УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Снимање портрети на улица

Фотографот Kym Moseley ја објаснува важноста на подготовката, професионализмот и печатењето кога станува збор за фотографирање портрети на непознати.
Паметен телефон ја покажува апликацијата SELPHY Photo Layout, бел печатач SELPHY Square QX10 од Canon, пакет хартија за печатење и неколку отпечатени портретни фотографии распослани на дрвена маса, снимени одозгора.

Фотографирањето луѓе што ги среќавате на улица може, но и не мора да биде застрашувачко искуство, вели популарниот тиктокер и фотограф/видеограф Kym Moseley, кој придоби повеќе од 180 илјади следбеници на социјалната платформа.

Ким е навикнат да снима улични портрети. Всушност, тоа што им приоѓа на луѓе кои не ги познава и што ги прашува дали може да ги снима за портрет, многу придонесе за неговиот успех на интернет. Откри дека иако има луѓе што можеби се срамат да се фотографираат, други пак се поласкани што некој ги замолил и со задоволство позираат за него, особено доколку тој потоа, за возврат, им понуди да ја сподели сликата и да си ја понесат со себе.

Овде, Kym, кој користи EOS R6 од Canon, говори за тоа како изградил самодоверба да им приоѓа на луѓето, за придобивките од прифаќањето на непредвидливоста и вредноста на искрените повратни информации. Тој, исто така, покажува како е возможно, со помош на SELPHY Square QX10 од Canon, да се оди чекор понапред и наместо на вашите субјекти фотографијата да им ја покажувате на LCD-екранот од вашиот фотоапарат, на луѓето да им подарите да си чуваат примерок во спомен на искуството.

Торба со опрема и поставки

EOS R6 од Canon поставен на поклопец од контејнер испрскан со шарени бои.

Кога снима улични портрети, TikTok ѕвездата Kym Moseley користи EOS R6 од Canon и примарни објективи и објективи со зум, вклучувајќи ги RF 70-200mm F2.8L IS USM од Canon и RF 16mm F2.8 STM од Canon. „Многу тешко се поднесува кога ќе пропуштиш шанса само поради тоа што го немаш вистинскиот комплет“, вели тој.

Многу фотографи-почетници сакаат да носат лесна опрема, па затоа Kym препорачува некои од своите омилени објективи, како што се RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon и RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon.

Kym фотографира со EOS R6 од Canon, којшто го избра поради функцијата 4K, големата брзина на блендата и совршеното автоматско фокусирање – задолжително за фотографирање портрети. Кога станува збор за портретите, Kym сака да ја заматува заднината за да го насочи вниманието кон својот субјект.

„Независно од тоа каков објектив користам, секогаш ја одбирам најмалата длабочина на полето и врз таа основа ги одредувам остатокот од поставките“, објаснува тој. „Решетката секогаш останува на f/2,8 или f/1,8, во зависност од објективот. Следен приоритет е ISO, што се обидувам да го држам на 100, а јас соодветно ја приспособувам брзината на блендата. Среде бел ден, брзината на блендата веројатно ми е 1/2000 сек. со ISO100 и f/2,8, а потоа, кога сѐ повеќе и повеќе се стемнува, брзината на блендата успорува.“

За да го надополни комплетот за фотографирање улични портрети, Kym во својата торба за опрема го додаде преносливиот SELPHY Square QX10 од Canon за да може да слика, печати и споделува во движење.

Како да си ги избирате субјектите

Човек со уредна бела брада, облечен во кожен мантил, затемнети очила и капа од твид, седи на клупата наспроти фотоапаратот.

Кога Kym на човеков му ја даде отпечатената фотографија, тој едноставно одговори со: „Добро е. Убаво!“ што го засмеа Kym. „Човекот ме привлече поради брадата и капата“, вели тој. „Едноставно, ми изгледаше мистериозно, како да има приказни за раскажување. Фотографијава би сакал да ја направам во црно-бел формат“. Апликацијата Canon SELPHY Photo Layout ви дава можност фотографијата да ја конвертирате во црно-бел формат пред печатењето. Снимено со EOS R6 од Canon со избрани 51 mm, 1/250 сек., f/2,8 и ISO1250. © Kym Moseley

Жена со долга руса коса, облечена во светло-црвено палто врз црно болничарско одело, стои покрај црна железна ограда и гледа во фотоапаратот.

