КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Фудбалски игри од хартија коишто ќе ве поттикнат да бидете активни

Обидете се да изработите фудбалски игри со хартиени модели на Creative Park и создадете забава за целото семејство летово.
Девојче сече шаблон за да направи фудбалска топка од хартија.

Летото започна и како и секоја година, родителите бараат игри во коишто ќе може да учествува целото семејство. Игрите коишто можете заедно рачно да ги составите, а потоа заедно и да ги играте, се многу забавни, а идеи за лесни и економични идеи игри ќе најдете на Creative Park од Canon.

Creative Park нуди голем број на бесплатни и живописни активности од хартија коишто лесно ќе ги најдете и отпечатите на домашниот печатач.

Блогерката Fariba Soetan живее во Лондон со сопругот и трите деца и е автор на блогот Mixed.Up.Mama. Fariba раскажува како ги користела Creative Park и печатачот од серијата PIXMA TS8350 од Canon за да го исполни денот со спортски семејни активности.

1. Изберете прибор и шаблони

Најпрво, изберете цврста хартија на којашто ќе ги отпечатите игрите. Мат фотохартијата од Canon е одличен избор за рачни изработки бидејќи мат текстурата е идеална за печатење на живописни слики и цртежи.

„Дебелината на хартијата е особено важна бидејќи исечените шаблони треба да бидат цврсти и да не се распаѓаат“, вели Fariba, којашто има ќерки на шест, осум и десетгодишна возраст. Серијата PIXMA TS8350 од Canon е идеална за овој тип на печатење, но можете да го користите кој било печатач од серијата PIXMA.

Fariba вели дека дури и избирањето на шаблони за фудбалските игри може да биде интересна семејна активност. Бидејќи секоја активност содржи информации за потребното време за составување и нивото на тежина, самите можете да одлучите кои игри се соодветни за вашите деца.

„На девојчињата им беше многу интересно да ги разгледуваат активностите коишто можат да ги изработат на веб-страницата“, додава таа. „Кога родителите ги разгледуваат активностите заедно со децата, треба да ги имаат предвид времетраењето на активноста и нивото на тежина.

„Одбравме игри со фудбал и кошарка бидејќи ни се видоа многу интересни, а според нивото на тежина ми изгледаше и дека ќе можеме да ги составиме уште при првиот обид.“

2. Направете си мини натпревар

Изберете го омилениот дизајн од хартија и отпечатете го директно на домашниот печатач за да го составите пред главната активност со користење на апликацијата Creative Park или преземете го од веб-страницата Creative Park директно на вашиот компјутер.

На вашиот тим креативци им се потребни ножици, лепак, линијар за превиткувањето, обично пенкало и вашите инструкции. Потоа, само следете ги испрекинатите линии за ножиците, наборите, како и точките каде што треба да лепите за да започнете со составувањето.

Две девојчиња лепат цел на фудбалски гол од хартија.

„Моите деца се многу креативни и ваквите игри се одличен начин за задоволување на нивните креативни потреби“, вели Fariba.

Две девојчиња ги покажуваат своите фудбалски модели од хартија.

Откријте ги семејните игри од хартија коишто се забавни и за изработка и за играње - радоста да си поиграте со направениот хартиен модел е уште поголема од чувството на исполнетост по изработката.

Доделете задачи за да ги вклучите сите. „Сликите во отпечатените игри беа супер, а упатствата едноставни“, вели Fariba. „На девојчињата им беше интересно да ги сечат формите, а ни одговараше и нивото на тежина бидејќи имам три ќерки на различна возраст со различни вештини за сечење. Најсложената форма беше топката за којашто десетгодишната ќерка навистина се потруди. Имаше и поголеми облици, како мрежата од голот, коишто ги исече шестгодишната ќерка.“

„Сите си имавме своја задача и си разговаравме додека работевме.“ На овој начин секој придонесува за нешто, сите се вклучени и не се расправаат околу тоа кој што работи.

3. Персонализирајте го натпреварот

Девојче се подготвува да фрли фудбалска топка од хартија.

„Откако завршивме, се одморивме, се протегнавме и јадевме ужинка, па се вративме да си поиграме“, вели Fariba.

Ако сте ја составиле играта, време е за играње! Зошто да не задолжите група пријатели да ви ги бележи поените или не си направите свои картички за бележење на резултатот, па да ја претворите играта во вистински натпревар?

Creative Park нуди и многу други хартиени шаблони коишто се одлични за спортски натпревари во коишто се користат рачно изработени материјали, од реквизити за фотографирање и транспаренти за бодрење на играчите и соиграчите, до капи за забави и мегафони , сè со цел создавање на тимска атмосфера.

Младите се задоволни што можат да си играат со она што го создале, а при тоа стекнуваат и корисни практични вештини. „Девојчињата уживаат да цртаат, да лепат и да бојат и супер е што потоа имаат нешто со што можат да си поиграат“, вели Fariba. „Придобивките се многубројни, од сечењето коешто е добро за развивање на моторните вештини, до самиот факт дека создаваат нешто, што игра голема улога во градењето на нивната самодоверба.“

„Најстарата ќерка беше многу радосна што успеа самостојно да исече и состави сложен 3D-предмет како топка. Многу ѝ беше забавно да ја фрла кон целта.“

4. Организирајте целодневен настан

Семејство собрано околу фотоапарат гледа фотографии.

Хартиените проекти како тој на Fariba се економичен начин за долгочасовно забавување на семејството за време на летниот распуст. „Си запишавме што сакаме да правиме следниот пат“, вели Fariba. „Ова е нешто што би го правеле ако имаме неколку слободни часа во сабота или ако врне.“

Три девојчиња шутираат фудбалска топка низ дворот.

Откако ќе ги завршите хартиените модели и ќе си поиграте, излезете надвор и тестирајте ги.

Без разлика дали ќе ги изработувате хартиените модели за викенд или за време на летниот распуст, можете да го претворите проектот во целодневен настан и да воведете идеи како грицки за полувремето или хартиен трофеј за победникот. Можете и да го архивирате забавното искуство од денот со тоа што ќе играте и ќе се фотографирате заедно.

Покреативните семејства можат да ги персонализираат исечените модели, особено ако сакаат да ги зачуваат по денот на настанот.

„Фудбалската цел сè уште ни е закачена на ѕидот“, вели Fariba. „Одвреме-навреме, девојчињата ќе ги извадат топките и ќе се заиграат. Голманот во фудбалската игра е силуета, но децата можат да му нацртаат лице или да му исечат поинаква облека. Има еден куп работи за правење.“

Ако на вашето семејството му треба инспирација за креативни активности или, пак, занимација за да се тргне од екраните, на Creative Park ќе најдете најразлични шаблони коишто можете да ги отворите и изработите во секое време.

Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101

    Мат фотохартијата овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршна обработка. Исто така, може да се користи за покреативна намена, како на пр., за честитки, изложби и модели од хартија.
  • Компактни дигитални

    PowerShot SX740 HS

    Доловете ги сите детали со оптички зум до 40x и 4K Ultra High Definition со помош на овој компактен фотоапарат со џебна големина.

Слични статии

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Направете украси од диносауруси со Creative Park

    Украсете ја детската соба на вашето дете на достапен начин со праисториски модели од хартија.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Забавувајте се со Creative Park

    Украси и реквизити што може да ги отпечатите дома со помош на апликацијата Creative Park.

  • СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Совети за печатење за враќање на училиште

    Најдете креативни начини да се организирате за учебната година со печатач од Canon.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Апликација Creative Park

    Апликацијата Creative Park нуди многу забавни проекти за изработка на модели.