Во моментот користам два фотоапарати и сакам да преминам на модел без огледало. Сè уште го користам мојот омилен
EOS-1D X Mark II од Canon во комбинација со објективите
EF 85mm f/1.4L IS USM од Canon,
EF 35mm f/1.4L II USM од Canon и
EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon. Децата се движат брзо, а извонредниот автоматски фокус и неверојатната издржливост на серијата EOS-1 D X се одлични кога не знаете со што ќе се соочите на фотосесијата - песок, течност за меурчиња, меки играчки - со разиграни дечиња може да се случи сè.
Во 2020 година ја надополнив мојата опрема со
EOS R5 од Canon, за кој мислам дека е неверојатен уред. Навистина ми се допаѓаат функциите за следење лица и очи, екранот на допир со променлив агол и 5.940-те положби за автоматско фокусирање што ми овозможуваат да создавам нови и интересни фотографии за моите клиенти. Го користам заедно со фантастичниот
RF 50mm F1.2L USM од Canon, што не би го заменила со ниту еден друг објектив. Го користам и повеќенаменскиот
RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon, бидејќи многу ми се допаѓа неговата функција за макро, што го прави совршен објектив за фотографирање новороденчиња. Во 2021 година ќе ја надополнам мојата опрема и со објективот
RF 85mm F1.2L USM од Canon. Квалитетот на новите објективи RF е неверојатен.
Секогаш препорачувам да се инвестира во брз примарен објектив бидејќи тој ви овозможува да фотографирате во затворени простории користејќи ја природната светлина, а тоа е одличен начин да научите повеќе за решетката и брзините на блендата. Висококвалитетниот и евтиниот објектив
EF 50mm f/1.8 STM од Canon е извонреден примарен објектив со кој може да експериментирате. Еквивалент за оние кои користат фотоапарат за целосна слика без огледало од Canon би бил објективот
RF 50mm F1.8 STM од Canon.