ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

Фотографирајте постојано во период од седум дена и откријте што сè можете да снимите

Ќе се изненадите колку можете да снимите во рок од една недела. Снимајте нешто различно секој ден во текот на една недела и поместете ги границите на својата креативност.
Canon Camera
Рутината тешко се менува, но доколку сакате да ја разбудите вашата креативна страна и да се обидете со нешто ново, седумдневниот предизвик е добра почетна точка. Зададете си обврска секојдневно да снимате нова фотографија од различна содржина во период од седум дена и можеби ќе се присетите зошто започнавте да се занимавате со фотографија.

Поттикнат од желбата да сними убави моменти, фотографот Ellis Reed започнува да фотографира со фотоапаратот EOS 550D од Canon (чијшто наследник е EOS 850D од Canon) пред осум години, на возраст од 18 години. Денес, со помош на својот EOS R од Canon, тој се занимава со фотографирање на патувања, животен стил и пејзажи, а притоа постојано ја тестира сопствената креативност.

Поради љубовта кон локалниот крај и способноста да ја набљудува познатата средина од нова перспектива, Ellis е совршениот фотограф за нашиот седумдневен предизвик во фотографирање. Тој сними седум различни фотографии во текот на седум дена, а сите убави моменти од неговото патување одлучи да ги поврзе преку темата на присутност бидејќи сметаше дека се совпаѓа со концептот на повторното откривање.

Во продолжение ни открива како се справил со предизвикот и споделува совети како и вие да го совладате седумдневниот предизвик во фотографирање.

Прв ден: снимете го изгрејсонцето

Утринското сонце се одбива од прозорецот на куќа од ред куќи распоредени во полумесечина.

„Излегувањето надвор со фотоапаратот за да правите нешто креативно додека сè уште нема никој друг околу вас може да биде многу корисно искуство“, вели Ellis, фотографот којшто ја сними оваа магична фотографија од сонцето коешто се одбива од прозорец рано наутро. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 57 mm, 1/800 сек., f/2,8 и ISO 100. © Ellis Reed

Одраз на мостот „Палтни“ со медови нијанси во мирната река над којашто се издига.

Ellis ја снимил фотографијата од прекрасниот мост „Палтни“ во својот роден град Бат на изгрејсонце. Што би фотографирале во родниот крај? Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 26 mm, 1/400 сек., f/2,8 и ISO 160. © Ellis Reed

Ellis вели дека фотографирањето в зори е совршениот начин за развивање на креативноста.

„Заминете на прошетка сами и пред другите да се разбудат бидејќи така ќе си ја разбистрите главата и ќе се подготвите не само за остатокот од денот, туку и за преостанатиот дел од предизвикот. Ваквиот почеток на денот е неверојатно корисен за справување со стресот што секојдневно го наметнуваат работата или социјалните медиуми“, вели тој.

Ellis замина да го фотографира изгрејсонцето само со својот фотоапарат EOS R од Canon и објективот RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon, што според него е комбинација којашто нуди неверојатно многу можности. „Би ви препорачал да го оставите телефонот дома, да го земете фотоапаратот со себе и да уживате во пешачењето на изгрејсонце.“

„Објективот којшто најчесто го користам и со којшто снимам 90 % од времето е RF 24-70mm F2.8L IS USM, а големината на фотоапаратот EOS R е многу попрактична од стандардниот DSLR.“

Втор ден: извлечете го максимумот од опремата

Фотографија одблиску од бел цвет на гранка.

За овој предизвик, Ellis ги снимаше одблиску расцветаните гранки на околните дрва со помош на својот објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM иако овој објектив ретко се користи за снимање макро фотографии. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 70 mm, 1/2000 сек., f/2,8 и ISO 1000. © Ellis Reed

Розов цвет на дрво.

Иако со брзиот објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM со практични димензии од Canon, Ellis може да долови извонредни детали, без разлика дали снима остри портрети или неговите препознатливи пејзажи со топли нијанси, тука тој го употребил својот личен печат за снимање на нешто поинакво како расцветаните цвеќиња, со цел да го извлече максимумот од својата опрема.
Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM со избрани 70 mm, 1/2000 сек., f/2,8 и ISO 250. © Ellis Reed

Користењето на еден ист објектив ви овозможува да искусите нови можности бидејќи ова е едноставен начин да го погледнете светот околу вас од обновена перспектива, вели Ellis, којшто фотографираше исклучиво со својот објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon секој ден од предизвикот.