Kym се сеќава дека првин го забележал болничарското одело на жената, а потоа ја набљудувал додека разговарала со својата пријателка. „Изгледаше многу зборлеста и ведра“, вели тој. „Интересна беше да се види нејзината реакција – се гледаше дека не се чувствува најподготвена за фотографирање во своето работно болничарско одело“. Снимено со EOS R6 од Canon со избрани 40 mm, 1/320 сек., f/2,8 и ISO1250. © Kym Moseley

Одете во кој било градски центар и веднаш ќе забележите дека имате многу можности за фотографирање луѓе. Она што ве привлекува кон одредена личност е единствено за вас, а изборот на субјектот е извонредно личен.

Kym започнува да бара луѓе кои се чини дека ќе застанат. „Луѓето кои очигледно брзаат или носат слушалки обично се не за мене“, вели тој. „Не сакам да им упаѓам на луѓето.

„Кога започнав, се обидував со секого, па сфатив како изгледаат луѓето што се чини дека ќе застанат“, продолжува тој. „Втора работа е да имаат некоја несекојдневна физичка карактеристика. Треба да ми изгледаат интересно – мора со нешто да се истакнуваат. Забележав еден црвенокос белец со афро-фризура како се приближува кон темно-зелено дрво и едноставно морав да го запрам. Знаев дека темнозелената и косата ќе дојдат до израз и бев во право, тоа видео доби околу 300.000 прегледи.“

Во суштина, треба да го пронајдете она што ве интересира. За Kym ова „не значи конвенционална привлечност, треба да ме натера да почувствувам нешто“.

Како да им пријдете на непознати

Маж во впечатлива јакна со дезен и темна коса во пунџа стои со рацете во џебовите на палтото и со главата свртена настрана.

Kym постојано е во потрага по можности за снимање портрети. „Ми се допаднаа јакната и косата на човекот“, вели тој. „Изгледаше достапно, поточно, како да чека некого, па не можеше да рече дека брза некаде“. Снимено со EOS R6 од Canon со избрани 70 mm, 1/400 сек., f/2,8 и ISO500. © Kym Moseley

Млада жена со долга кафена коса, облечена во капут и со големи слушалки околу вратот претпазливо се насмевнува кон фотоапаратот.

„Однесувањето на девојкава беше она што ме натера да ја застанам“, вели Kym. „Се чинеше доста пристапна и претпоставувам дека изгледаше срамежлива и плашлива, што и ме привлече. Сакав да ја извадам од нејзината школка“. Снимено со EOS R6 од Canon со избрани 67 mm, 1/320 сек., f/2,8 и ISO1250. © Kym Moseley

Пред да им пријдете на луѓето, Ким предлага психички да се подготвите со тоа што ќе си речете: „Ова не е голема работа за нив, освен за тебе. Никој не смета дека си толку чуден, освен тебе!“

Откако ќе пронајде потенцијален субјект, тој обично се претставува велејќи: „Здраво, работам на проект, се работи за фотографирање непознати. Имате ли две минути да ви снимам портрет набрзина?“

„Знам дека со фразава најдобро и најбрзо ќе успокоите некого и доволно ќе го заинтересирате да ви помогне“, објаснува тој. „Ако запрете некого, а се сплеткувате од сопствените зборови, тој ќе го изгуби трпението и ќе си замине. Доколку сте срамежливи, глумете сѐ додека не ви појде од рака. Јас така правев на почетокот и сега сум многу посигурен во себе. Поприродно им пристапувам на луѓето. Ако се двоумат, ќе речам: „Можам после да ви ги испратам фотографиите по е-пошта“, додава тој.

Како да комуницирате со вашите субјекти

Паметен телефон што ја прикажува апликацијата SELPHY Photo Layout и отпечатена портретна фотографија се поставени на дрвена маса, снимени одозгора.

Апликацијата Canon SELPHY Photo Layout е компатибилна со преносливите печатачи SELPHY Square QX10 и SELPHY CP1300 од Canon и ви овозможува да печатите директно од својот паметен телефон. Исто така, нуди многубројни опции за распоредување, за да можете да додадете повеќе од еден портрет на истиот лист хартија.

