Препорачана опрема за црно-бело фотографирање
Привлечните црно-бели слики имаат голем контраст. Затоа е важно фотоапаратот да има голем динамички опсег, за да може да ги задржи деталите во светлите површини и темните сенки. Независно од бројот на мегапиксели, фотоапаратите за целосна слика имаат подобар динамички опсег од моделите со APS-C-сензор, па затоа фотоапаратите како EOS RP, EOS R6 и EOS 6D Mark II од Canon се особено добри за ова намена. Но и покрај тоа, фотоапаратите со сензори што ја отсекуваат сликата како EOS M50 Mark II и PowerShot G7 X Mark III од Canon можат да создадат извонредни црно-бели фотографии, иако имаат физички помали сензори за слика.
Сите овие фотоапарати можат да фотографираат во режим за RAW-формат со длабочина на бои од 14 бита. Тој нуди многу поголем динамички опсег од режимот за JPEG-формат со 8 бита и овозможува многу поголем опсег за прилагодување на светлината и контрастот ако ги уредувате сликите во програма како DPP.
Еднобојниот стил на слика што е вграден во сите овие фотоапарати нуди дополнителни придобивки - може да користите дигитални филтри за време на фотографирањето, како жолт, портокалов, зелен или црвен филтер, за прогресивно подобрување на контрастот и изгледот на облачните сини неба. Достапни се и ефекти за тонирање, како сепија за создавање антички изглед. Предноста што ја нудат фотоапаратите без огледало е можноста за прегледување на ефектите од филтерот и тонирањето директно на визирот за време на фотографирањето. Истото е можно и преку екранот на задната страна на DSLR-фотоапаратите доколку фотографирате во режимот за прегледување во живо.
Предноста што ја нудат сите фотоапарати без огледало EOS или фотоапарати DSLR е можноста за монтирање идеален објектив за сите можни ситуации. Објективите со зум како што се RF 24-105mm F4-7.1 IS STM и RF 24-105mm F4L IS USM од Canon ви нудат слобода за фотографирање со различни фокусни должини без да менувате објективи. Меѓутоа, „побрзите“ примарни објективи како RF 35mm F1.8 MACRO IS STM, RF 50mm F1.8 STM и RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon нудат поголеми брзини на блендата при слаба осветленост со кои ќе можете да ги замрзнете движењата без потреба од зголемување на вредноста за ISO, што е одлично за црно-белото фотографирање бидејќи го минимизира шумот. Исто така, може да користите помала длабочина на полето за да го издвоите главниот субјект во сцената и да ги намалите пречките во заднина што го одвлекуваат вниманието.
Добрите црно-бели слики содржат многу ситни детали и богати текстури. Ако сакате да ги задржите при рачно фотографирање, тогаш ефикасната стабилизација на слика може многу да ви помогне. Сите објективи со ознака „IS“ од Canon наведени погоре имаат оптичка стабилизација на слика, а двата макро објективи со ознака „IS“ нудат хибридна стабилизација на слика што е многу поефикасна при фотографирање одблиску. EOS R6 од Canon има вградена стабилизација на слика со 5 оски (IBIS) што нуди максимум 8 чекори за стабилизација доколку се користи со компатибилен објектив. Исто така, EOS R6 ќе ви помогне да добиете неверојатно остри слики дури и од најсложените сцени, благодарение на неговиот систем за автоматско фотографирање од нова генерација.