SELPHY Square QX10 од Canon е безжичен и пренослив и може да печати висококвалитетни слики за неколку секунди.
„Причината поради која ја сакам својата работа е тоа што патот до неа го минав следејќи ги само работите што ме интересираа“ - објаснува Rich McCor. „За мене, тоа беше начинот на кој го доловувам светот околу мене - поинаков и покреативен начин каков што немав видено дотогаш, а притоа имав можност да го истражувам мојот роден град Лондон“.
За Rich, британскиот уметник зад популарниот Paperboyo на Instagram, комбинирањето на неговото хоби за фотографирање со изработката на модели од хартија првично беше начин за создавање оригинални содржини што му ја разбудија неговата фантазија. Едни од најдобрите негови дела се делата во кои држи отсечена црна хартија покрај знаменитостите во Лондон за да создаде интересни илузии.
„Тоа беше времето на стапчиња за автопортрети и период кога Instagram почна да се претвора во стандарден извор на информации“ - вели Rich. „Мојата намера беше да избегнувам клишеа и да создадам препознатлив стил, па затоа експериментирав со различни верзии на модели од хартија“.
По повеќе од половина деценија, работата на Rich се претвори од хоби во одлична кариера. Тој објави книга насловена „Around the World in Cut-Outs“, во соработка со познати брендови како Disney® и води стил на живот што, пред 2020 година, му овозможи да патува низ целиот свет.
Навраќајќи се на својот успех, Rich вели: „Тоа што започна како мало хоби во попладневните часови и за време на викендот прерасна во кариера што ми овозможи да патувам низ целиот свет и да заработувам забавувајќи се“.