најдобри совети за фотографирање забрзани видеоснимки од пејзажи

    Следете ги овие најдобри совети за фотографирање забрзани видеоснимки за да им вдахнете живот на пејзажите.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

    Совети за фотографирање диви животни во урбана средина

    Фотографите Christine Sonvilla и Marc Graf ги откриваат нивните најдобри совети и техники за фотографирање диви животни во близина на вашиот дом.