„Целта е да се натерам да излезам и да фотографирам со само еден објектив, наместо да носам посебни објективи за снимање конкретна содржина“, вели тој. „Без разлика дали фотографирам широкоаголни фотографии од градот или снимам одблиску, се обидувам да создадам убави фотографии со приспособување на истиот објектив.“

Трет ден: снимање содржина со сентиментална вредност

Фотоапарат со објектив EF 85mm f/1.8 USM од Canon, телефон и Zoemini S од Canon се поставени на мермерна маса.

За време на тридневното снимање, Ellis користеше објектив од Canon со сентиментална вредност. „И дедо ми беше фотограф и голем љубител на Canon, па Canon уште одамна е дел од семејството.“ Бидејќи објективот EF 85mm f/1.8 USM од Canon ме потсетува на дедо ми, на него гледам како на тетоважа или нешто што го носам со себе насекаде“, вели Ellis. © Ellis Reed

„Мојот објектив EF 85mm f/1.8 USM од Canon му припаѓаше на дедо ми, и иако е малку стар, го наследив пред тој да почине.“

Кога фотографирате нешто што многу ви значи, продолжувате да се сеќавате.

„Објективот е стар, но обожавам да снимам со него“, вели тој. „Никогаш нема да престанам да го користам бидејќи многу ми значи. Секогаш кога ќе го земам в раце, ме потсетува на дедо ми, како и дека фотографијата се задржала во семејството со години.“

Иако не го користеше овој објектив за време на седумдневниот предизвик, Ellis честопати го користи заедно со својот EOS R, со помош на адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R од Canon.

Покрај употребата на објективот со сентиментална вредност, Ellis отпечати и неколку интимни фотографии со помош на Zoemini S од Canon за да ги прикаже, а потоа и да ги зачува во споменар.

Четврти ден: израдувајте некого

Маж прегрнува жена којашто во раката држи отпечатена фотографија од себе и мажот којшто ја прегрнува.

„Убаво е да имате неколку фотографии од себе на коишто се релаксирате и уживате во нечие друштво“, вели Ellis за фотографијата којашто ја снимил од своите пријатели. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 46 mm, 1/100 сек., f/2,8 и ISO 800. © Ellis Reed

Маж стои зад жена и ја прегрнува во уличка со историски градби.

„Ја користев неверојатно брзата, сигурна и прецизна поставка за автоматски фокус на очи на EOS R од Canon за да снимам што е можно поостри портрети, како и решетка од f/2,8, за да добијам длабочина на полето и да ја истакнам двојката“, вели Ellis. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 70 mm, 1/100 сек., f/2,8 и ISO 800. © Ellis Reed

За овој концепт којшто беше фокусот на четвртиот ден, Ellis фотографираше двојка блиски пријатели и им подари минифотографии отпечатени со помош на Zoemini S од Canon. Професионалните фотографи ретко имаат можност да се фотографираат заедно, поради што овие фотографии имаат посебно значење.

„Обострано е, кога ќе израдувате некого и самите се радувате“, вели Ellis. „Кога правите нешто добро за другите, без разлика дали е тоа некој којшто ви значи или, пак, воопшто не го познавате, градите позитивен поглед на животот.“

„Бидејќи имав можност набрзина да ги отпечатам и да им ги подарам фотографиите од снимањето за подоцна да си ги врамат или да ги стават во албум, фотографската сесија имаше навистина убав крај.“

Петти ден: излезете надвор

Диво пони на пат во „Брекон Биконс“.

Без разлика дали ќе се прошетате до некое ново или до омиленото место, вашиот фотоапарат ви дава можности за снимање на секаква содржина, од локалната флора и фауна до облаците и ноќното небо. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 70 mm, 1/6400 сек., f/2,8 и ISO 320. © Ellis Reed

Две диви понија стојат со доближени глави во „Брекон Биконс“.

И покрај тоа што Ellis отпатувал до Велс за да фотографира природа, фантастична фотографија можете да снимите дури и од црвеногушката во вашиот двор ако соодветно го осмислите кадарот. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM со избрани 70 mm, 1/6400 сек., f/2,8 и ISO 320. © Ellis Reed

Природата ни дава можност да се поврземе со околината, подалеку од екраните, што позитивно влијае врз психолошкото здравје. По патувањето до „Брекон Бриконс“ за да фотографира диви понија, Ellis се почувствува наградено за вложениот труд.

