Постојат многубројни практични апликации од Canon што овозможуваат полесно и позабавно фотографирање, учење и споделување.
Ако имате фотоапарат со Wi-Fi, тогаш може да ја користите бесплатната апликација Canon Camera Connect за далечинска контрола на фотоапаратот преку уред со Android или iOS, за да бидете дел од кадарот на сликата и да избегнете тресење на фотоапаратот. Кога фотоапаратот е поставен на статив може директно да комуницирате со бебето и да го следите приказот во живо од фотоапаратот преку вашиот телефон и да ја активирате блендата во одлучувачките моменти. Апликацијата може да ја користите и за брзо префрлување на фотографиите директно во вашиот телефон за да можете лесно да ги споделите. Дури и некои фотоапарати од основна класа, како што е Canon EOS R100, поддржуваат автоматско префрлување, за да можете да ги прегледувате и споделувате сликите од вашиот мобилен уред, веднаш по фотографирањето! Услугите како image.canon се одлична алтернатива за префрлување и складирање на вашите слики во Cloud заради понатамошна обработка и споделување во подоцнежна фаза.
Апликацијата Canon Photo Companion нуди прилагодени совети и вежби што одговараат на вашиот модел на фотоапарат. Сè што треба да направите е да го изберете вашиот фотоапарат EOS кога тоа ќе биде побарано од вас за да добиете пристап до многубројни видео водичи, инспиративни написи и совети за различни теми, како фотографирање деца, што ќе ви овозможат постојано да ги подобрувате вештините за фотографирање и да учите додека работите.
Ако имате бебе во семејството, земете го фотоапаратот и почнете да ги снимате сите драгоцени моменти, но имајте предвид дека наместо да ги оставите во SD-картичката, треба да ги отпечатите за да бидат покрај вас и постојано да ве потсетуваат на специјалните моменти.
Напишано од Jeff Meyer и Agi Wojcik