Некои улични фотографи им даваат насоки на своите субјекти додека други претпочитаат послободен пристап. Kym претпочита да дава што помалку упатства. „Се трудам да не давам премногу насоки бидејќи не сакам премногу да одземам нечие време“, вели Ким. „Давам понекоја повратна информација, но настојувам да не бидам премногу конкретен. Може да кажам: ‚ајде да пробаме нешто друго‘ ако не функционира, но не барам конкретни работи, како на пример: ‚стави ја раката овде‘. Само ќе замолам некого да оди од точка А до точка Б и користам секвенцијален режим, или ќе направам тупаница и ќе побарам од него да ја следи за да го натерам да се заврти во одреден правец без да го допрам. Ова го научив правејќи свадбени фотографии.“

Впечатокот што го оставате е многу важен и може да ви отвори можности во иднина. Kym се сеќава на случката кога добил работа откако му пришол на непознат за да го фотографира. „Еднаш застанав човек кој носеше неверојатен костум и се испостави дека има сопствена кројачка дејност и му треба видеограф. Ми зеде податоци затоа што му се допадна начинот како комунициравме за толку краткото време поминато заедно.“

Печатење и споделување на фотографиите

SELPHY Square QX10 поставен на дрвена површина, со отпечатена фотографија дополу излезена од него.

Преносливиот SELPHY Square QX10 од Canon доаѓа со практичен USB-полнач и печати долготрајни фотографии од 68 x 68 mm во богати и живописни бои.

Рака држи мал отпечатен портрет на млад човек облечен во впечатлива јакна со дезен, со главата свртена настрана.

Можете да отпечатите 20 листа со едно полнење, па ако вашиот субјект не е сосема задоволен од првиот обид, можете да се обидете повторно. „Ако гледам дека не им се допаѓа, ќе видам дали може да снимиме нова“, вели Kym.

Откако ќе се сними фотографијата, никогаш не знаете како некој ќе изреагира. Kym има дочекано голем број и позитивни и негативни реакции. „На луѓето секогаш прво им ја покажувам сликата на екранот на фотоапаратот и им нудам да им ја испратам фотографијата“, вели тој. „Барам и повратна информација. Искреноста за мене е сѐ."

Тоа што со себе го носи SELPHY Square QX10 на пристапот на Kym му додава дополнителна димензија бидејќи на својот субјект може да му понуди нешто што ќе си го понесе со себе. „Печатачот SELPHY Square QX10 беше навистина брз имајќи предвид дека печати фотографија,“ вели тој.

Kym ја префрли фотографијата од својот EOS R6 на паметниот телефон со помош на вградениот Wi-Fi на фотоапаратот и потоа ја вчита на апликацијата SELPHY Photo Layout за да се отпечати. „Целиот процес трае околу 60 секунди,“ вели тој. „Неверојатна е помислата дека можам да отпечатам слика со добар квалитет без кабли или канцеларија, или без да барам од луѓето да се сретнеме подоцна некаде за да им дадам фотографија,“ вели тој.

Се надеваме дека советите на Kym ви влеаја самодоверба да излезете и да се обидете да создадете свои улични портрети – никогаш не знаете што сте способни да постигнете. Не заборавајте да ги споделите резултатите на хаштагот #FreeYourStory со означување на @canonemea.

Напишано од Natalya Paul

Слични производи

Слични статии

  • Насмеана цвеќарка во светло зелен фустан, опкружена со шарени цвеќиња.

    УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Совети за фотографирање улични портрети

    Најдобрите совети за снимање извонредни улични портрети од професионалниот фотограф Julian Love.

  • Човек, кој држи EOS R6 од Canon, фотографира жена со долги плетенки на улица.

    МОДНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Фотографирајте ги вашите пријатели како модели

    Фотографката за мода и убавина Jade Keshia Gordon од Лондон нуди 6 едноставни совети за создавање постилски фотографии за друштвените медиуми.

  • Фотограф фотографира модел заплискан со виолетова светлина којшто држи стебленце од растение.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Совршен објектив за портрети

    Што да земете предвид кога избирате објектив за портрети?

  • Испружени раце држат неколку фотоапарати Zoemini S2 од Canon, од кои едниот печати слика, а друг човек држи црно-бела отпечатена фотографија.

    ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Печатење важни моменти од животот

    Дознајте како група млади луѓе ги прославија важните моменти од своите животи со Zoemini S2 од Canon.