„Природата нѐ учи на трпеливост со што се надоврзуваме на градењето позитивен поглед на животот коешто го споменавме пред малку. Кога ќе успеете да ја направите саканата фотографија, задоволни сте што сте биле трпеливи,“ додава тој. Се чувствувате задоволно и наградено за вложениот труд.

Шести ден: излезете од комфорната зона

Пејзаж од бели карпи на брегот и небо со растреперени ѕвезди.

„Целта на излегувањето од комфорната зона е да научите од новото искуство и да уживате додека учите“, вели Ellis. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 24 mm, 20 сек., f/4 и ISO 400. © Ellis Reed

Ѕвезди светат на ноќно небо над карпи и плажа.

„Претежно користев вредност за ISO од околу 400, брзина на блендата од 15 сек., како и решетка од f/5, за да можам да внесам доволно детали и светлина во фотографиите, без прекумерни траги од ѕвездите“, вели Ellis. „Визирот и екранот од задната страна којшто може да се ротира ви овозможуваат да ги прегледате фотографиите и да се уверите дека сè е подредено како што сакате.“ Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM со избрани 70 mm, 15 сек., f/5 и ISO 400. © Ellis Reed

„Кога правите нешто што ве плаши или поради коешто се чувствувате несигурно, излегувате од комфорната зона.“ Мислам дека безбедносните мерки за време на пандемијата, го отежнаа излегувањето од комфорната зона, па дури и за мене. Кога постојано правите нешто поинакво, експериментирате и учите нови работи.“

Ноќната фотографијата и астрофотографија се жанрови со коишто немам многу искуство, но одамна ме привлекуваат“, вели Ellis. Ellis ја посети „Дердл Дор“ за да внесе нова перспектива во својата фотографија.

Фотоапаратот EOS R од Canon се покажа одлично во услови на ниска осветленост за време на овој дел од ноќната фотографска сесија на Ellis благодарение на големиот сензор за целосни слики од 30,3 MP којшто му овозможи да сними прекрасни фотографии со долги експозиции. Покрај тоа, светлиот LCD-екран го олесни оформувањето на кадарот во услови на мрак.

Седми ден: фотографирајте во придружба на пријател

Двајца мажи стојат на карпа пред долина низ којашто тече река.

Вклучувањето на некој ваш пријател во седумдневниот предизвик може да биде интересна прилика за дружење и впуштање во нови искуства. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 24 mm, 1/1600 сек., f/2,8 и ISO 250. © Ellis Reed

Рака го држи фотоапаратот Zoemini S од Canon со две отпечатени фотографии пред брановиден релјеф од ридови.

„Полесно ќе ги поврзете фотографиите во една целина ако имате одреден начин на којшто вообичаено го осмислувате кадарот уште пред да го земете фотоапаратот во рацете“, вели Ellis. „Еден од начините на којшто јас ги поврзувам моите фотографии е личниот стил на уредување. Користам помирни и потопли тонови." Снимено со фотоапарат EOS R од Canon со објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon, со избрани 24 mm, 1/1600 сек., f/2,8 и ISO 160. © Ellis Reed

Фотографирањето не мора да биде индивидуална активност. Ellis вели дека истражувањето за содржина за фотографирање е одличен начин за поттикнување на позитивно расположение и подобрување на социјалниот живот.

„Ме мотивира заедницата, односно можноста да се поврзам со пријателите коишто размислуваат како мене и да градам пријателства преку Instagram и фотографската заедница. По многу месеци во коишто не можев да се сретнам со други фотографи, ниту да се договориме да снимаме заедно, уживам во создавањето на овие приказни и спомени.“
Човек снима селфи со фотоапаратот Zoemini S од Canon.

За снимање на дел од портретите, Ellis го користеше инстант фотоапаратот Zoemini S од Canon, а омилените фотографии снимени во текот на неделата ги отпечати со помош на преносниот печатач, коишто претходно ги префрли од својот фотоапарат EOS R.

Ellis е пример дека впуштањето во седумдневен предизвик во фотографирање може да им помогне на фотографите да прераснат во поефективни раскажувачи на приказни. За Ellis, темата на присутност е поврзана со неговата цел да го смени начинот на којшто фотографира, а вие слободно можете да си ја изберете вашата.

„Ваквиот предизвик ќе ве натера да размислувате поинаку“, вели тој, “бидејќи многумина се придржуваат до изградениот стил и го повторуваат истиот процес. Ако се натерате да експериментирате, ќе започнете да го преиспитувате начинот на којшто им пристапувате на локациите и ги раскажувате приказните.“



Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

Слични статии