Feature Hero Module
alt text goes here

SELPHY

Компактни фото печатачи

Создавајте и печатете прекрасни и долготрајни фотографии од вашиот паметен телефон, дигитален фотоапарат, SD картички и други уреди - со компактен печатач за фотографии SELPHY кој е едноставен за користење.

Selphy CP1300

SELPHY CP1300

Стилски и пренослив уред за брзо и безжично печатење на прекрасни фотографии од компатибилни паметни уреди и фотоапарати

Истражете веднаш

Featured article1

Печатачи

Fast lab quality

Брзо печатење со фотолабораториски квалитет

Прикажаните функции се достапни и кај други SELPHY печатачи со Wi-Fi и преку апликацијата Canon PRINT.

Погледни видеозапис

Печатење од паметни уреди

Ако го сакате најдобриот печатач за фотографии од палетата SELPHY за печатење од паметни телефони, тогаш изберете го SELPHY CP1300. Тој нуди брзо, едноставно и безжично печатење од паметни телефони и таблет-уреди со Android и iOS, директно или преку апликацијата Canon PRINT.

Smart Device Printing

Ви нудиме голема палета на SELPHY медиуми за најразлични проекти за печатење. Ние нудиме решенија за печатење фотографии за секого, почнувајќи од поштенски картички па сè до налепници во форма на квадрат што се совршени за печатење преку паметни телефони.

ID photos

Фотографии за документи

Снимајте и печатете фотографии за документи за лична или професионална употреба со функцијата за печатење на фотографии за документи. Изберете некоја од широко прифатените стандардни големини или поставете прилагодена големина. Печатете повеќе фотографии за документи во иста или различна големина на еден лист за да заштедите хартија.

Square Prints

Печатење квадратни материјали

Идеални за украсување и креативни проекти со слики од популарни апликации за паметни телефони и компактни фотоапарати.

Credit Cards

Кредитни картички

Големината на кредитна картичка е одлична за помали рамки и за фотографии кои се чуваат во паричник или чанта.

Mini Stickers

Мини налепници

Користете мали налепници за забавни проекти, проекти со креативни занаети и украсување.

Комплети со мастила и хартија

Комплетите со мастила и хартија за SELPHY уреди се испорачуваат со точно количество на мастила и хартија за бројот на фотографии што сакате да ги отпечатите, што значи дека ќе можете истовремено да ги менувате мастилата и хартијата на едноставен начин. За печатење медиуми од серијата KC треба да користите касета за хартија со големина на картичка што се продава одделно.

Мали и фиксни трошоци за секое печатење

Pixel to Print

Од пиксел до печатење

SELPHY ви овозможува да печатите во различни големини, да комбинирате повеќе фотографии на една страница со помош на функцијата за печатење на распоред или да создавате прекрасни колажи со ефекти во боја користејќи ја функцијата за печатење со измешан распоред. За најдобри резултати, користете автоматска оптимизација на слика за автоматско подобрување на квалитетот на печатењето.

Оптимизација на сликата

Функцијата за оптимизација на слика ги открива и ги коригира несовршеностите во сликите, прилагодувајќи ја осветленоста и боите на лицата и истовремено го намалува и непосакуваниот шум, внесувајќи дополнителна јасност и бои во вашите испечатени материјали.

Оптимизација на слика во сива боја

Image optimize
Dye Sub

Сублимација на бои

Технологијата за сублимација на бои овозможува печатење со фото-лабораториски квалитет кои можат да траат до 100 години ако ги складирате во албум. Специјалниот заштитен слој потполно ги суши испечатените материјали и ги прави отпорни на вода, отпечатоци од прсти и гребнатини.

100 годиниСублимација на бои

Печатете од кој било уред - насекаде

Без разлика каде се складирани вашите слики, со SELPHY можете да ги испечатите на едноставен начин. Печатете фотографии директно од вашиот паметен уред, фотоапарат, мемориски картички, USB мемориски уреди или компјутер. Користете ја функцијата Party Shuffle на апликацијата Canon PRINT за да создавате уникатни колажи безжично користејќи слики од повеќе паметни телефони.

Print Anywhere

Практичен за носење, каде и да одите

SELPHY е толку мал и пренослив што можете да го носите со вас на одмори и семејни посети или забави - така сите ќе можат веднаш да ги отпечатат и споделат прекрасните спомени.

Easy to Carry

Поддршка

iPad, iPhone, iPod и iPod touch се заштитни знаци на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји. AirPrint™ и логото AirPrint се заштитни знаци на Apple Inc.

Android™, Google Cloud Print™ и Picasa™ се регистрирани заштитни знаци на Google Inc.

Windows® и логото Windows се заштитни знаци на групацијата компании на Microsoft