Амбасадорката на Canon, Helen Bartlett, го користеше компактниот PowerShot G7 X Mark III од Canon за снимање на црно-бели фотографии за време на карантинот во Лондон и откри цел нов свет. Фотографирано со PowerShot G7 X Mark III од Canon со избрани 1/800 сек., f/10 и ISO 320. © Helen Bartlett
Ве интересира како би изгледал светот во црно-бело? Фотографката на семејни портрети и амбасадорка на Canon, Helen Bartlett, којашто живее во Лондон, фотографира токму во овој стил. Helen е препознатлива по црно-белата фотографија со којашто се занимава уште од почетокот на нејзината кариера во 2003 г. и во којашто ја користи длабочината на светлината и сенките коишто паѓаат на лицата и сцените пред неа.
За време на карантинот во Англија поради Covid-19, Helen го замени фотографирањето семејни портрети со снимање црно-бели фотографии од природа на прошетките околу нејзиниот дом во северен Лондон. Таа ги споделува снимените фотографии коишто претставуваат спој од скриени текстури, листови осветлени одзади, оросени пајажини и драматични шумски силуети во делот Highlights на Instagram, со наслов „Надвор од работно време“. Повеќето се снимени со нејзиниот PowerShot G7 X Mark III од Canon.
Снимањето со компактен фотоапарат ѝ помогна на Helen да го развие стилот и ја инспирираше да примени нови техники. Тука, таа го објаснува еволутивниот тек на процесот и споделува совети за снимање извонредни црно-бели фотографии од природа.